One оператор

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
07062013145054_%D0%BE%D0%BD%D0%B5.jpg





Гледам тема нема за операториве посебно,па нека служи за објавување новости,дискусии поплаки и пофалби,во врска за ONE. Ќе направиме посебни теми и за останатите. Јас од One имам припејд број џабест,околу два месеца,али постојано за време на разговор се осеќа крцкање,сецкање некој чуден звук,испрекинати зборови од страна на соговорникот,ама буквално исто како што сум мачел маки со VIP додека имав претплата од нив.
Некој од вас се соочил со овие проблеми на ONE?
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Проблемот може да биде од:
1.Мобилниот апарат (пробај смени го и види дали истиот проблем ќе го имаш)
2.Провери дали мрежата ти е подесена на автоматско бирање.(ако е само на 3г можно е да имаш проблем на одредени места)
3.Ако на истата локација има повеќе корисници кој имаат исти проблем може да пријавите да се интервенира на базните станици.

Види провери нешто од ова,па пиши. :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Мене ме интересира дали други корисници го имаат искусено истиот проблем,со сецкање прекинување во разговорот,ехо и слични непријатности.Инаку,пробано со повеќе моб. телефони истиот проблем се јавува.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Не,го немам тој проблем,ниту на припеид ниту поспеид.
Во ваков случај битна е локацијата.
Јас во Ресен немам проблем.
Освен кога патувам кон Скопје по патот на некој места немам мрежа,но бидејќи местото се води како рурална средина каде нема доволен број на жители,џабе е да се пријави.:(
А ти кога стоиш или кога се возиш имаш таков проблем?
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Н
А ти кога стоиш или кога се возиш имаш таков проблем?

Без разлика на местоположбата дали стојам седам или сум потпрен на ѕид редовно го имам проблемот:) Од ONE си добив многу коректен одговор : Ами имаш ѕвонето на 078, слаба им е мрежата.
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Од нив користам фиксна и нет, припејд број и постпејд број. Со ова и самите можете да заклучите дека сум презадоволен од нивните услуги и не планирам да се враќам на другите оператори сè додека овој се држи добро како што почнаа.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Не дека користам услуги на мобилниве, а богами и на фиксниве оператори. Од аспект на мрежно покривање би рекол дека имаат добра мрежа. Не се како Вип, секогаш кога влезам во фабрика да бидам несдостапен. Никогаш не паднала од цртичка до максимумот. Единствено зашто ен бев корисник до пред три години ан овој оператор беше тоа што пораките не беа ефтини.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Задоволен сум пошто сум на ЏаБест и 95% од другари/ки ми се на истото зборам колку сакам за 100ка месечно и ми останват сите пари пошто не трошам дека сите ми се џабест..Супер е се приклучив на ОНЕ во 2011 дотогаш имав Т-Мобиле ама шо е скапо таму скапо е.