Ова е израз кој се користи за игри кои се играат со карти специјално дизајнирани за одредени игри. Игрите се најчесто стратешки,налик на шахот,се играат најчесто со 2 играчи,понекогаш и повеќе. Верувам на повеќето добро позната игра со карти е онаа по истоимениот цртан Yu-Gi-Oh! што е малку подетска. Ваквите игри со карти овозможуваат голема разноликост на играта затоа што шпилот со кој ќе играте го креирате сами,купувајќи карти,booster пакувања и шпилови. Освен Yu-Gi-Oh!,најактуелната игра во светот моментално е Magic:The Gathering,која од сите вакви игри доживеа најголема слава,а воедно и најстарата(1993 година навака),останати игри кои исто така се играат често се Duel Masters,World of Warcraft TCG(по истоимената компјутерска игра),Cardfight Vanguard,Redakai,Pokemon и така натаму. Кај нас има само една продавница што продава вакви карти,се вика Гоблин и се наоѓа во Буњаковец,на првиот кат. Се одржуваат турнири во 3 игри,Magic,The Gathering,WoW TCG и Yu-Gi-Oh!
Еве како изгледаат некои од тие карти.
Magic:The Gathering:
Yu-Gi-Oh!:
World of Warcraft TCG:
Освен за играње,дел од картите имаат голема колекционерска вредност заради нивната реткост,на нет постојат многу луѓе што купуваат цели кутии со карти заради тие ретки карти во нив.
И,кое е вашето мислење за нив,како ви изгледаат,дали би играле за забава или можеби и професионално?