Tibicos (воден кефир)

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Водниот кефир уште познат како јапонски кристали е еден вид на кефирна габа. Има слични својства со комбухата, но е многу поедноставен за одржување и одзема помалку време (нешто како млечниот кефир).
Ова е лековита и благотворна материја која се размножува, така што не се продава, туку се подарува од човек на човек.
Незнам колку од вас се запознаени со оваа габа, но познато е дека многу помага и за нормализирање на крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го зголемува имунитетот, а и ги намалува ризиците за канцерогени заболувања. Воедно помага и при алергии, а докажано ја регулира телесната тежина.
Начин на приготвување:
За тегла со волумен од 1 литар потребни се:
* 3-4 кафени лажички кефир
* литар вода
* 2 (големи) лажици шеќер
* 20-ина зрна суво грозје (може и суви смокви/кајсии да се ставаат,но не смее да се става свежо овошје)
* Опционално може и парче од лимон да се стави за нормализирање на pH вредноста на напитокот.

amxu1k.jpg


Теглата треба да стои минимум 24 часа на собна температура за да може доволно да ферментира напитокот. После изминување на 24 часа течноста се пие или се чува во шише во фрижидер, па во теглата повторно се додава вода, шеќер и суво овошје за следниот ден. Доколку не се стави шеќер во водата, габите ќе умрат. Исто треба да се внимава со лажиците (кристалите не треба да дојдат во контакт со метал, па затоа пожелно е користење на пластични лажици) и водата која се става во теглата пожелно е да биде дестилирана (да нема хлор во неа).
Истотака капачето од теглата треба да биде малку поотворено, за кефирот да дише.

Од течноста се пие секој ден неопределено количество.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Чувавме едно време дома, мајка ми го правеше во голема тегла, му додаваше вода, шеќер и многу сецкани лимони, го оставаше на собна температура, на светло - покрај прозор.
Откако кефирот ќе беше готов, се цедеше и го пиевме, имаше киселкав вкус, налик шира.
Кефирот се размножуваше со секое ново правење, дадовме кај што можевме, останатото го истуравме. Со тек на време и нас интересот ни падна, па скрос го откачивме.
Сега го сакам назад. :giggle
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Комбуха сум чувал и сум се покајал,а кефиров знам човек што го чуваше ама не сум сигурен дали има уште да ми даде да пробам и јас малце со него.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Денес почнав да пијам и премногу се надевам на добри резултати поврзани со имунитетот. Малце е кисел, но во секој случај не е страшен за пиење. Наликува на лимонада. За жал, само една тегла ми подарија, така да веднаш летна оваа тура. Но, ставивме дома нова со овие кристали кои малце се размножија. Кај и да е, ќе направиме 2/3 одеднаш. :zelen

Ако некој знае подетални информации како и за што кефирот делува позитивно, нека пише.

П.С. Прв пат ја гледам темава, за малце ќе отворев дупла. :D
 

Meri77

Нов член
29 март 2013
2
0
1
34
Денес почнав да пијам и премногу се надевам на добри резултати поврзани со имунитетот. Малце е кисел, но во секој случај не е страшен за пиење. Наликува на лимонада. За жал, само една тегла ми подарија, така да веднаш летна оваа тура. Но, ставивме дома нова со овие кристали кои малце се размножија. Кај и да е, ќе направиме 2/3 одеднаш. :zelen

Ако некој знае подетални информации како и за што кефирот делува позитивно, нека пише.

П.С. Прв пат ја гледам темава, за малце ќе отворев дупла. :D


Случајно да не ти се имаат размножено? Јас барам веќе некое време не можам да најдам. Ако треба и ќе ти ги купам...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Случајно да не ти се имаат размножено? Јас барам веќе некое време не можам да најдам. Ако треба и ќе ти ги купам...

Па ништо посебно, сега за сега имам 2 тегли. Не знам дали не се размножуваат зошто веднаш го пиеме кефирот и веднаш ставаме нова вода и се, па некако само се вртат во круг. Или можеби е потребно време, не знам.
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Еве денес ќе почнам со Кефиров па ќе видиме како ќе иде(y)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет.Од таа причина, кефирот најдобро е да го подготвите во домашни услови.
Kefirpilze-300x198.jpg

“Кефир”, е пробиотски млечен производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ.
Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната.Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста.
Историја
Жителите на Кавказ, за кои се верува дека виталноста и долговечноста ја должат токму на секојдневното уживање на овој лековит напиток, со векови љубоморно ја чувале тајната за подготовката на кефир. Всушност, се до моментот кога во приказната се вплеткала љубовта.
За жал, несреќната љубов – барем за едниот учесник во приказната, принцот Beg – Mirza Barchorov. Со почеток на 20-ти век преубавата Русинка Irina Sakharova одлучила да го посети во Кисловодск, град на север на Кавказ, со намисла да го заведе и да измами од него неколку скапоцени зрнца за подготовка на кефир. Првиот дел од планот во целост успеал, но не и вториот, бидејки вљубениот принц стравувајки од казна за кршење на верски закон, одбил да и ја исполни желбата на Ирина, после што разочараната убавица со незавршена работа се вратила назад.
kefir1.jpg
Но принцот немал намера да и дозволи да се оддалечи, па во склад со локалниот обичај, наредил киднапирање на невестата. Сепак, свадбата пропаднала откако придружбата на Ирина го известила царот за скандалозната намисла на принцот. Огорчен од постапката на принцот, царот му наредил навредата нанесена на Ирина да ја исправи така што ќе и подари филџан со зрнца за подготовка на кефир.
И така почнало.
Оттогаш па натаму, кефирот постепено се проширил по цел свет, а со тек на време многимина се увериле во неговите лековити својства.
Лековити својства на кефирот
Тој вкусен и освежителен киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.
Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување.

Исто така, постои и т.н воден кефир, познат како јапонски кристали. Тој е еден вид на кефирна габа. Има слични својства со комбухата, но е многу поедноставен за одржување (нешто како млечниот кефир). Многу помага за нормализирање на крвниот притисок, холестеролот, нивото на шеќер во крвта, го зголемува имунитетот, а ги намалува ризиците за канцерогени заболувања
Редовно конзумирање на кефир…
- го јакне имунитетот
- го чисти организмот од токсини
- помага во воспоставување на нормален крвен притисок
- го намалува нивото на холестерол
- помага при болести на желудник.

kefir5-300x223.jpg

- ја обновува флората и ги ублажува цревните болести
- помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка
- лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик )
- помага при слабокрвност и слаба циркулација
- лекува респираторни заболувања
- помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем
- делува против габички и бактерии- го успорува ширењето на канцерогените клетки
- помага кај астма и алергии
Исто така содржи многу пробиотици или т.н добри бактерии кои се многу важни за дигестивниот тракт како на пример:
Lactobacillus Caucasus,
Leuconostoc,
Streptococcus,
Acetobacter,
И неколку благотворни квасци како Saccharomyces и Torula kefir.
Подготвување на кефир
Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет. најдобро е да го подготвите во домашни услови.
images-300x199.jpg

Начинот на подготовка е многу едноставен. Потребно е само млеко и печурки, односно зрнца од кефир. Традиционално, за подготовка на кефир не се користат метални садови и лажици, бидејки може да го уништат лековитото дејство на напитокот.
За пола литар на кефир е потребно две лажици од зрнца и било какво млеко ( кравјо, овчо, козјо ).Млекото може да биде варено или не, но не смее да биде врело. Се препорачува млекото да не содржи помалку од 2,8% маснотии – колку е содржината на маснотии во млекото поголема, кефирот е подобар.
Постапка
Млекото се става во стаклен или пластичен сад и се ставаат зрнцата. Се поклопува ( на пример со тањир ), и се остава на собна температура 24 часа. Температурата во просторијата не смее да биде повисока од 30 степени. Во рок од 24 часа течноста ќе се згусне. Може повремено да се промеша поради проверка на густината.После тоа, треба да се процеди кефирот ( се препорачува да се користи пластична цедалка ), да се прелие во шише и да се чува во фрижидер.
Печурката на кефирот треба да се измие со ладна или млака вода и ден – два ( до следната употреба ) да се остави во фрижидер, во ладна вода или млеко. Зрнцата од кефир многу брзо ќе се намножат, што ќе овозможи добивање на поголема количина на напиток. Количината на млеко за подготвување на кефир се зголемува сразмерно на количината на зрнца.
Напитокот за цел на одржување на здравјето и виталноста може да го пиете секојдневно.
Се препорачува да се започне со 1 дцл и постепено да се зголемува количината. За тераписки цели пијте еден литар кефир дневно.
Каде да ја набавите печурката на кефирот
За жал печурката не можете да ја набавите во трговија. Може да ја набавите од некој кој веќе ја има. Таа брзо се размножува, па не е проблем да се подели со други

Превземено ми е од МК NEWS
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and MissChievous