1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

666 - Бројот на Ѕверот

Дискусија во форумот 'Досие X на форумот' започната од Bloody Jesus, 28 февруари 2012.

  1. Bloody Jesus

    Bloody Jesus Нов член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    17
    Допаѓања:
    13
    Постои популарно сфаќање, делумно поради не-информираност или поради суеверие дека бројот 666 е број на Ѓаволот, односно Сатаната. Неупатените луѓе ваквото верување го поткрепуваат со авторитетот Јован Богослов и неговата Апокалипса. Во неа во глава 13 стих 18 се вели: "Тука е мудроста, кој има ум нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест".
    Штом се работи за света книга, кај покорниот верник нема место за истражување и сомнеж. За жал малкумина од луѓето знаат дека Библијата е чиста кабалистичка книга.
    Тајната наука на евреите, Кабалата, била привилегија само на најупатените рабини и се пренесувала од уста на уво. За адептот кој е упатен во Кабалата се говори дека од неговата утроба излегуваат реки со жива вода. Сите свети книги се шифрирани и не можат да се толкуваат буквално. Слепата вера е спротивставена на нашиот Научен Илуминизам и е одлика на глупоста.
    Исто така, светоста на една книга зависи од рангот на кабалистот, т.е. адептот. Кроули на едно место спомнува дека повеќето еврејски рабини не биле комплетирани адепти од највисок ранг, можеби со исклучок на Мојсие. Така Јован Богослов бил член на секта која ги мразела Николаитите, нивните ривали. Таа омраза и секташко препукување кај Витлеем Корал нашла место и во Апокалипсата. Како и да е, неговите визии се преполни со кабалистички симболи и не можат да се сфатат без да се познава главната матрица од која се извлечени.
    Во еврејскиот алфабет, секоја буква има број и име. Буквата V = w (W), т.е. Вав, во алфабетот има бројна вредност 6 и е припишана на сферата на Сонцето на Дрвото на Животот. Во нашиот микроуниверзум, тоа е соларниот плексус (важен сплет на садови одма под дијафрагмата). Дел од атрибуциите на Сонцето, Изворот на Животот, го вклучуваат срцето, разумната душа наречена Руах; од металите е златото; во светот Асиах бојата е жолта, од животните е лавот итн. Буквата Вав значи Син, а Исус бил син божји и Ново Сонце. Ова е само најминорен пример на кабалистичките темели врз кои е поставена Библијата.
    Бидејќи според Кабалата има 4 света на постоење, божествениот Ацилут, ангелскиот Бриах, формативниот Јецирах и Асиах, секоја планета има по еден број за секој од овие светови.
    Првиот број го дава боженственото име, вториот архангелското или ангелското, третиот се однесува на формативниот свет Јецирах, четвртиот името на духот (или слепата сила).
    Магиските квадрати на планетите се прастари. Меѓу другото се заслужни и за создавањето на шахот. Тоа ги навело одредени свештеници дури и да дигаат узбуна дека шахот е измислица на ѓаволот.

    Покрај 6, другите броеви на Сонцето се, неговиот квадрат 36, збирот на броевите од 1 до 36 (1 + 2 + 3 . . . + 35 + 36 = 666) и 111, кој е третиот број на Сонцето, односно збир на сите редови и колони во магискиот квадрат на Сонцето;

    Магиски квадрат
    на Сонцето
    Збирот на броевите од привиот ред е:​
    6 + 32 + 3 + 34 + 35 + 1 = 111​
    но исто и на другите редови е 111.​
    Збирот на првата колона е:​
    6 + 7 + 24 + 13 + 25 + 36 = 111​
    исто така и на другите колони збирот е 111​
    [​IMG]
    Големиот Ѕвер од Апокалипсата е, всушност, Сонцето, кое е одраз и симбол на Сеопштиот Креатор. Кроулиевото поистоветување со 666 датира од негова најрана возраст. Неговите родители биле членови на христијанската секта Плимутски Браќа, секта слична на Јеховините Сведоци, во која се верувало дека само тие се избраните, а останатите ќе горат во пеколот. Кроули бил доста жив и немирен, а таквиот темперамент ја инспирирал мајкаму да го нарече ѕвер, според Големиот Ѕвер од Апокалипсата. Подоцна Кроули ја открива окултната симболика на Апокалипсата и ја презема неговата мисија како пророк и син на Сонцето. Неговото магиско име Мајстор Терион (Т=400, Е= 5, Р=200, И=10, Н=50) има вредност 666, а во сето ова добро се вклопува и неговиот подзнак или асцендент Лав, кој исто така е припишан на Сонцето. Уште повеќе, симболиката на 666 му се појавува со примањето на Книгата на Законот и со откривањето на Стелата 666 во Музејот Булак во Египет.
    Во Кабалата 666 е број на:
    • Духот на Сонцето Сорат SVRTh = 666 (S=60, V = 6, R = 200, Th = 400)
    • ANKH-AF-NA-KHONSV(T) = 666 (Име на Египетски Свештеник, кој бил поранешна инкарнација на Кроули.
    • NVThIRV (Нутеру = Богови) = 666
    • Името Исус на хебрејски ShM IHShVH (hwchy sc) има вредност 666
    Исто треба да се напомене дека Хексаграмот е симбол на Сонцето, бидејќи е составен од 6 линии, а секоја линија е поделена на 3 дела т.е имаме 6 х 111 = 666.
    666 е симболизиран и од буквата Шин (c), која е составена од три Вав-а www и тоа е еднакво на 666.
    Во 666 ние не гледаме никаков ѓаволски број, од проста причина што во Телемата не постои Сатана. За нас 666 е симбол на нашиот татко Ѕверот т.е. Сонцето.
    Постојат три Сонца во едно, говори последниот пагански иницијант, императорот Флавиј Јулијан во неговата химна на Митра. И токму на таа ѕвезда е пророк Алистер Кроули.
    Благослов и обожување за пророкот на милата Ѕвезда! (Liber AL II:79)
     
  2. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Бројот 666 исто така се спомнува во Евангелијето според Јован (Откровеније) и имаше нешто поврзаност со доаѓањето на ѓаволот на овој свет и хаосот што ќе настане со самото негово доаѓање.
     
  3. Podem

    Podem Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    355
    Ископирај го целиот текст, ова е само дел од него. Ако сфати некој, арно, ако не, нека лудува на трите шески до крај на живот.
     
    На ~ Скарлетка ~ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cakar_ulav

    cakar_ulav Староседелец

    Зачленет на:
    20 февруари 2012
    Мислења:
    1,566
    Допаѓања:
    1,926
    мое мислење тоа е само број и не означува ништо
    такада тоа се само глупости исмизслени за перење мозоци
     
  5. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Bloody Jesus

    Сеа Терион или Терин? Претпоставувам си испуштил О = 1.
     
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Јас мислам дека глупости се ова со бројкиве.
     
  8. 990Freak

    990Freak Староседелец

    Зачленет на:
    12 март 2012
    Мислења:
    1,274
    Допаѓања:
    1,911
  9. Хептаграм XI

    Хептаграм XI Староседелец

    Зачленет на:
    26 мај 2013
    Мислења:
    1,723
    Допаѓања:
    880
    Па ни извор, па ништо... цел текст ми ископирал од блогот!
    Немаат почит младите за нечиј труд... :)
     
  10. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 ноември 2017
    Мислења:
    606
    Допаѓања:
    345
    Пред 6 години...ехеееј, да не си тоа Хепта, па си заборавил како си се викал:D
     

Сподели: