Psy Trance Music, Art & Philosophy | Црнобело Форум

Psy Trance Music, Art & Philosophy

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Има многу за кажување на ова поле, но ќе се обидам да ги издвојам најзначајните работи, па како иде, ќе се надополнуваме. Најпрво, да ве запознаам со мојата страст - транс музиката. Не сум со долг стаж во ова, околу 6 години само, додека израснав со гитарски звук ,рап музика и слични “чудни“ ствари за повеќето.

Историја
Транс музиката, фактички е најстарата музика, односно првата музика што се појавува откако е настанато човештвото. Пред некој да праша како е можно, морам да го посочам фактот дека, денес се прави транс музика исклучиво електронски, односно 90 % од артистите на оваа музика ја прават електронски, поради што им овозможува да постигнт еден куп сакани ефекти. Првата форма на трансот, е на ударни инструменти, кога го користеле за некои религиозни танци, или свечености, кај племињата, па ритмично се удира по тапани, дрва и што ќе им се најде на патот, и се добивало одреден ритам, со кој полека се влегува во транс...
Денес, сеуште постојат, но сепак се поретки бендовите кои прават трнас музика исклучиво на инструменти.Да не речам реткост се, иако за тоа треба голема прецизност и добар музичар да се биди.




Музика
Музиката денес што ја нарекуваме, ТРАНС е претежно електронска. Има повеќе видови,подвидови, стилови како сакате наречетеги, се разликуваат еден од друг по ритамот, ефектите, мелодијата, агресивноста итн.
Познати сe Goa Trance, Psy-Trance, Euro Trance Full On Trance и има еден тон други али ни јас не ги разликувам многу, овие што ги кажав погоре, ги знам слушам и разликувам:)
Музиката е претежно на ритам сведена, а во ритамот влагаат и ефекти, понекогаш мелодија, или рефрен, зависно од тоа диџејот каква креативност има и што сака да изрази. Мелодиите, поточно рефрените идат во по-комерцијалниот транс, кој е далеку по мек и поприфатлив за сечие уво, додека пак кај Psy-Tрансот има побрз и пожесток ритам, поектремни ефекти, но сепак, не треба да се плука по ниеден стил, секој си има своја намена и своја публика.



Денешната транс музика


Уметност
Уметноста во случајов сликањето претставува еден вид на пораки пренесени преку слика. Во psy уметноста, како мојот аватар и повеќето што ќе ги гледате наскоро ако сме живи здрави, преовладуаат боите. Силни, јасни бои, претежно боите на аура на чакрите, разно разни слики нормално со изразит колорит нацртани божества,фигури или било што. Не можам да дадам конкретна дефиниција, но од сликата најдобро може да се заклучи:












Филозофија

Како и секоја музика, така и трансот си носи своја филозофија. Додека, рок легендите од 80те пееја за љубовта,сексот, џоинтот и мир во светот, додека Дет-метал бендовите пеат за џигери,сатани,црева,анални отвори и други човечки делови, како дел од својата филозофија, трансот ја зема езотеријата. Буквално скоро секоја езотерична наука, почнувајќи од кабала, астрологија,хиндуизам,будизам, филозофии за постанок на човештво, вонземјани и ред други мистични работи. Претежно тоа е филозофијата, иако некој на прв поглед би рекол, зошто текстот на песната има таков-и-таков наслов кога цело време е музика.Артистот , преку музиката го изразува она што го напишал како име на песната, така да ви треба повеќе слушање за да се сфатат , овие за повеќето несфатливи работи.


Hindus believe all the things and beings have their own frequency which originated at the time of big Bang and the first frequency which everything is started and created from is Om, the sacred word in Hinduism and Buddhism.
Om sound frequency is the creator of all frequencies which influenced the Psy Trance music widely. The music that came to bring people to resonate together in the same frequency and feel the oneness in their higher level of consciousness.
The reason for the uniqueness of Psy Trance is the spiritual component attached to it that carries out very important messages and insights for humanity in its core.
In recent years Psy Trance passed all the barriers and almost found its place and became the motivation for a Psy trance tribal movement which knows no borders, boundary or limitations and spread all around the world.
Psy Trance parties bring people together all around the world that they finally recognize they’re actually one and how powerful they can be if they resonate on the same frequency and love their true selves consciously without pre-judging others.
Trance – dance experience is the Ancient Tribal Ritual for the 21th century.
Einstein once said “The most beautiful thing we can experience is the mysterious. It is the source of all true art and science. ”
Read more:
Psy Trance Philosophy





 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Лично јас и не слушам толку psy-trance, ама посебно ми се свиѓа и нејзината филозофија и УМЕТНОСТА. Толку ме фасцинира тоа! (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Podem

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,878
973
...ја слушам транз од девеес девету : ) и тој мноо!!! транз што га иам у глау ме тера па повише транз, на још, на још......
ако сакате поише да се едуцирате за транз глеајте ги овија документарке:
,
там збориф за транз почетоци, за културу, за псајкоделик лајф : )
namaste~
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,878
973
.....у Јапан :D, ти сакаш прогресиф океј , ја сакам форест псу груви, има повише подстилови, ,мешање на сфакакви врсте, мелез транз : ) еве ти нешто ја што сакам, мастерпис у транз(за мене и за мноо трансери) DERANGO ,најјаки у псајкоделик твистед форест, најобемни ефекти од било кога у овј правац на музику....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,878
973
Потсеќа на еден артист што го имам слушано Penta.
никита целовалникоф ака пента , ск праи и хауз под проект што се вика азорски : )
иам ги сфи албуми од пенту,бија сам на журку у белви пред едно уффф мноо године, по потекло русин а живи у сан франциско, овај ми е фејврит од њега...