Mис на Македонија

SefeTo

Нов член
30 јуни 2012
1
0
1
33
Под број 3 е 10000 пати по убава од ова што е победила !
 

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
За разлика од останатите онака е |-(
Избориве ни се мизеријааааа :x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Интервју со Македонската мис универзум!
26.03viki1.jpg

За Викторија Ристевска, македонската јавност особено дозна откако беше објавено дека токму таа ќе биде македонската претставничка на Мис Универзум. Веста за нејзиниот избор крена голема прашина посебно на нашиот портал, па тоа беше доволна причина да направиме интересно интервју со македонската убавица.

Викторија Ристевска е 20-годишна студентка на Факултетот за мода и дизајн, битолчанка која живее во Скопје. Кажи ни нешто повеќе за себе...

Завршив средно економско во Битола и нормално имам прекрасни спомени од средношколските денови. Уште од мала започнав на модерни танци и мојата амбиција се исплати добивајќи награди на државни првенства. Тоа ме донесе поблиску до манекенските води каде што се задобив со титулата Мис Бикини на Македонија. На изборот Мис Крема оставив позитивен впечаток и ја освоив стипендијата при универзитетот Фон како една од мисиците. И така еве ме во Скопје исправена пред нови предизвици. :)

26.03viki3.jpg

Како дојде до твојот избор за македонска претставничка на Мис Универзум и дали можеме да се радуваме и на тоа Македонка да ја носи престижната титула најубава на цел Универзум?

-Со Зоран Василевски се знаеме и соработуваме уште од порано. После победата во Перу на Стефан Лошковски, Зоки ми јави да ми каже дека јас сум неговиот избор за Мис Универзум. Нормално дека верувам во себе, а веруваат во мене И моите пријатели.

26.03viki4.jpg

Каков е животот на моделите? Обврски на факултет, проблеми... Како се справуваш со сето тоа?

-Моја обврска во моментот е да изгледам убаво и да бидам секогаш во топ форма. Секако тука е и факултот за моден дизајн за кој мислам дека е вистинскиот факултет за мене. Нормално како и секоја друга професија и оваа си има позитивни и негативни страни со кои секако треба да се справиш.

26.03viki5.jpg

Има ли вистина во тврдењето на некои дека за да се биде успешен модел, мора да се употребуваат и некои непопуларни методи? Мислам овде од обични врски, па се до најразлични услуги и тн...

-Јас работам со професионален тим од кој ја имам целосната поддршка и веруваат во моите квалитети. Секако има најразлични карактери, така што треба да се процени со кој соработуваш и на кој му веруваш.

26.03viki6.jpg

Твојот избор за македонска претставничка крена огромна прашина по социјалните мрежи и на порталите, меѓу кои и на Таратур. Мислењата се поделени – дел те поддржуваат и сметаат дека ќе имаме вистинска убавица на изборот, додека други сметаат дека не си вистинското лице. Што мислиш за тоа и како се носиш со критиките?

-Таман работа сите да имаа исто мислење. Нормално е да има критики и тие само ме мотивираат повеќе. Во мене веруваат И сум разговарала со професионалци во модата И модниот живот И очекуваат од мене големи успеси.

26.03viki7.jpg

Ајде малку порелаксирано... Што прави Вики во слободно време?

-Слободното време секако дека го трошам за да си поминувам убаво. Тука се моите другари и другарки спремни за добар провод без разлика дали тоа ке биде играње на плаѕстатион, пешачење во природа, некоја забава или било што. Тука е и шопингот кој ме исполнува :)

Што најмногу сакаш кај себе? Кој е твојот адут? :)

-Јас се сметам за девојка која секогаш сакам подобро и подобро. Се гордеам со цело мое тело и лице.

26.03viki8.jpg

Што слушаш, гледаш, читаш?

-Флексибилна личност сум така да кога е во прашање музика уживам во повеќе видови на музика и не ми пречи ништо посебно. Во последно време не сум прочитала некоја интересна книга- поради тоа што јас ретко можам да се најдам во домашна и мирна атмосвера, а една книга заслужува да биде прочитана без пречки и прекини.

Љубовен живот? Имаш некој што го сакаш, што те сака... Сериозно или за забава?

-Убаво е да сакаш и да бидеш сакан… Сега повеќе се посветувам на кариерата, но секако без љубов би било залудно.

26.03viki9.jpg


Планови за иднина? Што можеме да очекуваме од Вики?

-Сега сум посветена на моето патување и сценскиот настап на Зоран Василевски на Новинарите пеат. Секако дека имам планови после изборот но мислам дека е премногу рано да зборувам за тоа.



Малку офтопик муабет, бидејќи мислам дека е глупаво да отварам тема за секоја манекенка посебно.. Инаку, мене лично девојката не ми се допаѓа.