Must-have парчиња облека за секоја жена

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Овде не се работи за летниот тренд кој сега е актуелен, ниту за оној што доаѓа.
Туку, за трендот кој не поминува.
Постојат парчиња облека кои секоја жена мора да ги има во својот плакар, а воедно тие се секогаш модерни.
Кои се тие, според вас??

Јас мислам дека во еден женски плакар мора да го има легендарниот мал црн фустан, црни високи потпетици, пристоен костим (сако и пантолони или сако и сукња), потоа бела класична кошула, фармерки обични не искинати, не фарбани, нормални цевка фармерки, кожна јакна, квалитетни очила за сонце, чанта која може да се носи секаде, мала плик-чанта, и пристојно зимско палто...
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Не сум сигурна дали за секоја жена, но мислам дека следново е добро за девојка на моја возраст :)
54958057922248181_92pawGMC_f.jpg


54958057922236802_YsHliGd8_f.jpg


125819383310089241_th42o1co_f.jpg


165155511304492943_rKIwy5jo_f.jpg


125819383309720878_skIoxwDC_f.jpg
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Според мене бела кошула, обична еднобојна блуза, црно палто и сако, црн или бел капут, црн и бел фустан ама најобичен, црни балетанки, штикли.... :)
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Обични квалитетни фармерки, црни салонки, бела кошула, еднобојна најобична блуза што можи да се вклопи во повеќе комбинации, мало црно фустанче и сако.
 

TheBookaholic

Истакнат Член
13 јуни 2012
34
35
318
Скопје
Парчиња на облека кои задолжително секоја девојка и жена мора да ги има во плакарот се: бела кошула, црно сако, црн капут, фармерки најобични - класика, little black dress, квалитетни чевли (ниски и на висока штикла(на пр. црни салонки)). Тренерки и патики ми се исто must have! Од accessories битно е да има ташна која оди со се, убав часовник, барем една марама и очила за сонце кои одговараат со ликот. Е сега, за останатото мислам дека станува збор за вкус и стил, па кој како сака си комбинира.
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Во последно време задолжителни станааи еден пар штикли во крем или т.н. пудра боја.
Се омбинираат со секоја друга боја, па дури и да имаш измешано 2-3 бои на тебе, а немаш соодветни чевли може овие неутралниве да се искористат.....дури има случаи кога се попрактични и од црна салонка која е класика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Alley3112 and Lady*