Aнтиперспиранти

Doozy

Полноправен Член
26 февруари 2012
63
51
18
Tука некаде ...
Во темава би сакала да ги споделите вашите искуства со разните производи кои се наменети да го спречуваат потењето. Денес на пазарот ни се нудат најразлични козметички средства, па доколку имате некое лошо искуство или би сакале нешто да ни препорачате - слободно пишете.
 
  • Like
Реакции: Alley3112

x3m

Активен Член
17 февруари 2012
137
169
43
Скопје
Rexona - Cobalt - life saver
Можеби на црни алишта остава бели дамки, ама никогаш, никогаш, нема да мирисате во текот на наредните 24 часа.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Рексоната не знам зошто ми создава јадежи.
Абе ќе се прснам под мишка, и почнува толку ужасно да ме чеша ко да пицајзли изведуваат садо-мазо сесија.
А непријатно е, да се расчешаш....мислам сликава само, сред канцеларија да дигам раце да се драпам ко да чекам вода од некоја маалска цистерна па не сум туширана :frown

Погоден ми е овој лејди спид стик со алое што е, алоето воопшто ми влијае многу убаво на кожата бидејќи употребувам и друга козметика со алое. И нивеата, она драј мај како беше ми е таман.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Nivea ми се ептен убави 24 часа нема да замирисате.
многу убаво ми мириса и најубав до сега од нивеа и nivea invisible.
Од рексона и фа за антиперспиранти не сум задоволна.
 
  • Like
Реакции: Sugar and mAcIkA

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
РЕКСОНА користев долго време ..ама почнаа да ми се појавуваат црвени отоци и многу ме болеше:confused: Од тогаш ФА си користам..свежо ми мирисаат ептен..:biggrin
 
  • Like
Реакции: filigran