Tривијално лицемерие

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Дали тривијалноста на непресушни џебови со мирис на пари плаќаат изобилство на кичерај и лицемерие?!​
Колку е плитко нашето лицемерие и колку често го користиме за да се реализираме?​
Секогаш сум се прашувала зошто е "грандиозна атмосферата" во скопски дискотеки, исполнети од деца со погледи на старци.​
Зошто луѓето го сметаат шундот за склониште на живи трупови чии души се осакатени од преголема конзумација на алкохол - причина заради која се најдов таму.​
Моето присуство внимателно ја следеше ноќта полна со вештачки хаос од каприци, скапа шминка и пола испиено виски, со хостеси и промоција на скапи производи, низ толпа "млади старци" и девојки кои раздаваат бакнежи како флаери на познати фаци. Моментот на блинг - блинг со самоисполнување на краткотрајна слава од брз секс е нивно животно достигнување, до отрезнувачко утро, попладне со сиромашна анализа и реприза за наредна вечер.
Од моја перспектива таквото однесување е патетично, но некому буквално претставува животна сатисфакција седењето сo "шефови" и останата багра низ Скопје.

Мојата брутална критичност и исмевање на морално пропаднати вечери, ја прекинаа двајца, кои со нивните интимни моменти измешани со здивот од цигари и српска музика во позадина, направија да не постојат Бентли автомобили, мобилни телефони од 500 евра, бакшиши на полупознат кафански пејач и ефтини wanabe орос*ичиња, кои од дома не ги знаат дека излегле полуголи низ толпа волци жедни за млада крв. Токму тие двајца низ целиот тој хаос на таквото тривијално лицемерие, покажаа дека тривијалноста може да е бистра, но не секогаш лицемерна. Дека вечерта е износена доволно, за да биде видена уште толку.
Двајцата се "восхитуваа" на глупостите. Се восхитуваа на стотина луѓе кои водејќи се по нагонот, прават секакви компромиси за да остварат посакувана цел. Дали тоа ќе биде секс, бесплатна пијачка или разменување на број, зависи од внесен алкохол, должина на минич и имање "педигре".

Се прашувате во што се поразлични овие двајца?

Прво се невообичаена двојка, чиј осми март е одбележан со носење на пица и книга, наспроти купени ружи од продавачка во ресторан.
Наспроти богати контиња со пари од нивни родители, лихвари и обезбедување на VIP личности, кои се надевам брзо ќе заминат во историја на време кога другарки во една вечер разменуват двајца другари, а особено кога за фенси места се сметаат погоре опишаните прчвари.

Јасно ми е дека текстот ќе биде разгледан од повеќе аспекти. Сигурно е дека некој ќе суди, друг ќе се препознае, трет ќе се фрустрира. Да знаете дека ќе ми задева грижа исто кога комарец ќе ме касне во март.
Живеењето во нивниот имагинарно-перфектен свет на запотени кошули и 6000 денари во џеб е доволно плиток, но "бистар" за лесно вклопување.
Лесно е да стапнеш во него, да се оладиш и да излезеш бидејќи си свесен дека другата лента на умерена брзина од автопат е повеќе сигурна од "брзото возење на филм" за лична песпектива.

Го завршувам текстов со реченица посветена на Наполеон Бонапарта. За него познатите писатели рекле - "Животот го сфатил како судбина и влегол во историјата".
Јас не претендирам да влезам во историјата. Не на ваков начин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Praetorian