Ancient Aliens

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ancient Aliens е серија документарци во која неколку истражувачи споредуваат, кажуваат, раскажуваат, докажуваат за наводни посети на земјата од вонземјани во некои дамнешни времиња. Нивната теорија е дека се она мистично што се случило, изградило или направило кај нас, а немаме логично објаснување е дело на вонземјани кои дошле да ја споделат својата интелигенција со нашите предци и редовно не посетувале, помагале, истражувале па дури и се размножувале.

Темата ја отворам пошто баш ме занима кое е вашето мислење за серијава ако сте ја гледале. Верувате ли во она што го кажуваат?

Јас ја изгледав по стотина препораки, некој мислам и ја има спомнато низ темите за вонземјани, ама некако сум скептик во врска со фактите што ги даваат. За секоја теорија имаат како доказ некој цртеж или статуетка што личела на марсовец, а се разбира дека не мора да значи ништо, нив им личи на вонземјанец. Патем нив се им изгледа на летачка чинија и на вонземјани. Ок, има и некои логични работи, ама уствари испаѓа дека се, ама баш се е дело на вонземјани.

- Исус бил зачнат од вонземјанец, Арката на Ное била уствари банка на ДНК и се разбира тука помош имал од вонземјани, сите фараони биле дојденци од друга планета, или бар мешани од земјак и вонземјанец, ангелите се вонземјани, боговите исто така, вонземјаните ги изградиле пирамидите, оставиле 13 черепи кои ги знаат точните информации за нив, летале со авиони 10000 год п.н.е, користеле атомски бомби, патувале и истражувале...Сите се вонземјани и се е дело на вонземјани.

Па имаше и една теорија дека уствари нема вонземјани, него патници низ времето и дека се она што денес го истражуваме а ни е мистично и нелогично да е направено во одредено време со одредена технологија, т.е без технологија е ни помалце ни повеќе него потшепнато и потпомогнато од нас самите кои сме се вратиле во минатото за сами да си се збуниме во иднина. Кој пресврт :)

Иначе сигурно знаете еден од типциве што зборат од мемето во спојлерот.
11837275.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Пред неколку години, ги изгледав првите 2 епизоди и иако можеби не е доволно за да дадам вистинско мислење, сепак ќе кажам: уште од првата воведна епизода почнав да размислувам дека можеби некогаш на оваа наша планета пристигнале вонземјани. Имаше неколку чудни работи, како оној најстариот пронајден град каде што градбите се содадени со перфектно изработени (laser like пресечени) коцки (заборавив од што материјал) или пак, некои праисториски слики каде што се претставени луѓе во астрономска облека. Моето мислење дека можеби некогаш дошле вонземјани делумно е засновано на оваа емисија, иако ќе повторам имам изгледано само 2 епизоди. Убаво ме потсети, може ќе и се вратам на документарнава серија деновиве...

Едит: еве го тоа за градот што зборувам, станува збор за Puma Pumku во Боливија.


П.С. Колку ми е смешен тој гркот, увек е најентузијастички настроен. :rofl
 
Последна промена:

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
И јас ги гледав секој ден, се додека не ја ислкучија National. Иначе супер серија, и мене ме интересираат вакви работи и затоа не пропуштав епизода. За верување што знам, за некои работи можеби стварно е вистина, сепак убава е серијата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Темата ја отворам пошто баш ме занима кое е вашето мислење за серијава ако сте ја гледале. Верувате ли во она што го кажуваат?
Не ја пропуштав серијата,не поради тоа што ќе го кажат,туку поради интерсните места кој се прикажуваа.
Нивните толкувања дека секој изграден објект или настан кој се случил поврзувајќи го со некакви вонземјани,за мене е само интересна приказна.
Раскажуваа полни со елан,цврсто убедени дека тоа е тоа и ништо друго,што на моменти делуваше дека е хумористична серија.:zelen
Сепак ги почитувам поради вложениот труд да дадат каков таков "реално" прифатлив одговор за се она што го направиле луѓето од минатото.
За жал не ме убедија во нивната теорија,можеби поради тоа што не отстапуваа од физичкото толкување на работите.(како што беше за змијата Кукулкан)
:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Исто имаше една епизода во првата сезона за некој остров на парите каде некој (вонземјани де) порано направил оооогромна јама со многу замки и ептен мудри подземни тунели и не знам што, па мислам дека некаде околу 6 души умреле обидувајќи се да влезат внатре, т.е да се симнат најдоле за да видат што точно и што толку битно се крие таму. Ептен интересна епизода беше таа, ако ја најдам ќе ви ја пратам, ако некој друг се сети за нејзе нека ја сподели или ако знае за островот нека каже нешто повеќе.
Овие нашиве експерти од документарциве кажуваа што може да има внатре. Или еден од тие черепите кои откако ќе се најделе сите кои патем биле сокриени низ целиот свет и ставени заедно на исто место давале битни информации за нашата историја, за тоа како сме настанале или па ковчегот на Мојсеј во кого Мојсеј ги чувал заповедите што му ги напишал Бог, упс вонземјаните се извинувам...
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Исто имаше една епизода во првата сезона за некој остров на парите каде некој (вонземјани де) порано направил оооогромна јама со многу замки и ептен мудри подземни тунели и не знам што, па мислам дека некаде околу 6 души умреле обидувајќи се да влезат внатре, т.е да се симнат најдоле за да видат што точно и што толку битно се крие таму. Ептен интересна епизода беше таа, ако ја најдам ќе ви ја пратам, ако некој друг се сети за нејзе нека ја сподели или ако знае за островот нека каже нешто повеќе.
Овие нашиве експерти од документарциве кажуваа што може да има внатре. Или еден од тие черепите кои откако ќе се најделе сите кои патем биле сокриени низ целиот свет и ставени заедно на исто место давале битни информации за нашата историја, за тоа како сме настанале или па ковчегот на Мојсеј во кого Мојсеј ги чувал заповедите што му ги напишал Бог, упс вонземјаните се извинувам...
За Островот на Дабовите сигурно мислиш. Се наоѓа на брегот од Канада. Сум читал за тоа, јас го знам како јамата со пари. Била длабока околу 50 метри, и како што кажа, имала подземни тунели кои воделе до морето и кога ќе копал некој и ќе ги турнел камењата од отворот, и се полнела јамата со вода. 3 умреле од задушување од отровниот гас на пумпите со вода, сакале да ја испумпаат водата но секогаш надоаѓала. Мене најверна теорија ми е дека било закопано злато кое го краделе пиратите. Но од друга страна, премногу вешто и паметно е направена за да е од пирати. Којзнае што е. :)

Тој остров е да. Дабовиот остров.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Pica pica