Pinterest

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Pinterest е сајт кој овозможува да ги организираме и споделуваме сите убави нешта кои ги наоѓаме на интернет. Членовите користат табли со кои ја планираат својата свадба, ги декорираат своите домови, ги организираат своите омилени рецепти.

Најдобро од се, е тоа што можеш да разгледуваш табли креирани од други луѓе. Разгледувањето е забавен начин да откриеш нови работи и да добиеш инспирација од луѓе кои ги споделуваат нивните интереси.

Можеш да креираш нови табли и да ги именуваш со одредена област, и таму да ги закачуваш сликите со соодветната тематика. Вака изгледа еден профил:


На овој сајт, можеш да добиеш инспирација за декорирање на домот, за нов стил на облека, за интересни рецепти, за препораки за книги и филмови, за прекрасни дестинации во светот...


Главната цел на Pinterest е да се направи конекција помеѓу сите во светот, преку "работите" кои ги наоѓаат интересни. Со милиони пинови закачени секоја недела, Pinterest ги спојува луѓето насекаде во светот, врз основа на заедничкиот вкус и интерес.

Дали сте член на Pinterest и какво е вашето искуство со овој сајт? Доколку не сте, дали би станале?
Како ви се допаѓа овој сајт?
Дали добивате идеи и поуки од прикачени работи?
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Интересен е сајтот, член сум подолго време и ми се допаѓа замислата иако не го користам многу. Ќе проверам понекогаш што има или ќе закачам некој пин шо ми се чини интересeн. Повеќе е феминистички сајтот, претрупан со ташни и штикли на мојата почетна, кај вас не знам како е :D
 
  • Like
Реакции: DarkPassenger

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,048
6,666
1,153
Big Sur
Мислам дека имав порано акаунт на чудово, ама никако не ми беше јасно.
Уствари сега гледам колку е едноставно. :D
Си направив ново. Ме густа.
Едит: Заразно е ептен.
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Многу ми изгледа средено, а мене вака ко перфекционист, како што сакам све да ми е под конец... добро би ми дошол акаунт тука. Со месеци се токмам да направам, ама никако да бидне и тоа... Ај сеа и онака ми е предосадно, ќе направам да видам шо е како е.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Тие што имате Pinterest профил, како ви се допаѓа новата промена? Мене лично ептен ми се свиѓа, особено категориите што се додадени до Search-от. Исто така, таблите и пиновите се поубаво наредени. Не знам зошто, порано имав околу 120 followers, сега секој ден добивам се повеќе и повеќе, што достигнав до 500. (wasntme)
 
  • Like
Реакции: Gemini

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
454
645
193
31
Неготино
си направив акаунт ама не ми е јасно како функционира чудово:giggleследам луѓе и само тоа го одгатнав досега:)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,626
1,683
Normandy
Си направив и јас акаунт да видам сеа како работи ова. Ми се свиѓа за сега. Л`шти од едноставност и топ прегледност.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
си направив акаунт ама не ми е јасно како функционира чудово:giggleследам луѓе и само тоа го одгатнав досега:)
Еве едно кратко објаснение. :biggrin Имаш табли (boards) и имаш пинови (pins). Можеш да си направиш колку сакаш табли и можеш да закачиш колку сакаш пинови. Таблите ти се категории за пиновите. На пример, Food, Places, Animals, Style, итн. Многу логично, во таблата што ти се вика Food (Храна) ќе прикачуваш пинови со разни јадења, пијалоци, рецепти, итн. Значи, пиновите се слики. Во горниот десен дел од профилот каде што ти е името, стојат опциите. Бираш Add pin за да прикачиш слика. Кога ќе го кликнеш тоа, ти се отвара прозорче каде што правиш копи-пејст на одреден линк (каде што се наоѓа таа слика) и Pinterest ти ги покажува сите слики од тој линк, ти ја одбирааш таа што си сакала да ја закачиш, кликаш на неа, ти се отвара ново прозорче каде што имаш опција во која табла да биде прикачен пинот и место за наслов на пинот. Пример:

Оваа слика сакам да ја закачам - http://www.thefancy.com/things/348255747085175065/Triple-Wrap-Bracelets-by-Helloberry. Правам копи на линкот и потоа правам пејст на линкот во опцијата на прозорчето што ми се отвори кога кликнав Add pin. Автоматски се затвара тоа прозорче зошто Pinterest почнува да ги пребарува сликите и меѓу нив е оваа за алките што сакам да ја прикачам. Кликам на неа и потоа на новото прозорче, бирам категорија Style и на местото за наслов пишувам Triple Wrap Bracelets by Helloberry. За наслов, секако можеш што сакаш да напишеш, на пример: Really cool bracelets.

Кога ќе кликнеш на насловот Pinterest, ти се отвара "главната страна", нешто како News Feeds на fb. Ги гледаш пиновите што ги закачуваат луѓето што ги пратиш и ги гледаш твоите пинови што ти ги закачуваш. Исто така, на левата страна има една вертикална лента каде што гледаш кој што ти like-нал или repined-нал. Постои и таа опција за repin, односно кога ќе кликнеш на нечиј пин има опција Pin it и бираш само категорија и го закачуваш пинот, само што сега на пинот ќе пишува дека си го пре-прикачил од некого. Во горното лево коше над вертикалната лента постојат опции со разни категории кои овозможуваат лесно пребарување на разни пинови. Така, можеш да си најдеш се што те интересира, а доколку бараш нешто конкретно, можеш да го напишеш во Search опцијата и ќе ти ги најде сите пинови поврзани со истото.

Се надевам дека ти помогнав. :biggrin
 
  • Like
Реакции: Saladin and monika88