Death Note (Тетратка на Смртта)

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
'''Death Note" (Тетратка на Смртта) (デスノート Desu Nōto), е манга серијал креиран од писателот Тсугуми Охба и манга уметникот Такесхи Обата. Главен лик е Yagami Light, средношколец кој ќе открие тетратка со надприродни моќи, “Death Note-от”, која на Земјата му има паднато на Ryuk. Дејствието се врти околу тоа да со помош на тетратката Јагами Лајт создаде свет (и да владее со него) кој е исчистен од зло, и напорите на детективот, познат како L, и неговите понатамошни наследници, Near и Mello, да го спречат во тоа. Тетратката му ја дава способноста на нејзиниот корисник да убие било кој чие име го знае, со запишување на името во тетратката додека си го замислува неговото лице.

Death Note најпрво беше серијализиран во 108 поглавја од страна на Shueisha во јапонското Манга списание Weekly Shōnen Jump од Декември 2003 до Мај 2006та. Серијалот, исто така, бил објавен и во tankōbon формат во Јапонија, почнувајќи од Мај 2004 до Октомври 2006 во вкупно 12 поглавја. Аниме серијалот започна да се емитува од 3ти Октомври 2006 до 26ти Јуни 2007. Составена од 37 епизоди, анимето беше создадено од страна на Медхаус и режирано од Тетсуро Араки. Во Јапонија бил објавен и роман за млади базиран на серијалот чиј автор е Нисио Исин. Исто така, биле издадени најразлични видео игри од Конами за Нинтендо ДС.
ВизМедија го лиценцираше серијалот Тетратка на Смртта во Северна Америка, при тоа издавајќи ги сите 12 поглавја на мангата, како и на романот за млади. Епизодите од серијалот за прв пат се појавија како подобни за спуштање од интернет од страна на ИГН. ВизМедија потоа го лиценцираше и аниме серијалот и го емитуваше на Бионикс. Филмовите базирани на Тетратка на Смртта кратко се даваа во определени кина во Северна Америка. Што се однесува до видео игрите, ниту една од нив досега не била издадена во Северна Америка.
Неколку издаваштва за аниме, манга и други медиуми имаат дадено пофалби и критики за серијалот. Содржината и насилството од приказната се пофалени, нотирајќи ги како мошне интересни. Меѓутоа, серијалот бил забранет во Кина поради проблеми со деца кои се обидувале да ги видоизмнат кориците на нивните тетратки да личат на Тетратката на Смртта.
На 30ти Април 2010, магазинот Варајети објави дека Варнер Броз ги имаат откупено правата за адаптација за филмување на мангата во Северна Америка. За таа цел, Варнер Броз ги ангажирале сценаристите Чарли и Влас Парлапанидес. За разлика од јапонската Тетратка на Смртта трилогија, Американската верзија ќе биде директно заснована на материјалите од мангата, и нема да го следи јапонскиот тек на дејствието. Од 10ти Мај 2010, ИМДб го има вметнато филмот под предпродукција со можен датум на издавање во 2011.

Death_Note_Ryuk.jpg


Дејствие
Јагами Лајт е интелигентен млад човек кому очигледно му се одбивни постојаното зголемено насилство и корупција околу него. Неговиот живот драстично се менува кога ќе открие мистериозна тетратка фрлена на земја, позната како ”Тетратка на Смртта”. Инструкциите во Тетратката на Смртта тврдат дека доколку во неа биде запишано човечко име, таа личност ќе умре, како и ред други најразлични правила. Лајт првично е скептичен за автентичноста на тетратката, но кога ќе експериментира на криминалци со неа, тој увидува дека тетратката е вистинска. Откако ќе го знапознае претходниот сопственик на тетратката, Шинигамито Ријук, Лајт планира да стане бог и да воведе нов светски поредок, базиран на неговите судови за оние кој тој мисли дека се зли и оние кои му застануваат на патот.
Наскоро, големиот број на необјаснива смрт кај обележани кримиалци ќе ја заинтригира Интернационалната Полициска Организација и митериозниот детектив, познат како “L”. Ел бргу дознава дека серискиот убиец, познат на јавноста како “Кира” (името произлегува од типичниот јапонски изговор на англискиот збор “killer”(убиец), е лоциран во Јапонија. Исто така, доаѓа до заклучок дека Кира може да убива луѓе без да ги допре, откако ќе го искористи осудениот затвореник Линдл Тејлор, чиешто затворање било држено во тајност, и којшто бил осуден да умре во тој час, претставувајќи го дека тој е Ел, Лајт го убива. Лајт воочува дека Ел му е најголемата мора, и меѓу нив започнува деликатна психолошка игра мачка-глушец.
Ел заклучува дека Кира добива информации од самата полициска единица и праќа 12 агенти на ФБИ да следат луѓе поврзани со јапонската полиција. Лајт успева да го надитри Рај Пембер, агентот задолжен да го следи, да му ја покаже личната карта, по што тој ги убива сите агенти на ФБИ. Наоми Мисора, свршеницата на Рај Пембер, се сомнева дека Кира е некој од оние луѓе кои тој ги следел, но Лајт дознава за ова, и со помош на Тетратката на Смртта ја тера да изврши самоубиство. Миса Амане, уште еден сопственик на Тетратка на Смртта, го пронаоѓа Лајт, откако ќе испрати видео во кое таа ќе тврди дека е Кира. Опседнувајќи се себеси со Кира по смртта на убиецот на нејзините родители, таа се посветува на тоа да му помага на Лајт, но е фатена од страна на Ел. Лајт прави план кој вклучува откажување од сопствеништвото на двете Тетратки на Смртта и сите негови сеќавања за истите, и се предава на Ел за набљудување, бидејќи Рем(вториот Шинигами, тој што ја слуша Миса) му се заканува дека ќе го убие доколку Миса не биде ослободена. Заедно, Лајт и Ел испитуваат 8 луѓе од компанијата “Ѕотсуба” кои ја користат Тетратката на Смртта за сопствен профит. Додека го апсат третиот Кира Хигуичи, Лајт си ги повраќа своите сеќавања откако ќе ја допре Тетратката на Смртта. Тој се присетува и го продолжува својот план за да го натера претходниот сопственик на Тетратката на Смртта на Миса, Шинигамито Рем, да го убие помошникот на Л, Ватари, при што страда и самата Рем, бидејќи Шинигамите не можат намерно да го продолжат животниот век на луѓето. Тогаш Лајт ја добива нејзинита Тетратка на Смртта.
По смртта на Ел, на Лајт му е доделена задачата на “нов Еч” од страна на Јапонската полиција. По четири години, се појавуваат две деца, Неар и Мелло, кои биле одгледани за да бидат наследници на Ел, во сиропиталиште основано од страна на Ватари, кои имаат за цел да го најдат Кира. Во меѓувреме, Кира има добиено голема јавна поддршка, како и контакти. Мелло, еден од наследниците на Л кој се има придружено на мафијата, ја киднапира Sayu Yagami, помалата сестра на Лајт, како материјал за размена за Тетратката на Смртта. Јапонската полиција планира да оди во Лос Анџелес за да ја спаси Сају, но при тоа ја губи тргата на Тетратката. Полицијата подоцна се обидува да ја поврати и успева во тоа. Но, како последица на експлозијата која ја прави Мелло при обидот за бегство, умира татко му на Лајт, Соичиро Јагами(Soichiro Yagami). Неар се сомнева во вториот Л дека е Кира, со што прави и останатите членови на полицијата отворено да се сомневаат во него. Воочувајќи ја опасноста да биде откриен, Лајт ја тера Миса да се откаже од сопствеништвото на нејзината Тетратка.Тој потоа го наоѓа својот наследник, Теру Миками, силен, скоро и полуден поддржувач на Кира, кој го убива последниот портпарол на Кира поради сопствената лакомост и дозволува Неар да избега од толпата поддржувачи на Кира. Миками подоцна ангажира нов портпарол на Кира, Кијоми Такада, новинарка и поранешна девојка на Лајт од деновите на колеџ. Теру Миками и Кијоми Такада продолжуваат да убиваат криминалци, додека Лајт не е во состојба да го прави тоа. Кијоми подоцна е киднапирана од страна на Мелло и е принудена да го убие со скриено делче од Тетратката. Лајт потоа ја убива Кијоми со цел да избегне таа да укаже на него откако ја користи Тетратката за да го ликвидира Мелло. Миками, несвесен за оваа случка, го пишува нејзиното име во Тетратката, откривајќи ја пред членовите на СПК. Неар ја заменил оригиналната Тетратка со лажна, и во финалната конфронтација со Лајт, добива можост да докаже дека Лајт е Кира. Согледувајќи дека Лајт изгуби, Ријук му го запишува името во својата тетратка, убивајќи го со срцев удар(природна смрт со која Шинигамите/богови на смртта/ ги завршуваат животите на тие што ќе ги пишат во својата тетратка,Тетратката на Смртта/The Death Note).
deathnote-death-note-1386261-1024-791.jpg


Дали некој ја гледал оваа аниме серија? Или пак ги читал стриповите?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto and emzzy

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ако имаш линк за даунлоад на стриповите, прати ми во порака. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас како аниме фан, оваа серија ми е во Топ 5. Од секој аспект (синхронизација, анимација, музика, приказната) ми се допадна. Се соживив со приказната, па и со ликот Light. Пред да почне серијата, гледајќи го онака досадно и исфрустриран во себе си си повторува како му е здосадено, секој ден истото та истото... ми се случува и мене тоа понекогаш. :)

Се соживив со ликот Yagami Light па ми стана еден од поомилените аниме карактери.
Карактерот на Light најмногу ми одговараше, затоа што како и тој јас секогаш мислам дека сум во право. Секогаш си правам филмови можни сценарија, како што тој унапред ги планираше работите.

Би звучел како некој мекушлав... но мразам насилство иако често пати како мал сум се нашол во ситуации физички да се пресметувам.

Го гледав на почеток како му е здосадено од се и си зборува во себе си - Како светот е досаден односно животот, и се едни исти работи се случуваат, не е авантурист човекот, повлечен.... сличен тип како мене. Ми се допадна начинот на кој тој ја употреби таа (evil) моќ. Да ги казнува криминалците, да создаде еден мирен и удобен свет или околина барем онаа што го опкружува.

Единствено што не ми се допадна кај него е што таа моќ на некој начин го "заслепи". Почна да станува бесчувствителен, дури и до границата да го жртвува своето семејство за да ги постигни овие цели..
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Го имам гледано. Одличен е . Мора да се изгледа.
Се раскажува за Јагами Лајт кој е најдобар ученик во генерацијата. Еден ден тој на земјата наоѓа тетратка на која пишува Death Note или Тетратка на смртта. Тој ја зема. Внатре пишува дека ќе умре секој чие име е напишано во тетратката. Лајт се обидува и навистина успева. Затоа тој решава со помош на тетратката да го чисти светот од криминалци и.т.н.
Приказната е одлична, ликовите се одлични, анимацијата е одлична, музиката е одлична. Од мене, 10/10.(y)
Инаку, за оние кои го гледале, само мене ли Лајт ме потсеќа на Хитлер?

А на Knife сигурно омилен лик му е Ел (L), нели? Барем така изгледа според аватарот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133