Medium

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Медиум е американска драмска телевизиска серија за жена која работи како медиум истражител во канцелариите на јавниот обвинител. Серијата е базирана на животот на Алисон Дубоа, критикувана контроверзна личност која тврди дека користи психички сили за да помогне на локалните власти.
Серијата е создадена од Глен Гордон Керон, а продуцирана од Picturemaker Productions и Gramment Productions во асоцијација со CBS Paramount Television.

Алисон Дубоа (Patricia Arquette) е мајка на три деца, посветена сопруга и студент на право која почнува да се сомнева дека може да зборува со мртви луѓе, да ја гледа иднината во нејзините соништа и да ги чита туѓите мисли. Загрижена за своето ментално здравје, таа му се обраќа на нејзиниот сопруг Џо (Jake Weber), инженер, кој полека почнува да верува во она што му го кажува жена му, бидејќи увидува дека деталите од нејзините соништа и убиството во Тексас се совпаѓаат.
Вистинскиот предизвик е да го убеди својот шев, Мануел Девалос (Miguel Sandoval), и останатите кои се сомневаат, дека нејзините психички способности можат да им помогнат да решат некои насилни и ужасни злосторства, чии мистерии се познати само на оние што се под земја. Информации за одредени луѓе или злосторства добива сонувајќи, или преку кодирани визии, кои скоро никогаш не значат тоа што навидум се.
Сите нејзини ќерки ја имаат наследено нејзината дарба. Ариел (Sofia Vassilieva) и Брижит (Maria Lark) исто така имаат визии и сништа, обично кога нивната мајка бара одговори во нејзините соништа. Во третата сезона, дознаваме дека и најмладата ќерка на Алисон, Мари (Madison and Miranda Carabello) е наклонета кон паранормалното. Во моментов, таа може да гледа телевизија која не е претплатена на кабловската. На Брижит никогаш не и сметаат нејзините способности, но на Ариел и е потешко да се справи со дарот којшто малку го разбира.
Алисон е често придружувана од локален полицаец од Аризона, пријател на Мануел Девалос – Ли Скенлон (David Cubitt), кој на почетокот не веруваше во дарот на Алисон. Алисон често ги прекршува законите кога сака да застане некое предвидено злосторство.
Исто така, Алисон му помага, и добива помош од капетанот Кенет Пуш (Arliss Howard). Тој е првиот правник на кого Алисон му ги признава своите способности.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Hip.Hop_MKD

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Ја даваат на Universal, секој петок од 22 и 20, и преку неделата репризи накај 01 и 20 :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Мојата најомилена серијааааа.Не знаете колку сум ја исплакала серијава особено 6 и 7 сезона:place.Многу ми е криво што ја укинаа.Серијата сепак има свој крај,меѓутоа глупо е што морале се да направат во 2 епизоди за само на гледачите да им дадат крај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi