The Dark Knight Rises

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
После 8 години откако Two Face починал, се појавува нов криминалец во градот. Бејн. Новиот криминал-лидер во градот. Црниот витез треба да го сопре.
Еден од најтешките негативци на Бетмен до сега.

Режисер: Кристофер Нолан
Улоги: Кристијан Бејл, Гери Олдман, Џозеф-Гордон Левит, Ен Хатевеј

Еве го и официјалниот трејлер:


Штета што филмот нема да биде во 3Д. Премиера ќе има ова лето. Па...што мислите за филмов?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marijanela and Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Топ филм ке биде ...едвај чекам :)

Јас одма на премиерата одам во Бугарија да го гледам. Зошто кај нас ако го чекаме и ќе го дочекаме. :rofl Па би платил и 50 евра за овој филм.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мислам дека многу тешко ќе му биде против Бејн. Дури Бејн ќе го "скрши" на Бетмен. Па после Бетмен ќе му се врати и ќе му ја скрши кичмата. :D
Иначе еден од најтешките противници до сега на Бетмен. Јако ќе биде. :skull
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
И покрај трагичниот настан кој се случи во Денвер, „The Dark Knight Rises“ викендов се најде на врвот на бокс-офисот со заработени 161 милиони долари. Со тоа, последниот дел од сагата на Бетмен стигна на третото место по заработка на сите времиња во првиот викенд од прикажувањето.
dark-knight-rises-na-vrvot-na-boks-ofisot-93751.jpg

Warner Bros одби да ја објави заработката веднаш, како почит кон семејствата на жртвите кои загинаа во Денвер. Но, вчера попладне излегоа официјалните бројки и нивниот филм очекувано се најде на врвот.
Сепак, Warner Bros имаше и поголеми очекувања од заработката. Според нивните проценки, филмот требаше да заработи околу 195 милиони долари, но тоа не се случи заради стравот кој завладеа по пукањето на премиерата во Денвер.
Целосниот изглед на листата на бокс-офисот за викендов изгледа вака:
„The Dark Knight Rises“, 161 мил. долари
„Ice Age: Continental Drift“, 20 мил. долари
„The Amazing Spider-Man“, 11 мил.долари
„Ted“ 10 мил. долари
„Brave“ 6 мил. долари