Model TV - македонска телевизија за мода

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
11794049_480801072084183_3172300624547082003_o.jpg
Официјално ќе започне со работа, првата специјализирана телевизија за мода, модни трендови и модна култура – Модел ТВ.
Tелевизијата најпрво ќе започне да емитува програма на www.model.mk и ќе функционира како интернет телевизија, за во следниот период да започне и со терестријално емитување во република Македонија. Главниот фокус на телевизијата е да ги следи и обедини модните трендови во Македонија, македонските модни креатори, стилисти и сите луѓе кои работат во модниот бизнис. Модел Тв ќе продуцира емисии во сопствена продукција,ќе изработува едиторијали и фотосесии, како и кратки модни филомови.


Таа ќе ги промовира и прикажува нашите убави македонки и македонци, ќе ги презентира најновите креации на нашите реномирани и потенцијални модни креатори, a воедно ќе ги промовира вредните и квалитетни модни работници – Стилисти, фризери, мејк ап артисти и др. Во фокусот на Модел Тв ќе бидат и познатите музички имиња од земјава и регионот, докажаните и идни театарски и филмски ѕвезди, урбани херои и познати фаци.

Целта е да се обедини модната сцена во Македонија и заедно да го изградиме и подигнеме нивото на модната култура кај нас.
Тимот е составен од млади ентузијасти, познавачи на модата и модните случувања, а веќе безрезервна поддршка има и од сите познати и признати модни дејци од земјата.

Еден прилог од телевизијата за FWSK
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Е сега дури кога ќе се уфилмаат дека се модели/манекенки, тешко нас. :eek
Него, кај да пишам апел секој ден да потсетуваат дека болеро, посебно сатенско, е кич и треба сите да се спалат на куп?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Аркантос

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Мене баш ми се допаѓа болеро. Посебно кога девојка со стомак како камионџија го комбинира со ролка. Топ комбинација.
Македонски артисти... замислете го Боки 13 кога ќе зборува за своите модни додатоци.
Ужас.
Уште ова ни фалеше.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Е дури сега ќе се види што луѓе газат по Македонијава. Мрсули недоносени што сонуваат да бидат познати модели, а врв на кариерата им е насловна у Вест. Стилисти, фризери што мислат дека ако се геј, се добри во тоа што го работат. И кој патем од 2 фризури сметаат дека се такоџе врв. Препукавања на Црнокрак, лигауешката Цаци Пакоуска и еден куп небитни фаци. Ама нека работи телевизијава, нека се чувствуваат и они малце битни. :zelen
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Нека направат Dunavka's show ако сакаат некој да ги гледа.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ова ептен глупо ке биде... во Македонија нема ни ,,м'' од мода, сите што се познати фаци во таа бранша кај нас се тотални непрофесионалци кои немаат капацитет за да мрднат подалеку од државичкава, па затоа од очај отвараат ваков канал тука.
За манекенките да не зборувам... Повекето се исфорсирани, збунети деца на амбициозни родители, а има и такви кои се до толку уфилмани што го помешале манекенството со нешто друго кое ни налик не е поврзано со мода.
Во цела држава не верувам дека има повеќе од десетмина кои што разбираат што значи мода, што значи тренд, што значи манекен/ка, а малкуте професионалци кои што ги имаме се тотално непознати за македонската јавност бидејки не изложуваат тука.