Уметност од Кина, Кореја и Јапонија

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Темава не е само за сликарство, но бидејќи нема подфорум уметност, ја отворив тука. Во оваа тема можете да кажете се што знаете за било каква уметност од било кое време која потекнува од овие држави.

Јас ќе започнам со почетоците.

Клучот за разбирање на речиси цела уметност и култура од источна Азија лежи во Кина. И Кореа, и подоцна и Јапонија, потпаднале под неодоливото влијание на нивниот голем сосед кој беше повеќе од илјада години понапред од нив во втемелувањето на цивилизацијата. Ниту Кореа ниту Јапонија не влегле во кинеската орбита се до пред 2000 години, а до тогаш Кина го допираше крајот на долгата бронзена ера, по неверојатна камена доба.
Уметноста најпрво се појавила во источна Азија во средината на третиот милениум пред нашата ера во доцната камена доба. Разноврсните култури кои се појавиле - пред се во Кина - можат да се разликуваат по нивните керамички садови. Археолозите на овие простори разликуваат три главни типови кои се развиле во периодот на Shang културата (1523-1028 п.н.е.).
Првиот тип е прекрасна црвена грнчарија од горниот дел на Жолтата река (пред се Shensi и Kansu) и е карактеризира Yang-shao културата.

chinese20.jpg


Садовите создадени се со рака (понекогаш ги завршувале со споро тркало), обликот е заоблен и најчесто насликани се различни дизајни. Значењето на овие дизајни се нејасни, но повеќето се најверојатно поврзани со култовите за плодност. Грнчаријата на Yang-shao културата е најфината грнчарија некогаш изработена во Неолитот и вештината со која таа е направена ја надминува и онаа во помодерните векови.
Вториот тип од овој период е од долните делови на Жолтата река и од северно-источниот брег (пред се Hopei и Shantung) и се карактеризира со црна или темно кафеава грнчарија со полирана површина.

SuperStock_1788-17200.jpg
42524-004-7415436A.jpg


Телото на грнчаријата најчесто е многу тенка, понекогаш само по 3 cm дебелина, и била вртена на брзо тркало. Оваа култура била позната како Lung-shan од Shantung. Третина од оваа култура е позната како Hsiao-t'un која се наоѓала во близина на An-yang која ќе стане последен главен град на Shang династијата, првата историска династија.

urn.jpg

Трите горенаведени неолитски култури се најмногу сконцентрирани во централните делови на Кина. На југо-источниот дел од Кина се појавува уште еден тип на неолитска грнчарија која е светло сива или кафеава. Многу парчиња имаат геометриски впечатоци што сугерира работа со корпа. Во однос на општиот културен развој, овој дел од државата не бил толку напреднат како деловите кај Жолтата река и неолитските културни пронајдоци токму таму не датираат повеќе од вториот милениум п.н.е.

Од мене ќе следат многу повеќе информаци, по хронолошки редослед. Stay tooned.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Shang луѓето кои ја создадоа првата династија потекнуваат од неолитските луѓе кои ја создадоа Hsiao-t'un културата. Научниците ја датираат оваа династија или од 1751 до 1111 година п.н.е. или од 1523 до 1028 година п.н.е. Ниту една од овие дати не е 100% докажана. Најраниот откриен главен град на Shang луѓето е ново откриеното место Cheng-chou (бил главен град до 1384 година п.н.е. според најновите откритија). Токму тука Shang кинезите ја откриле бронзата. Со овој материјал тие ги создале најубавите бронзени работи кој светот некогаш ги видел.

SuperStock_1788-23451.jpg

Shang луѓето работеле и со коска и жад, а создале и мермерни скулптури. Овие, се создадени со многу помала вештина во споредна со оние од бронза. Владетелите уживале во големи палати и ги закопувале своите блиски во неверојатни подземни комори.

c-anyang2.jpg

Имале флексибилен и развиен систем на пишување i практикувале scapulamancy - пишување (резбање, вдлабнување) на коски. Тоа е вид на дивинација преку која ги прашувале пророците за одговори на важни прашања. Тие ги впишувале прашањата на коските, применувале оган и, според пукнатините кои се појавувале, ги откривале одговорите.
shng-ora.jpg

oraclebones0890949d19c0a91bff80.jpg
7oracleb.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Без двоумење, артистичката слава во оваа доба е работата во бронза - најфината која некој ја произведувал во Бронзената доба. Садови за јадење и готвење, алатки, оружја, додатоци за коњи и персонални орнаменти се пронајдени во Shang гробовите.

axe-head-bronze-shang-dynasty-16th-11th-century-bc-chinese.jpg
d5048018r.jpg

F1930.26a-b.jpg
ps174465_m.jpg
3302557722_9594162a99_z.jpg

Декорациите на овие бронзи, се дводимензионални и линеарни, со животински форми вклучувајќи птици и риби, шеми од корпи и геометриски мотиви. Најкарактеристична декорација е мистериозната маска на монструм која подоцна се нарекува t'ao-t'ieh. Станува збор, за два змеја во профил, кои се многу блиску соочени, кои формираат нешто што можеби е маска.
tao-tieh2.jpg

1139.jpg
Оваа маска ја има во Cheng-shou. Подозна бронзата на Any-yang содржи елементи кои најчесто се поставени на позадина од детални спирали. Крајниот исход на овој стил е лавиринт од цврсти, речиси застрашувачки карактеристики кои како да ќе експлоадираат од деликатната површина.
vavino.jpg
b00qsvj7_640_360.jpg

a_rare_large_ritual_bronze_wine_vessel_and_a_cover_hu_middle_western_z_d5476928h.jpg
Shang објектите од жад се малку попримитивни. Chou резбарите резбале многу комплицирани објекти, најчесто церемонијални и декоративни.

warringstates1.jpg
7329307_1_l.jpg
h2_1976.297.2.jpg

Каква е легацијата од овие две до три илјади години? Прво, од артистички поглед, кинезите ги открија и ги експлоатираа многу од материјалите и техниките преку кои подоцна даваа изобилство на експресија. Уметноста стана почитувана како службеник на божественоста и оттука се појави потребата да се поседува вештина за резба. Репертоар на форми, од кои некои успеаа да опстанат и до ден денес, беа креирани. Од филозофски поглед, двата основни кинески става за мислата, се манифестираа како Конфучијанизам и Таоизам, кои беа прв пат дефинирани. Едниот е рационален, објективен и традиционално сакање. а другиот е ирационален, мистичен и нестандарден. Интеракцијата на овие два контрадикторни начини на мислење го креираа поголемиот дел на кинеската, а поради тоа, и на источната азијска уметност.

Нареден пат, првата кинеска империја и почетоците на кореанската и јапонската култура. (wave)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Со создавање на Империјата Хан, Кина за првпат станала светска сила. Овој период е полн со самодоверба и авантура. Светот кој Кинезите го познавале се проширил на сите насоки. Гласината за постоење на Индиски будизам, кој подоцна влијаел врз цела кинеска култура, најпрво пристигнала во Кина. Во далечниот источен дел од Азија, уште една голема империја, онаа на Рим, цветала и пружала маркет за кинеска свила, маркет кој кинезите го снабдувале низ цела средна Азија. Авантуристичките рации на Кинескиот Ѕид ги неутрализирале традицоналните непријатели на Кина, секогаш будните и завидливи номади на северните рамнини.

Без двоума, комплетно нов дух се внесе во Хан уметноста. Бавната мистерија од раната бронзена ера сега целосно исчезна и местото го завзема уметноста на човекот и неговиот природен свет и неговото општество. Модата почна да игра голема улога и за првпат можеме да ги споделиме емоциите на оваа далечна цивилизација.

Woven_silk,_Western_Han_Dynasty.jpg


Уметноста на оваа цивилизација стана универзална. Бронзените ритуални садови продолжиле да се создаваат, но во многу мал број. Бронзата ја користеле за создавање на монети, тапани и оружје, но мајсторите ја чувале својата највешта техника за бронзени огледала чии грбови имале најразновидни декорации.
Некои огледала имаат комплицирани и многу имагинативни дизајни базирани на мотиви на животни, а некои имаат митолошки мотиви превземени од натприродните верувања на Хан културата.

74dde8b2d3.jpg
577.1993%23%23S.jpg
67953659.jpg


Бронзата била ретка, тешка за работење и најскапа. Поради тоа, често во гробовите грнчарските садови ги заменувале бронзените. Најчестиот тип на Хан керамика е црвениот или сиво-земјениот и има темно-зелен одсјај кој се добива како иридесценција после закоп, исто како што бронзата добива атрактивна патина. Садовите имале едноставен изглед и сложеноста на бронзениот изглед била измазнета. Кинескиот дар за концентрација и префинетост на формата на керамиката бил развиен во овој период. Во голем број на Хан гробовите откриени низ цела Кина пронајдени се покрај простите садови, исто така и голем опсег на посложени предмети. Гробовите содржат модели на градби, од кои некои имаат изглед на прости обични соби, а некои пак на цели згради со повеќе спратови.

A-GREEN-GLAZED-POTTERY-HU-VASE%EF%BC%8CHAN-DYNASTY-206-BC-AD-220.jpg
h2_1984.397.jpg
card-3880453-front.jpg
220px-Pottery_tower_6a.JPG