Kings of Leon | Црнобело Форум

Kings of Leon

Libra

Староседелец
15 февруари 2012
208
327
673


Kings of Leon се рок бенд со потекло од Нешвил, Тенеси, оформени во 1999 година.
Во составот на групата влегуваат тројцата браќа Фоловил, Кејлеб (главен вокал и гитарист), Нејтан (тапанар и придружен вокал), Џеред (басист и придружен вокал) и нивниот братучед Метју Фоловил (гитарист и придружен вокал). Името на бендот е поставено во чест на таткото на тројцата браќа членови на бендот , кој бил свештеник и чие средно име е Леон.
Во почетокот биле само двајца членови и тоа Нејтан и Кејлеб, кои успеале да потпишат договор со продуцентската куќа RCA Records. Меѓуто, продуцентите инсистирале на дуото да му најдат уште неколку членови за да може да оформат бенд. Момците одбиле некој друг да им ги бира членовите, па така решиле бендот да го направат буквално семеен и го повикале својот брат Џеред, на кого му купиле бас гитара, а Метју бил повикан како гитарист.
Kings of Leon досега имаат издадено пет албуми.
-Youth and Young Manhood (2003)
-Aha Shake Heartbreak (2004)
-Because of the Times (2006)
-Only by the Night (2008)
-Come Around Sundown (2010)
Од сите овие албуми убедливо најуспешен беше Only By the Night кој лансираше два хитови Use Somebody и Sex on Fire кои ги вивнаа момците на врвот на топ листите.

Дали ги слушате?
Имате ли омилена песна?

Мои омилени:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp