Jeff Buckley

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Jeff Buckley ( Jeffrey Scott Buckley) е роден на 17 Ноември 1966 година. Иако на пошироката публика и е познат под името Џеф Бакли, за неговите блиски секогаш останал Скоти Морхед името кое го носел до осум години. Син е на познатиот музичар од 60 тите години Тим Бакли и пијанистката Мари Гјуберт. Неговите родители се земале на многу рана возраст, откако Мари наводно останала бремена, нешто што подоцна ќе излезе дека не било точно. Во тој период бракот на Мери и Тим постојано бил во криза, и иако Мари останала бремена со Џеф после кратко време во бракот, Тим ја оставил и не го видел својот син се до неговата осум годишна возраст. Мари го однесла Џеф да се запознае со неговиот татко на еден негов концерт. Тие 15 минути на разговор ќе бидат првиот и последент пат кога Џеф ќе успее да разговара со својот татко, затоа што три месеци подоцна Тим Бакли ќе почине од предозираност од хероин. Тој самиот решил да се вика Џеф Бакли, откако како дете дознал за смртта на татко му,и ја нашол својата крштеница на која го пишувала неговот прво име.

Бакли израснал под влијание на неколку музичари и групи, меѓутоа секогаш нагалсувал дека Лед Цепелин отсекогаш биле негова најголема инспирација.

Сенката на Тим, остекогаш се надвиснувала над кариерата на Џеф. Макар што тој навистина не ги сакал споредбите со неговиот татко, неодминливо било тој постојано да биде поврзауван со него. Интересно, и покрај тоа што Џеф не сакал да биде споредуван со него, токму неговиот мртов татко ќе биде најзаслужен за лансирањето на неговата кариера во врвот. Во времето кога Џеф пеел во кафулето Sin-é во Њу Јоркизведувајќи кавери на познати песни, добил покана да настапува на меморијален концерт посветен на Тим Бакли. Иако многумина инсинуирале дека преку тој настап одржан во црквата Света Ана, Џеф се обидел да се претстави пред јавноста и да ја лансира својата кариера, тој го демнатирал тој изјавувајќи дека неговиот мотив е личен и дека настапил од причини што сакал да изрази почит кон него затоа што го мачело што не му бил на погребот.

После тој настап, музичките продуценти буквално се бореле да го добијат неговиот потпис на договор. Одеднаш Sin-é, од место на кое доаѓаат 30-40 луѓе за да го слушаат Бакли се претвора во паркиралиште на лимузини и познати луѓе од рокенрол сцената, каде продуценти и музичари доѓаат да го чујат неверојатно талентираниот пејач. На крајот Бакли решава да потпише за Колумбија Рекордс под чија капа ќе го издаде неговиот единствен албум “Grace”. Овој албум е еден од најомилените албуми на познати светски музички имиња како Дејви Боуви, Џими Пејџ, Роберт Плант, а истовремено и како изведувач Бакли станува феномен за кој зборуваат сите. На пример Рејдиохед се бенд вез кој Бакли имал силно влијание, Том Јорк бил толки импресиониран од Бакли што после еден негов настап прснал во плач, а Мет Белами и Мјуз исто така се големи почитувачи на ликот и делото на Џеф. Постои една многу симпатична приказна околу албумот Грејс и Роберт Плант, пејачот на Цепелин. На некоја вечера заедно како гости седеле Џеф Бакли и Роберт Плант, Плант му се обратил на Бакли говорејќи дека неговиот албум Грејс го воодушевил. Џеф обземен од емоции излегол од собата за да се соземе, и дури подоцна се вратил.

Грејс постигнал извонреден успех во Европа и Австралија. Сепак, ќе поминат три години од создавањето на Грејс до моментот на создавање на новиот албум под наслов My Sweetheart The Drunk. Бакли доживувал невиден притисок во тој период за да создаде нешто добро, и иако почнал да твори сепак не бил задоволен со песните за албумот. Затоа решава да земе соба под кирија во Мемфис, за да може на мир да го доправи албумот. После одредено време успеал да ги оформи песните и ги повикал момците од својот бенд да долетаат до Мемфис од Њу Јорк за да вежбаат на материјалот. Тоа нема никогаш да се случи затоа што, Бакли истата вечер ма 29 Мај 1997 година ќе исчезне во реката Волф Ривер. Пет минути откако неговиот бенд ќе влезе во неговиот стан, телефонот ќе заѕвони со лоши вести. Нивниот пријател, Кит, кој отишол со Бакли на брегот на реката ќе им заѕвони да им каже дека Џеф исчезнал. Кит и Џеф отишле на брегот да го гледаат зајдисонцето и да пливаат. Во момент на еуфорија во која и двајцата пееле песни, Џеф ќе влезе во водата целосно облечен сосе чизмите на него пливајќи додека не се завртел на грб гледајќи во небото. На цел глас ја пеел Whole Lotta Love од Лед Цепелин. Некое бротче поминало покрај него, и Кит се завртел за да го тргне радиото од водата. Кога се исправил, Џеф го немало. Неговото тело ќе биде пронајдено шест дена подоцна. Во него немало траги од дрога и алкохол, а неговиоте пријатели силно се спротивставиле на идејата дека се самоубил. На крајот ќе биде констатирана смрт од давење.

За многумина Бакли си ја опеал својата смрт во песните што ги пеел. Доказ за тоа е насловната нумера Grace во која тој пее:

There's the moon asking to stay
long enough for the clouds to fly me away
well it's my time coming, i'm not afraid to die
my fading voice sings of love



and i feel them drown my name
so easy to know and forget with this kiss
i'm not afraid to go but it goes so slow

После неговата смрт издаден е неговиот недовршен албум кој ќе биде наречен “Sketches for my sweetheart the drunk”.
Извор

Неколку негови песни како и преработки




Дали го слушате/имате некогаш слушано? Вашето мислење за неговото дело, интерпретација, распон на глас, песни?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma.T, Anakin and alba

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
леелееее Па колку има членови што слушаат одлична музика на форумов баш ме радува и драго ми е Saladin за темава голем лајк I love Jeff Buckley
my fav


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Еееее Џеф го упознав во раните 2000ти, веќе предоцна за да го „запознам“ во живо. Случајно ја чув на радио преработката на Hallelujah (оригиналот на Cohen) и бев со подотворена уста, за да подоцна во месецот го купам неговиот албум Grace на ЦД. Што да кажам за типот дека е неверојатен, што по широк дијапазнон на гласот, што по типот на музика што го има избрано да го интерпретира/компонира. Омилена песна покрај Grace ми е Lover you should come over, Dream brother и Forget her.
А бе чим големиве луѓе му симињале капа, мора да се работи за талент и склоп на богат вкус на музика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Само да напоменам... денес се навршуваат 16 години од неговата смрт.
Tribute to you Jeff, you extraordinary lad.