Euro 2021

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во петок започнува 16-то европско првенство во фудбал кое прв пат ќе се игра во рандом земји без официјален домаќин а финалето ќе биде не Вембли во Лондон.
Уефа, како и Фифа направи све да дно од екипи имаат можност да се пласираат преку наголемување од 16 на 24 учесници кое започна од претходното ЕП.

Досегашни медалисти на ЕП :

3 пати шампиони - Германија, Шпанија
2 пати - Франција
1 пат - СССР, Италија, Чехословачка, Холандија, Данска, Грција, Португалија.

Франција 1960 : 1.СССР 2.Југославија 3.Чехословачка (сите три непостоечки лол)
Шпанија 1964 : 1.Шпанија 2 .СССР 3.Унгарија
Италија 1968 : 1.Италија 2.Југославија 3.Англија
Белгија 1972 : 1.Германија 2.СССР 3.Белгија
Југославија 1976 : 1.Чехословачка 2. Германија 3.Холандија
Италија 1980 : 1.Германија 2.Белгија 3.Чехословачка
Франција 1984 : 1.Франција 2.Шпанија 3.Данска
Германија 1988 : 1.Холандија 2.СССР 3.Германија
Шведска 1992 : 1.Данска 2.Германија 3. Холандија
Англија 1996 : 1.Германија 2.Чешка 3.Англија
Холандија/Белгија 2000 : 1.Франција 2.Италија 3.Холандија
Португалија 2004 : 1.Грција 2.Португалија 3.Чешка
Австрија/Швајцарија 2008 : 1.Шпанија 2.Германија 3.Русија
Украина/Полска 2012 : 1.Шпанија 2.Италија 3.Португалија
Франција 2016 : 1.Португалија 2.Франција 3.Велс

24 екипи поделени во 6 групи по 4 каде првите две од секоја група и 4/6 најдобри трети одат во 1/8 финале.

Група А : Италија, Велс, Швајцарија, Турција
Група B : Белгија, Русија, Данска, Финска
Група C : Холандија, Австрија, Украина, Северна Македонија
Група D : Англија, Хрватска, Чешка, Шкотска
Група E : Шпанија, Шведска, Полска, Словачка
Група F : Португалија, Франција, Германија, Унгарија

Најголеми фаворити се светските прваци Франција а на дното се екипи како дебитантите Финска и Фиром кои иако залутани на едно вакво такмичење сепак би можеле да соберат некој бод, имајќи предвид глобалната криза и опаѓањето на квалитетот на играчите насекаде, со некои исклучоци.
Бранителите Португалија имаат појак состав него оној што освои 2016 но овој пат нема да го имаат факторот изненадување.
Белгија и Англија имаат одлични состави, но прашање е дали имаат соодветни менаџери за да освојат (секако дека не) па така се очекува чисто на индивидуален квалитет да догураат далеку.

Мислења, предвидувања? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Немам мислења и предвидувања (surprise, surprise), ама мераклиски го изгледав натпреварот со Австрија и мило ми е што сме дотука стигнати.
Нема да глумам експерт пошто далеку сум дури и од симпатизер, ама гледав некои натпревари пред неколку години кога беа актуелни заебанциите со оној Шумуликоски и многу ме јадеше срам од нашата репрезентација.
Сега може не беше некоја игра, ама за моево аматерско око беше океј.
Ајде, имаме уште два натпревари. Никој не се надеваше и дека ќе се пласираме, може пак ќе се деси чудо.
Може и не. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Фиромци немаа сила последните 20 минути, кондиционо паднаа и толку требаше. Не дека Аустрија е нешто wow ама барем имаат играчи кои играат во појаки лиги.

Белгија со пола сила ја масакрира Русија, Шкотска по старо лузерај, примија гол од центар одамна немав видено таков блам. Франција-Немачка као дерби ова она испадна тресла се гора родио се миш, дно утакмица.
Утре започнува второ коло од групна фаза, ќе се дознаат и првите патници во 1/8 финале.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ај со здравје уште еден пораз. Очекувано.
Првото полувреме го гледав дома, второто го слушав во кафич и зажалив за сите експерти околу што се надвикуваа кој како требало да игра, дури го сркаа седмото пиво со мешињата потпрени на колена.

За Холандија веќе не се ни надевам, ама добро па, кој се надеваше воопшто и за Германците to begin with...
Не сум па некоја пристрасна да се трескам од земја. Мене ми е океј успех и што воопшто влеговме на Европско.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Велс одличен ја измасакрира Турција и ја прати дома, Белгија со пресврт до победа, Фиром во рамки на своите неможности вс. Украина, сепак да не се заборави дека самото учество на ЕП беше поради новата програма на Уефа да овозможи на една скромна репрезентација да учествува на големо такмичење па очекувано и резултатите на една таква екипа, исто ќе биде и кој и да биде на наредното.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Северен Фиром ќе биде 23.место од 24 селекции, благодарение на неочекувано лошиот настап на Турција за кои некои пандити и стручњаци мислеа дека имале потенцијал за 1/2 финале. Свашта бе, луѓе кои профи се бават со фудбал сериозни мислеа дека Турција е фаворит од сенка.
Фиром, еднаш и никогаш повеќе, дно екипа загуби од сите. Уефа као со ок идеја да им се даде можност на дно селекции да настапат на ЕП, прво со 16/24 а после со Куп на Нации.
Албанија беше на прошло ЕП ама барем оствари една победа.
Финска исто прв пат па остварија една победа и имаа шанси за понатаму.

Белгија со 40% од силите 9 бода, Англија без примен гол, ќе видиме утре кој од Португал, Франција или Немачка ќе испадне. Па и Шпанија, што да не.
 
  • Haha
Реакции: Electra

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Нема да се пее Марсељеза и ова првенство. Тешки времиња се ова за фудбалот, клинци земаат милиони плата и мислат дека цел свет треба да ги слави без никакви заслуги. Зидан, Виера, Карембе, Лизаразу итн. беа колектив и победуваа само поради тоа. Денешната Франција е полна пувлиња што мислат дека фудбал се игра сам.

Македонија не одигра толку лошо. Нормално е да се има грч и трема на вакви деби настапи. Ако некој очекуваше чудо веројатно бил подлажан од лошиот ден на Германија, ама па не беа и до толку лоши. Со оглед на тоа каква инфраструктура има тука, каква лига има и самата ФФМ, самото учество и искористената шанса од УЕФА е огромен успех. Можеби во некое друго време ќе се стигне и регуларно преку квалификациски циклус, засега скоро невозможно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Football is homeless
th
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ок беше ЕП како мала дистракција од серија срања кои се дешаваат во животов, за жал крајниот победник се гнасните, одурни корупционаши, нагалено жабари. Веројатно ќе прослават сите талијани со јадење на жива жаба, али ги има 60 милиони па може да ги истребат тие водоземци.
Штета за тие 2мм на Арнаутовиќ во 1/8ф. кога Австрија ќе ги елиминираше.

Англија го скрши проклетството на Германија, но никако да научат да изведуваат пенали.
Голема грешка на Саутгејт што не се обиде да тепа во регуларно па и во продолженија коа знае дека не ги бидува на пенали.
Сака последен изведувач? Евидентно Саутгејт добил сончаница или нешто, на 19 годишно детиште да му дадеш решавачки пенал, свашта бе.
Сепак Англија има костур од дечурлана кои својот зенит ќе го имаат таму 2026 во САД и Канада, многу играчи, па и некои кои не беа повикани како Медисон или Ван Бисака ќе имаат 24-28 години, во најдобра зрелост. Белингем тогаш ќе има чак 22 години лол.

Шпанија бронза, Данска 4-та, Северен фиром 23-ти, Турциииии 24-ти. Ненормален успех на Северен фиром кој доби валјд карта да земе нечие место на ЕП. Како што гледам на оваа лига на нации на наредно ЕП може да одат Фарски Острови од Д класата. Е тоа би било прејако.

Франција, Холандија и Германија најголеми разочарувања. Низоземци поради најлошиот селектор во светот Де Бур, какво дно од менаџер чудо нешто, во Палас пред пар сезони собори рекорд од 1888 наваму со 7 порази на старт без постигнат гол и го отпуштија експресно.
Франција наводно имало Телевиса Пресента ситуации во соблекувална, мајка му на Рабио ахаххах Дешамп овој пат не успеа да ги смири его-триповите посебно на Мбапе и Бензема кој изјавил дека тој во споредба со Жиру бил како Ламборџини со Рено.

Германија допре уште едно дно, се изнамачи со Маџарска за да биде лесно елиминирана од Англија, надоврзување на ужасните настапи на СП-2018 и ЛН-2019/20 обата пати последни во група. Чак изгубија од Северен фиром во квалификации. Хаверц и Вернер се веројатно најпреценети играчи во сончевиот систем.

Ајде ќе издржиме уште месец дена до започнувањето на ПЛ, мислам дека Брентфорд-Арсенал е почетна утакмица, доста беа репрезентации.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence