Marvel: Avengers Alliance

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Marvel: Avengers Alliance е интернет игра развиена од Плејдом во 2012 год. Се базира на ликовите од стриповите на Марвел која и покрај официјалниот сајт на Плејдом, може да ја играте и на Фејсбук. Играта првично беше објавена како промоција за новиот филм од студиото на Марвел - The Avengers.
Играчите имаат контрола врз агент на Шилд и можат целосно да го уредуваат агентот со униформи и оружје. Вршејќи мисии се здружувате со уште 2 херои од моментално 36-те достапни во играва. Овие херои прво треба да ги купите со Командни поени, една од валутите во играта. Секој херој се наоѓа во една од 6-те класи:

Blaster - Ги напаѓаат со критични удари Bruiser-ите.
Bruiser - Стануваат посилни кога се нападнати, или ги напаѓаат Scrapper-ите.
Scrapper - Добиваат дополнителен напад врз Infiltrator-ите.
Infiltrator - Добиваат контра напади и рефлекси доколску се нападнати од Tactician-ите.
Tactician - Добиваат дополнителни напади кога ги напаѓаат Blaster-ите.
Generalist - Немаат ниту јаки, ниту слаби страни против ниедна класа.

Има PVP (Player vs. Player) турнири каде се бориш против личности од целиот свет и собираш поени, на крајот на турнирот зависно од поените добиваш вредни награди; и Spec Ops мисии каде имаш за задача да извршиш 25 задачи и доколку ги извршиш освојуваш одреден херој.

Моментално за купување се достапни:
Beast, Black Cat, Black Panther, Black Widow, Captain America, Colossus, Cyclops, Daredevil, Dr. Strange, Gambit, Hawkeye, Hercules, Hulk, Human Torch, Invisible Woman, Iron Fist, Iron Man, Kitty Pryde, Luke Cage, Mr. Fantastic, Ms. Marvel, Nightcrawler, Phoenix, Quicksilver, Rogue, Scarlet Witch, She-Hulk, Sif, Spider-Man, Spider-Woman, Storm, Thing, Tigra, Thor, War Machine, Wolverine.

Херои кои биле достапни за освојување преку PVP или Spec. Ops се: Deadpool, Emma Frost, Ghost Rider, Magik, Mockingbird.

Херои достапни за освојување моментално во PVP и Spec. Ops се: Cable и Valkyrie.

Херои кои ќе бидат наскоро пуштени:
Black Knight, Captain Britain, Daimon Hellstrom, Doctor Voodoo, Havok, Moon Knight, Psylocke, Red Hulk, Union Jack, Vision, X-23

Еве една PVP борба:
Electra Welcome to the official thread of MAA on Crnobelo Forum. И да те прашам до кај си стигната со играта, ги зема ли Тигра и Валкири? :)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,051
6,676
1,153
Big Sur
Ту бре, на фб бев Agent Psylocke, ќе треба сега име да менувам.
Немам саглам играно едно 2-3 недели, еве 78ми левел го влечам, па мислам дека нема шанси Валкајри да ја соберам зошто од 4 херои што ми се потребни, го имам само Бист, а за другиве ми требаат едно 170 СР, така да ми останува да се надевам само да соберам 25 злато ако ми се посреќи, па да го скокнам тој таск, а во меѓувреме да собирам поени за Тигрица.
За Кејбл па ич не се ни надевам дека до Адамантиум лига ќе стигнам, јас во Дајмонд едвај влегувам. :D
Кај тебе мрда ли? Зема ли некој јак херој од кој си задоволен?
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,413
1,536
1,133
28
Играв и ја едно време али прекинав. Нит знам до кој левел стигнав,нит ми текнува кои херои ги собрав,али зараза е играта ептен :)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Ту бре, на фб бев Agent Psylocke, ќе треба сега име да менувам.
Немам саглам играно едно 2-3 недели, еве 78ми левел го влечам, па мислам дека нема шанси Валкајри да ја соберам зошто од 4 херои што ми се потребни, го имам само Бист, а за другиве ми требаат едно 170 СР, така да ми останува да се надевам само да соберам 25 злато ако ми се посреќи, па да го скокнам тој таск, а во меѓувреме да собирам поени за Тигрица.
За Кејбл па ич не се ни надевам дека до Адамантиум лига ќе стигнам, јас во Дајмонд едвај влегувам. :D
Кај тебе мрда ли? Зема ли некој јак херој од кој си задоволен?
И јас ги немам другите херои, само Бист-от го имам, ама собрав 25 голд и ја скокнав задачата и сум задоволен што ја собрав Валкири зашто во Spec. Ops ми изгледаше како доста јака против Скраперите. Воедно и еве една фотка од собирањето на Валкири и другите херои што ги имам. :showoff
Valkyrie Recruited.jpg
За Кејбл веројатно ќе чувам поени, ако го пуштат 1 месец по PVP (како што читам гласини) да можам да го соберам :)
 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
23
Охрид
како се додавет аллиес на ова чудово? :zelen
на фб сум левел 40 а овде сеа почвам одново и незнам како се додавет ај кажете :place
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Пристигна новата хероина во МАА - Psylocke.

The puss in boots Острана на чатот види кој сакаш да го додадеш кликни на никот и ќе ти се отвори мало прозорче со левелот на играчот, и пишува Add Ally. Доколку не си 4-ти левел мислам дека не ти покажува Give a gift и се што ќе сработиш (заминеш левел, завршиш со истражување), треба да споделиш (наместо да одиш Continue, ќе одиш Share). Доколку уште не ти е јасно еве ти 2 слики :) rsz_11rsz_1screenshot_from_2012-12-14_144835.jpg

rsz_screenshot_from_2012-12-14_144945.jpg Ако имаш уште некое прашање слободно пиши на темава, ќе се потрудам да ти објаснам. :)
 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
23
Охрид
мислам дек ке продолжам само на фејсбук да играм дека ме мрзит на playdom пак до левел 40 да стигвам, а на фб сум веќе 40 ама сепак фала, ако некојпат се премислам :)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
За заминување левели, треба да ги заминуваш мисиите, а за CP треба секоја мисија да ја играш по повеќе пати за да земеш 5 ѕвезди. :)
 

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
23
Охрид
знам за то ама мислев дан имат и некои други начини ко пример epic bosses (ама ги неам потребните херои), а за мисии заглавив на chapter 5 mission 4 20 левели сум веќе на нејзе и неможам да ја поминам стигнав еве до левел 45 и уште неможам да ја поминам пошо никако не паѓет едни ко камења шо требит да ги собираш:mad: ... а дан знајш некој хак за играва? :zelen