- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Њујорк е најгуст населениот град во САД, и центар на метрополитенската област Њујорк, која е едно од најгусто населените урбани области во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк (New York City), со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел.
Лоциран на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Брукин, Менхетен, Квинс и Стејтн Ајленд. Проценетата населеност на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители, и со површина од 790 km², Њујорк е најгусто населениот голем град во САД. Населението во метрополитанската област Њујорк е исто така во најголем број во државата, со 18,8 милиони во област од 17.400 km². Исто така, и пошироката обаст на Њујорк, која во 2008 година била дом на 22.155 милиони. Њујорк е основан како трговски центар од страна на Холанѓаните во 1624 година. Тогашното гратче било именувано Нов Амстердам се до 1664 година кога колонијата потпадна под контрола на Англија. Њујорк започнува да се смета за главен град на САД во периодот од 1785 се до 1790 година. Градот, како најголем од сите градови во САД, почнува да важи како таков од 1790 година.
Многу области и културни знаменитости во градот се добро познати низ целиот свет. Статуата на слободата поздравувала милиони имигранти кои пристигнувале кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Волстрит во подолен Менхетен, е доминантен финансиски центар од периодот на Втората Светска Војна, и денес е седиште на Њујоршката берза. Градот е дом на некои од највисоките згради во светот.
Њујорк е град во кој се родиле многу културни движења, како што се Харлемската Ренесанса во литературата и визуелната уметност, Апстрактниот експреонизам (исто познат како „Њујоршка школа“) во сликарството, хип-хопот, панкот, салсата, диското и Тин Пан Алеи во музиката, а претставува и дом на Бродвејскиот театар.
Њујорк е претпознатлив меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз, од кои поголемиот број функционираат 24 часови дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители. Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“ Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“.
Што мислите за овој град? Што не/ви се допаѓа за Њујорк? Сте го посетиле ли некогаш? Дали би сакале да живеете во градот што никогаш не спие?