Charmed

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Charmed%20Sisters%202.jpg

Волшебнички (Charmed) е американска телевизиска серија, продуцирана од Арон Спелинг. Се работи за три сестри кои се најмоќните добри вештерки во светот, во натприродната заедница познати како „Волшебничките“ (The Charmed Ones), но за сите други познати како Халивелови. Секој сестра поседува уникатни магични моќи коишто растат и се развиваат за време на нивните животи. Волшебничките живеат заедно во куќата на своите предци и ги користат своите натприродни моќи во борба против вештери, демони и други мрачни сили што живеат во Сан Франциско, Калифорнија.

Приказната за Волшебничките започнува кога трите сестри Халивел — Пруденс (Prudence), Пајпер (Piper) и Фиби (Phoebe) — се смируваат и повторно се соединуваат како сестри со враќањето на Фиби одЊујорк 6 месеци по смрта на нивната баба. Истата ноќ, љубопитноста ја убедува Фиби да види што се крие на таванот. Таму Фиби открива една стара дебела книга со чуден знак на дебелите правливи корици. Читајќи еден мал текст од книгата, Фиби ненајдено изрекува магија која исполнува едно пророштво и благодарение на ова пророштво всушност сестрите дознаваат дека се волшебнички. Книгата се нарекува Книга на сенките (Тhe Book of Shadows).
Тие откриваат дека поседуваат натприродни моќи, но и дека потекнуваат од познати вештерки. Првата од ова колено на вештерки, Мелинда Ворен, поседувала три моќи: моќта да помрднува предмети со својот ум (телекинеза), да го запира времето и да гледа во иднината. Но, за жал, Мелинда подоцна била убиена, т.е. изгорена. Како и да е, пред да умре, Мелинда предвидела дека секоја идна генерација на Ворен (подоцна Халивел) ќе станува сѐ посилна и посилна, сѐ до крајот додека не дојдат трите сестри - најмоќните добри вештерки што некој некогаш ги има видено. Тие три сестри ќе го исполнат древното пророштво и ќе се создаде т.н. „Моќ на трите“, најсилната волшебна сила што некогаш се родила.


Дали ја пратевте оваа серија?? Мене ми е една од поомилените и често знам пак да си ја гледам :)
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
Ја пратев кога бев помала. Омилени ми беа.
Со уште 2 другарки си игравме волшебнички, пишавме во една тетратка (книга на сенките :D), правевме напитки и магии за наставниците што не нервираа.
Јас бев Пајпер. Добри времиња беа тоа. :D
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Најстарата од трите сестри се жртвува за да ги спаси другите па ја наоѓаат нивната полусестра... и пак се три т.е. Моќта на трите е пак тука...
ах времиња... кога си бевме млади и убави а сега останавме само убави ... ех да се вратиме десетина години наназад кога немаше шпанско турски серии и кога се на тв бар вредеше да се гледа... јбг гледам и сега фокс лајф и фокс крајм ама не е тото...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Еј серијавааа! Ја пратев од почеток до крај, супер беше. Се сеќавам едно време (ако не и цело време), во недела навечер ја даваа, и таман пред спиење и утредента во школо муабетење за епизодата. :rolleyes
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
One of my favorites. :) Лани ја даваа на Алсат и ја глеав по вторпат. Додуша повеќе заради секси типците гледав... :p

julian mcmahon.jpg ivan sergei.png kerr smith.jpg eric dane.jpg victor webster.png

мх мх мх
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Ааааа серијава.. ја гледав цело време.. ногу беше интересна :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
мн убава серија со нетрпение ја цекав секоја нова епизода сите беа добри и убави ама пајпер е нај :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie and Luckky

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Не испуштав епизода, омилен филм ми беше. Татко ми ме лажеше имало дома таква книга со магии, колку само ја барав.
Фиби омилена ми беше, и се внесував со серијата како да сум таму со нив.
Минатата година симнав 1вата епизода да се потсетам, но лоша снимаката и ја оставив, ако најдам време летото ќе ја гледам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky