Sony (Ericsson) | Црнобело Форум

Sony (Ericsson)

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
Сони Ериксон (англиски:Sony Ericsson) е заедничка компанија основана во 2001. од страна на јапонската компанијa за производство на електроника - Сони и шведската компанија од областа на телекомуникациите - Ериксон.



искрено сакам да напраавиме дискусија за Xperia моделите.......што мислите за нив....дали би сакале еден....и дали би им ги препорачале на пријател
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,689
3,869
1,183
Си можел бар линковите да ги тргнеш од Википедиа :)
Како и да е .. Иксперијата .. задоволен сум од неа, прилично добро се покажа, па би ја препорачал на секој еден.
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Многу долго време имав Sony Ericsson W810i и беше (и сеуште е) добар телефон. Го имав над четири години (до пред да започне летово) и сеуште си работеше како нов, иако копчињата му беа излижани, екранот му беше пукнат, имаше неколку дупчиња и батеријата му паѓаше често бидејќи си играв и си го лизгав капакот. А не можам ни да набројам колку пати ми имаше паднато.


Другарка имаше Sony Ericsson Satio кој беше многу добар. Во глобала мислам дека SE имаат добри телефони. Истотака повеќе луѓе имаат Sony Ericsson Xperia Mini, или барем мислам дека е тој, и прилично се задоволни со него.

 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,872
1,123
Имам еден Sony Ericsson w705 и задоволна сум ама батеријата почна нешто да ме зае*ава сега..и мене и на сестра ми.
Сепак општо кажано добри телефони се.
Ама таа Иксперијата ич не ми го прави ќејфот, некако многу чуден телефон ми е тој.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
24
Куманово
Фан сам на Нокиа телефони, али моментално најдоби су од СЕ. Добри телефончиња су Иксперија само батерија некопут знае да заебава и тој само, овакој скроз ок телефони су. Едино малце е тешко да се снајдеш али за 1-2 недеље научиш све на њега и све умеш да најдеш што ти треба. Ја иам Иксперија Реј и задовољан сам, само што е сг на поправку нешто телефон гу зеза батерију поторши гу за 3-4 сата и искључи се телефон и после не се укључуе.
 

ThyInfernium

Полноправен Член
29 август 2012
43
44
18
33
Јас користев до пред 3 месеци Xperia X10 mini и покрај тоа што тоа е мини телефон, јас бев презадоволен од неговата функционалност. Малку ми беше тешко првите ден/два додека се навикнам на толку мал touchscreen, ама ништо страшно, од Sony Ericsson се потрудиле да биде се како што треба. Така да кој сака да си купи некој од моделите од Xperia, сите освен X8-цата се стварно погодени телефончиња :)
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
28
Досега имав само 2 телефона, првиот Sony Ericsson T290i кога на времето да си фраер значеше да имаш мобилен со екран во боја


и сега ја имам Xperia осмицата


Прилично сум задоволен од неа ако ја земеме во предвид цената и останатите телефони на тач скрин кои можат да се набават по истата. Можам да забележам и дека мобилката не е од оние премногу осетливите, досега ми има паднато неколкупати ( секако од височина помала од метар) и освен незабележителни гребнатини нема ништо. Тачот е лесен за користење и функционален, си има wi-fi , си ставив и 2 гига мемориска , неколку интересни апликации и друго не ми ни треба.
Единствена замерка можам да дадам за камерата, 3.2 мегапиксели , нема блиц и е малце тешко да извадиш добра слика ама океј, неможе се во едно да биде за тие пари.
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
26
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Јас имав еднаш еден сони ериксон,и воопшто не сум задоволна,батеријата беше слаба,и по 2 месеци употреба екранот му цркна,и неколку пати го поправав ама ништо (think)
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,271
9,113
1,683
Досега сум имал два телефони од оваа фирма:
Sony Ericsson k310i и моментално Sony Xperia Tipo.
Презадоволен бев од к310и. Издржа долго време, го полнев на невообичаен начин, сеуште е функционален освен некои мали дефекти (џојстик копчето за надолу откажува послушност) и зарѓаните плочки на спојот за полнење :)
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,689
3,869
1,183
Досега сум имал два телефони од оваа фирма:
Sony Ericsson k310i и моментално Sony Xperia Tipo.
Презадоволен бев од к310и. Издржа долго време, го полнев на невообичаен начин, сеуште е функционален освен некои мали дефекти (џојстик копчето за надолу откажува послушност) и зарѓаните плочки на спојот за полнење :)
Јас имав K510i .. кога откажа џојстикот .. му направив малце селф мејд).

Инаку од сони сум имал К510и и С312, од кој не бев задоволен, превише Sagem платформа имаше.
Сеа за сеа икспериите им се супер. Поготово Х8