1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

MMORPG

Дискусија во форумот 'Игри' започната од Solstice, 31 јануари 2013.

  1. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    MMORPG(Massively Multiplayer Online Role Playing Games) се онлајн игри во кои превземате улога на одреден карактер во играта,движејќи се низ неа извршувате квестови,собирате искуство(experience) и станувате појаки. Во повеќето MMORPG игри имате по неколку класи на карактери што може да ги играте,најчести се warrior-ите,магионичарите и range/hunter-ите.
    -World of Warcraft,игра што е верувам добро позната на сите,имате 2 факции,добра и лоша(alliance и horde),во секоја факција имате неколку раси(Во horde имате Orc,Undead,Blood Elf,Tauren,Troll и Goblin,во alliance имате воглавно хуманоидни суштества,Night Elf,Gnome,Dwarf,Human,Worgen и Draenei)а тие раси неколку класи.
    -Conquer Online,верувам исто така со многу фанови меѓу форумџиите,каде што имате неколку класи на играње(Trojan,Taoist,Archer,Monk,Warrior,Ninja,Pirate),играта е дводимензионална,со специфичен PVP систем кој се разликува од повеќето игри од овој тип.
    Тука се и Allods Online,Shaiya Online,Cabal,Lord of the Rings Online,RaiderZ и многу други.
    Јас од набројаниве имам играно WoW,Conquer Online,Shaiya а сега планирам да ја пробам и RaiderZ.
    Туга ми е што не можам да играм Kritika Online,anime-like MMORPG што нажалост е само на корејски сервери и не може да ја играат останатите.

    Кои MMORPG игри сте ги играле,колкав период сте играле и кои се вашите искуства,критики,препораки?
     
  2. MountainMan

    MountainMan Активен Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    151
    Другар само WоW сум играл, и тоа едвај пошто компјутерот ми е 0. Инаку радо би почнал некоја од овие што си ги наведел али ако можат на:
    1gb ram
    128mb nVidia GeForce FX5200
    2.40ghz Pentium 4

    кажи можеме да почнеме заедно :)
     
  3. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    Сум играл WoW и сеуште играм. Мислам дека ќе продолжам уште некое време, мада по малце ми станува досадна. Ја играм цели 3 години, со Death Knight, Paladin, Druid.
     
    На MountainMan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MountainMan

    MountainMan Активен Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    151
    Значи сум погодил за тебе во темата за никовите на што не асоцираат. :D
     
  5. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    Не сум до толку гејмер, ја играм седум до осум саати неделно. Толку.
    По другите игрици не сум толку.
     
  6. Solstice

    Solstice Nujabes

    Зачленет на:
    28 август 2012
    Мислења:
    1,413
    Допаѓања:
    1,536
    Уфф,разбирам. Јас до пред 2 недели имав полош компјутер од твојот,512 RAM,64 графичка и 2.20 процесор,и тоа Целерон.
    Инаку,можеш со таа конфигурација да играш Shaiya,Cabal и WoW,за други незнам :)
     
  7. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Ja од овие ги имам играно WoW, LOTR online - ама оваа пократко време..
    У WoW имам играно со night elf, draenei, human , а од класите mage, hunter, rogue, warrior, druid.. Обично си играв ally, али чат - пат и знаев да отидам и од кај хордите..Сепак, бев навикнана да играам со алијансата, од 6то одд. :D До пред 2-3 години прекинав константно да играам, а до пред месец - два сакав па да играам и ја најдев благодарение на |o$y(|-|0$0(|@l , ама избришав ја пошо сакам да се тргнам од компјутеро шо е можно повеќе, а како шо бев заразена играев по 10 саата дневно :D
    Нема везе, WoW е прилично заразна игра, океј е тоа шо учеш многу подобро англиски и запознаваш луѓе, али моментално да тепам време на WoW - NEIN! (shake)
     
    На MountainMan и $3Я3|\||)&p&†Y им се допаѓа ова.
  8. ComputerService

    ComputerService Истакнат Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    446
    Допаѓања:
    240
    so intel celeron 2.4 ghz/128 cache -- dane PLANIRAS IGRI DA IGRAS ?! ne zezaj .. mislam se igraat igri .. samo nekoj po stari .. inace za net . ti e super :D
     
  9. $3Я3|\||)&p&†Y

    $3Я3|\||)&p&†Y Староседелец

    Зачленет на:
    12 мај 2012
    Мислења:
    3,683
    Допаѓања:
    3,863
    Мислиш Cache ?
     
  10. MountainMan

    MountainMan Активен Член

    Зачленет на:
    29 јануари 2013
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    151
    Абе ја само и за тоа го користам... играм браузер игри и учам веб дизајн .. тоа е тоа доста е :D
     

Сподели: