Oriflame или Avon?

Орифлејм или Авон?


  • Total voters
    70

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Користите ли продукти на Орифлејм или Авон?
Што најчесто? Од кои производи сте задоволни, од кои не?
Која од нив е подобра и во што?

Во однос на козметика јас сум позадоволна од Орифлејм, додека парфемите на Авон ми се незаменливи.
 
  • Like
Реакции: Oriflame and Gemini

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
261
369
63
Производите од Орифлејм се ужасни,само рекламата е добра.
Од Авон користев порани,парфеми и маскара,ама сега се си купувам од парфимерија.
Најчесто прозиводи на Гош или Макс фактор.
 
  • Like
Реакции: МериСелест

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
507
802
693
Па Авон се подобри, според мене. Имаат подобри производи.
Но и јас како Glorry, повеќе купувам од парфимерии, отколку што порачувам.
 
  • Like
Реакции: Glorry

Lily

Староседелец
15 февруари 2012
142
123
1,043
Скопје
Па имам нарачано неколку парфеми и од орифлејм и од авон, а козметика само од парфимерии купувам, така да не можам баш да кажам кои се подобри:)
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
169
171
43
Pust ostrov
Не многу ,меѓутоа ако купувам куповам од Oriflame некој ситници или кога ми треба за некого за подарок , а искрено Avon порано кога почнаа во Македонија купував производи ,ама баш ниту еден продукт не беше како што треба
 
  • Like
Реакции: Oriflame

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,279
3,528
443
Скопје
Авон....најчесто особено купките, но и кармини,сјајчиња(од тие за испакнување на усни) кармини,парфеми,креми за раце,камена пудра.
 
  • Like
Реакции: red_rose

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
352
405
363
Skopje
Орифлејм имаат добри тоалетни води и креми за тело и добри маскари што долго време траат, Авон имаат добри препарати за коса, тоалетни води исто така и сенки за очи, течни и камени пудри, маскарите воопшто не ми се допаѓаат од Авон затоа што брзо се сушат.
 
  • Like
Реакции: Oriflame

Зумбула

Истакнат Член
20 февруари 2012
56
54
318
Го избирам Авон, иако користам и дел од производите на Орифлејм. Сепак квалитетот на Авон е повисок од Орифлејм и цените се попристојни.
Парфеми, гелови, пилинзи и лосиони за тело со убави свежи, слатки и овошни мириси, серум за суви врвови и цела козметика за коса од Advance Techniques, доста трајна шминка, особено сјаеви за усни, кармини, маскари. Накитот и ташните им се убави, но цените се искрено соленки.
За кремови за лице не им верувам ни на едните ни на другите, не си дозволувам такви луксузи.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
298
230
1,043
Ако бирам меѓу овие две марки тогаш би рекла АВОН али многу ретко порачувам, се разликуваат нијансите на шминките од тие на сликата, друго е во парфимерија има тестери ке си пробаш што ти одговара. Посебно сум разочарана од лаковите на АВОН, ми ги испофалија претставниците па ајде си порачав, се лакирав и од коа се избањав ми падна цела боја.