- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,018
- 1,683
Arrow и The Flash се 2 серии кои се дел од The CW Network тв каналот. Arrow започна со емитување на својата прва сезона во септември 2012 година, додека пак The Flash започна со емитување истиот период оваа година.
Во Arrow се работи за еден млад богаташ Оливер Квин кој ќе доживее бродолом заедно со својот татко и неговата љубовница (сестрата на неговата девојка) и поради тоа, ќе се претпоставува дека е мртов. Но, после 5 години тој се враќа назад во својот град - Starling City, но сега е променет човек кој ќе започне да ги користи своите нови вештини во борење против негативците во градот. Неговиот главен атрибут се лакот и стрелата.
Arrow ми се допаѓа поради тоа што тој е херој кој нема супер моќи, а се бори против злото во својот град. Ми се допаѓа зошто иако ги пратиме моменталните случувања со Оливер, постојано се навраќаат на одредени моменти од периодот поминат на островот (но, како што подоцна можеме да видиме, островот е само мал дел). Ми се допаѓаат и другите ликови, најмногу Фелисити - паметна, убава, слатка, духовита. Во втората сезона на Arrow, го претставија ликот Бери Ален - човекот кој ќе стане The Flash.
Бери Ален се буди после 9 месеци поминати во кома, отткако е погоден од гром. Во тој момент, тој открива дека громот кој го погоди му дал супер моќ - екстремна брзина. Заедно со доктор Харисон, Кејтлин и Сиско, тој се бори против мета- луѓето - оние луѓе кои исто така добиле супер ноќ за време на бурата предизвикана од неправилната работа на particle accelerator-от пред 10 месеци.
The Flash ми се допаѓа зошто секоја епизода запознаваме нов мета-човек со своја посебна моќ. Исто така, серијата има и хумористични моменти. Најмногу од се ми се допаѓа тоа што повремено ги внесуваат ликовите од Arrow, а особено ми се допадна епизодата Flash vs. Arrow која беше емитувана вчера како дел од The Flash серијата.
И двете серии се направени според стрипови.
Дали ги пратите овие серии? Дали ви се допаѓаат?
Што е тоа што (не) ви се допаѓа?

Последна промена: