Dates From Hell во која иначе се раскажува за убиства, тортури, малтретирања и киднапирања што се случиле за време на состаноци (обично состаноци на слепо и сторителот е еден од партнерите, ама не мора да значи) имаше една епизода која ја запамтив највеќе, башка и пуштив солза две дур гледав.
Дечко и девојка, млади, заљубени, решиле за прв пат да излезат заедно, сами, нешто како состанок кој долго го планирале.
Девојката раскажува цело време иначе.. Колку биле заљубени, колку се почитувале и што се не планирале... Се до текот на случката.
Решиле да одат на премиера на The Dark Knight пошто двајцата го сакале Бетмен, сакале и таков тип филмови, небитно..
Се спремале со денови и кога дошол денот за во кино, седнале спремни да гледаат, пред нив, и пред многубројната публика се појавил човек облечен како специјалец, со разни оружја и почнал да пука на сите страни. Девојкава кажува како дел од луѓето испаничено избегале, дел испопаѓале мртви, а дечко и (кој бил бивш војник) и рекол да легне на земја, а тој легнал над неа. Не ни била свесна што се случува, ни па испаничена нешто посебно, зошто мислела дека нема шанси да ги види или да стигне некој куршум до нив. Цело време му шепотела на дечко и...
После неколку моменти, кога се се стишило и откако се осигурала дека убиецот не е веќе таму и кога го повикала дечко и да заминат и дека конечно се спасени, видела дека уствари дел од куршумите го погодиле и дека одамна е мртов.
И цел тек на приказната понатаму, на сите ви е позната за масакрот во Колорадо. Колку жртви имало, која била причината, кој бил лудакот, жртвите, животот понатаму....
Мене лично епизодава ме погоди ептен, посебно после солзите на девојката, после цело раскажување, се осетив како и јас да сум била дел од животот на тоа момче и како лично да го познавав. Ептен ми падна жал.
Не можам да ја најдам на нет никако, ако некој го заинтересира:
Сезона 2 од Dates From Hell епизода 4 - Dark Knight.
И девојката и дечкото во спојлерот.