Драги пријатели,
Денес сме посебно радосни. Како кога детенце се радува на шеќерна волна. Како кога се радуваме на Сонцето во зимските денови.
Како кога на просјакот ќе му дадете парче леб. Како кога долго не сте се виделе со пријателите и имате можност да ги прегрнете. Како кога кутрето се радува кога ќе му дојде газдата.
После 4 години постоење пред вас е новиот дизајн на CRNOBELO.com – нашиот повод да се радуваме денес.
Потребно ни беше освежување, затоа и се посветивме доволно долго да го добиеме она што го имавме замислено.
Сакавме да ја задржиме едноставноста и прегледноста, но сепак да се модернизираме. Ги истакнавме оние категории на вести кои најмногу сакате да ги читате, ги задржавме постоечките бои, но го поедноставивме логото.
Му благодариме на тимот кој посветено работеше изминативе месеци за да го добиеме овој производ.
Сепак, најважно ни е вашето мислење па ќе ни биде драго да го добиеме вашиот фидбек.
Знаеме дека бевте навикнати на нешто малку поинакво, но сите промени се добредојдени особено ако се во вистинска насока. Веруваме дека ќе продолжиме да бидеме дел од вашето секојдневие.
Ви посакуваме пријатен ден!