Gley.mk македонски регионален стриминг сервис за серии и филмови

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33

Gley.mk – лансирана првата македонска стриминг платформа​

1636307957354.png


Gley.mk, првата македонска национална стримиг платформа беше лансирана денес, а преку неа ќе бидат достапни македонски филмови и серии, но и продукти од балканската кинематографија.

Платформата нуди домашна и регионална продукција, детска програма, европски и холивудски филмови и серии, кои ќе бидат достапни со македонски и албански превод.

„GLEY ги обединува македонските продукциски капацитети и им дава можности за забрзан развој на нови и постоечки проекти“, изјави извршниот менаџер на СВОД Мастер, Дарко Перушески на промоцијата.

Поголемиот дел од македонските филмови се дигитално достапни само на платформата, а детската програма е синхронизирана на македонски и албански јазик.

„Содржините се достапни во ХД резолуција со квалитетен звук на LG, Samsung и Android TV СМАРТ телевизорите, персонални компјутери, таблети или мобилни телефони. За таа намена се изработени апликации кои корисниците можат лесно да ги инсталираат на оперативните системи на телевизорите во Apple App Store и Google Play Store“, истакнуваат од „Gley.mk“.

Пристапот до програмите на платформата ќе биде со месечна претплата која е необврзувачка и корисникот ќе може да ја откаже кога сака.

Понудени се три нивоа на месечна претплата од 299, 399 или 499 денари во зависност од бројот на уреди на кои истовремено ќе може да се има пристап кон платформата.

Сите корисници кои ќе се регистрираат до 30 ноември, ќе добијат 30 дена промотивен пробен бесплатен период.

Tекст преземен од Радиомоф мк
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Преубава идеја, а гледам и реализација, браво! (bravo)
Се надевам ќе се множат наслови, а и цените сосема пристојни. Најверојатно во блиска иднина ќе се претплатам кога ќе имам повеќе време за гледање ТВ.
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
Повеќе е акцентот ставен на содржина продукција од регионов од соседниве држави Србија, Хрватска... и од нашава држава. Има неколку македонски филмови и три серии македонски, Преспав, Фамилија Марковски, На Терапија.

Се регистрирав и следува 30 дневен бесплатен период. Цената е малку нереална за почеток бидејќи содржините се мал број а повеќето луѓе ги имаат веќе некаде видео Сепак останува да видиме во иднина што понатака ќе понудат.

На телевизија на емисијата Бекстејџ гледав интервју со еден млад дечко албанец што е дел од екипата што работи на ова и кажа дека сакаат да ја подигнат кинематографијата во државава на повисоко ниво со ова. Ќе ижале и Gley oригинална содржина на овој сервис.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Повеќе е акцентот ставен на содржина продукција од регионов од соседниве држави Србија, Хрватска... и од нашава држава. Има неколку македонски филмови и три серии македонски, Преспав, Фамилија Марковски, На Терапија.

Се регистрирав и следува 30 дневен бесплатен период. Цената е малку нереална за почеток бидејќи содржините се мал број а повеќето луѓе ги имаат веќе некаде видео Сепак останува да видиме во иднина што понатака ќе понудат.

На телевизија на емисијата Бекстејџ гледав интервју со еден млад дечко албанец што е дел од екипата што работи на ова и кажа дека сакаат да ја подигнат кинематографијата во државава на повисоко ниво со ова. Ќе ижале и Gley oригинална содржина на овој сервис.
Е добро, да, за почеток може не е цената, ама бар има бесплатен трајал. Супер идеја е секако. Позитивно ме изненади и ќе го следам развојот на платформава. Кога сме веќе преизложени на белосветски бљувотини и сенешто доби своја серија, зошто да не си го знаеме нашето.
Не сум од оние дека ако е наше, мора да е прејако по секоја цена, ама па и имаме квалитетен кадар по балканов, има фини филмови, па дури и од претстави има добри снимки и ете супер платрофма да се прикачат и прошират.
 

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
58
1,028
33
За ова да успее мора да има претплатници што ќе плаќаат а они ќе инвестираат во правење содржини и во собирање на содржини од други продукции плус за подобрување на услугата. Така да од само коментари браво, супер сте, само напред не успеваат ваквите услуги туку од претплатниците. Ако ни се допаѓа треба да се претплатиме.

Е сега кај нас реално немаме големи многу продукции за серии што ќе прават така да ќе треба време за да се издигне тоа кај нас на повисоко ниво. Од ново време серии кај нас се издвојува Преспав сит ком серија кој опстои неколку сезони. Во Србија во ова модерно време буквално штанцаат серии, со тоа и го зајакнуваат на нивниот јазик, културата. Така да србите во време на корона полициски часови а дури и сега имаа избор што да гледаат нивна продукција.

Оваој стриминг сервис можеби е погрешен чекор да се стартува земајќи во предвит дека немане големи продукции за снимање серии но мора од нешто да се почне. Посакувам успех на овој стриминг сервис во тој правец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra