Big Brother USA 18

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Американската верзија на Големиот Брат е доста подобра од Британската (според која е правен и нашиот балканскиот). Ми се допаѓа тоа што учесниците во целина се млади и привлечни луѓе, за разлика од кај нас кај што во глобала се е така постаро.
Секоја недела натпреварувачите се дел од натпревар чијшто победник станува HOH (Head of Household или на наше Главен на куќата). Покрај луксузот кој го добива, тој има должност да номинира двајца станари. Најчесто едниот е некој добар во натпреварите, физички јак или брз, или пак доколку е малку чкљ тогаш оди кон послабите со цел 'i don't wanna blood on my hands'. Следува натпреварот за Power of the Veto на кој учествуваат шестмина станари: главниот станар, двајцата номинирани и тројца станари кои се извлечени преку ждрепка. Тој што ќе победи може да спаси некој од номинираните или пак да не го искористи тоа право. Секоја среда по еден станар излегува, сите станари имаат право да гласаат кој сакаат да си оди, освен се разбира номинираните и главниот станар (кој гласа само во случај двајцата номинирани да имаат еднаков број на гласови).
За разлика од Британскиот (и нашиот) Голем брат, тука станарите слободно може да си зборуваат за номинации и кој сакаат да го исфрлат.
Секоја недела има и по четири Have Nots кои најчесто се четворицата најслаби во натпреварите, кои мораат да издржат цела недела само на некаква slap (незнам каква е оваа храна, ама знам дека не е добра за јадење), се тушираат само со ладен туш и спијат во посебна соба најчесто доста неудобна.
За разлика од кај нас, тука нема многу секс иако често можат да се видат романси меѓу натпреварувачите. Се се сведува на игра, да создадеш голем клан и некако да допреш до final 2. Кога ќе дојдат до последните двајца, последните девет станари кои ја напуштиле куќата, гласаат за тоа кој да биде победник.

Дали сте го гледале некогаш Американскиот Голем Брат?
Дали ја следите моменталната, 18-та сезона?
Доколку ја следите тогаш кој е вашиот фаворит?
Мислите ли дека е подобар од Балканскиот или не ви се допаѓа ниту едно од овие реалити шоуа?

Учесници на Big Brother 18.
-big-brother-18--cas.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Многу ми се глупи вакви шоуа, не е битно дали Американски, Британски, Индиски. Собрани луѓе кои немаат што да прават со животот и се глупираат до бесконечност. Тој па тука што го даваа леле, тоа беше за никаде. Па дури и фанови имаше тој нашиот што победил, п***р некој луд. Не се нормални жими се.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Многу ми се глупи вакви шоуа, не е битно дали Американски, Британски, Индиски. Собрани луѓе кои немаат што да прават со животот и се глупираат до бесконечност. Тој па тука што го даваа леле, тоа беше за никаде. Па дури и фанови имаше тој нашиот што победил, п***р некој луд. Не се нормални жими се.
Нашиот голем брат е глуп пошто немаат доволно средства да прават такви големи натпревари и постојано му даваат некои задачи глупости. Овде натпреварите се баш интересни, мене искрено ми е интересна и психологијата на луѓето. Како размислуваат, планови, буквално се што барам од едно шоу е прикажано тука. Не како кај нас само оговарање и пиење и паѓање секс. Ова е нешто поинаку.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Нашиот голем брат е глуп пошто немаат доволно средства да прават такви големи натпревари и постојано му даваат некои задачи глупости. Овде натпреварите се баш интересни, мене искрено ми е интересна и психологијата на луѓето. Како размислуваат, планови, буквално се што барам од едно шоу е прикажано тука. Не како кај нас само оговарање и пиење и паѓање секс. Ова е нешто поинаку.
Во американскиов не се сексаат?