eBay или Amazon

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Дали сте купувале од овие два гигантски и најдобри сајтови?

Искуства со нив? Лоши или добри?

Што мислите кој е подобар сајт за онлајн купување?

ebay-vs-amazon-1_590x395.jpg
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Мислам дека прво треба да се случи р/еволуција, доверба во системот за електронско пазарење, па потоа би правеле споредба за онлајн шопингот...
Се додека играат "шушки".. македончето нема да ризикува во модерната купопродажна сфера, која не ја познава добро.

Јас повеќе пати сум пазарел на ибеј, без никакви проблеми.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мислам дека прво треба да се случи р/еволуција, доверба во системот за електронско пазарење, па потоа би правеле споредба за онлајн шопингот...
Се додека играат "шушки".. македончето нема да ризикува во модерната купопродажна сфера, која не ја познава добро.

Јас повеќе пати сум пазарел на ибеј, без никакви проблеми.

Слушам од Амазон доста се жалат.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Ја никад не сам купуваја од ибеј, све од амазон си купују и не сам имаја никакви проблеми.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Ретко кој купува од ибеј зашто ти треба paypal картичка. Од амазон баш разгледував овие денови, ми требаа патики за кошарка ама е доста тешко да најдеш добри препродавачи кои нудат поволна поштенска такса. Пример ако патиките се 45 $ повеќето од нив бараат и околу 30 $ за пошта и кога ќе видиш горе-доле па тука некаде ти иде цената. Разликата е во тоа што на амазон и ибеј има поголем избор и доколку на некој парите не му претставуваат проблем, може да си најде шо сака.

Како шо кажа близнак, поголем дел од луѓето сеуште немаат доверба во онлајн шопингот или пак се недоволно упатени. Значи, процедурата не е баш едноставна во поглед на разните давачки, такси, царини, даноци, попусти... Треба сите тие работи добро да се разгледаат пред да се купи нешто. Може да се случи и доколку робата ви е над 45 евра, да платите царински трошоци + ддв, а нашиве знаат да бидат толку гадни шо и на роба под 45 евра лупаат царина и ако не им носиш извадоци и членови од законот ќе те избричат на суво.

Според мене, од амазон се исплаќа само ако купуваш мали работи од типот на CD`а , книги, колекционерски предмети, постери и слично и тоа во повеќе примероци наеднаш, а не едно по едно.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Компанијата вели дека очекува eBay и PayPal mobile оваа година да забележат трансакции од по 10 милијарди долари, што е повеќе од двојно зголемување споредено со 2011-та година кога eBay забележа мобилни трансакции од 5 милијари долари, а PayPal mobile од околу 4 милијарди долари.
„Женска ташна се продава на eBay mobile секои 30 секунди. Мобилното станува дигиталната верига на корисничките живот. Тие сакаат што тие сакаат кога тие сакаат.“, вели директорот на eBay, Џон Донахо. „Линијата меѓу офлајн и онлајн е замаглена, и тоа однесување се случува бидејќи инвестираме во мобилната технологија.“
Според него, клучот на виралниот раст на мобилното купување, кој им донесе поголем профит во вториот квартал, лежи во самата структура на компанијата, и, секако, бидејќи корисниците не сакаат да внесуваат податоци од кредитни картички преку мобилен, туку го одбираат PayPal кој е полесното решение.
„Ако мислите дека ова е свет базиран на апликации, тогаш нема да носиме со себе Neiman Marcus апликација, или Walmart апликација и Best Buy апликација. Но, бидејќи сме трговски центар, една единствена апликација ви дава пристап до многу нешта. Затоа и имаме вирален интерес.“, вели г. Донахо за AllThingsD.
За да го забрза ова „замаглување на офлајн и онлајн реалноста“, eBay (и PayPal) вчера објавија дека го купуваат стартапот Card.io чија технологија овозможува мобилни телефони да читаат кредитни картички со својата камера, без потреба да се внесуваат податоци.