Call Center

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Многу тренди е во последно отворањето на Call Center-ите. Значи, работата се одвива на тој начин што, Ви е даден телефон и имате цел да ја наговорите личноста од другата страна да пристапи кон одредена цел (бизнис можност, продавање) или како информатор за правни работи. Без разлика на претходното, Ви се кажува дека ако работите добро и успевате ќе добивате и бонуси како додаток на плата (една лага, зависно од перспективата на тој што чита) и истовремено ги имате сабота и недела како слободни денови во неделата. Ама, ако е така добро, зошто тогаш тие Call Center-и траат толку кратко, брзо се затвораат, примаат и испуштаат работници - и тоа добри работници (луѓе кои таму биле 1-2 години)? Зошто истовремено, огласите за вработување им се постојано отворени, гарантираат добра работа и заработувачка, а кога ќе те земат на обука (има случаи) одиш 2-3 недели, а по можност и месеци? Сакам да дискутираме на оваа нова тренди можност за заработка и правење на кариера (ако можи така да се наречи)..

Дали можи некој да сподели искуство и истовремено добро да објасни?
 

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
Си реков никој нема да напиши ништо.. За било каков Call Center, целта ми беше да дознаам од другите..
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,154
7,681
1,183
земјата на чудата
Јас работам како coach/trainer во еден call center за Vodafone(Телефонска компанија во Германија).
Call center е место во кое постои голем притисок,големи очекувања, големи цели од страна на шефовите.
Стресот е дел од работата. Кој сака и знае да работи во стрес е добредојден во call center. Постојат различни видови на call center скоро секоја голема фирма има свои неколку центри кои работат за неа.Најчесто call centar е место во кое се продава.Јас на пример изучувам продавачи на договори,телефони,продолжуваме договори итн.Ги учам луѓето кои немаат појма од продавање да продаваат. Ја сакам работата која ја работам иако ме исцрпува често.Атмосферата е фамилијарна.
Барем кај нас е така. Одлична работа за студенти, за пензионери, за жени кои имаат деца или пак за млади без план во животот,како и меѓувремена работа.
Важно е редовно да се паузира(често да се оди на одмор) и неуспесите да се гледаат како предизвици и нормално работата да се остави на работа тс да не се носи целиот стрес дома.
За секој продаден договор добиваш одредени премии(секоја фирма има свои норми).
Кога си во просекот на тимот во кој работиш или погоре исто така добиваш премии.
Ако си испод просекот,премиите се кратат.
Ако те интересира нешто подетално, прашај ме,че да ти кажа':)
 
Последна промена:

Ranta

Истакнат Член
22 октомври 2015
73
27
118
денес добив оДка3 от кол центаро. од канцелариски работи нај-тешка работа, mе мрзи за граматика. ко си пишала на темава ја веќе су градел/а кариера .. фала за намерата да помогниш, ама искрено се здобив со посакуваното искуство и нешто поќе-- не одете кол центар ако знајте друго да прајте пена ќе пуштите и мозоко ќе ви е кашкавал.

пресно отпyшен кол центар ејџент <3
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,212
2,301
1,153
Skopje
www.facebook.com
од секогаш ме интересирало кај работат овие луѓе т. е си има посебни канцеларии или од дома работат?
Мислам за огласи каде што се бараат оператори за друга земја.
А патем огласов за домашниов пазар е или за надвор? Бидејќи во огласот не видов да бараат познавање на некаков јазик.
 

MarijaVidex

Нов член
24 март 2017
5
2
3
26
од секогаш ме интересирало кај работат овие луѓе т. е си има посебни канцеларии или од дома работат?
Мислам за огласи каде што се бараат оператори за друга земја.
А патем огласов за домашниов пазар е или за надвор? Бидејќи во огласот не видов да бараат познавање на некаков јазик.
Има посебни канцеларии каде ќе работат операторите. Операторите се за потребите на една наша фирма, зборувам конкретно за овој оглас. Нема потреба од познавање на втор јазик, бидејќи со корисниците ќе се комуницира на мајчин јазик.
 
  • Like
Реакции: escape

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,212
2,301
1,153
Skopje
www.facebook.com
Има посебни канцеларии каде ќе работат операторите. Операторите се за потребите на една наша фирма, зборувам конкретно за овој оглас. Нема потреба од познавање на втор јазик, бидејќи со корисниците ќе се комуницира на мајчин јазик.
А има можност за работа од дома за истиот оглас и дали се примаат студенти во последната година од студиите за кандидати?
 

MarijaVidex

Нов член
24 март 2017
5
2
3
26
А има можност за работа од дома за истиот оглас и дали се примаат студенти во последната година од студиите за кандидати?
Имаме огласи и за работа од дома.. www.rabota.mk се наоѓаат огласите кои се отворени. Слободно погледнете ги, или контактирајте ме на: media@videx.mk ќе ви ги испратам засебно.
 
  • Like
Реакции: escape