10 причини зoшто да престанете со диети

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Сте се запрашале некогаш зошто е тешко да се остане на диета и да се изгуби некој килограм ? Постојат многу причини зошто не работат, а уште повеќе причини зошто да се откажете од нив. Ако веќе не го памтите бројот на диети кои сте ги пробале, време е да престанете со тоа и да почнете да го практикувате стариот и докажан начин за намалување телесна тежина - со тренинг во теретана и мали промени во храната.

1 - МНОГУ ОД ДИЕТИТЕ НЕ ДЕЛУВААТ

Проблемот со многуте диети е тоа што многу се специфични за да се прилагодат на нашиот секојдневен живот. Тие ви кажуваат што да јадете и кога, но не се земаат во предвид индивидуалните обврски, начин на живот и работите кои може да се обезбедат, а се потребни од диетата. Запомнете дека намалувањето на телесна тежина и фит форма е нешто што трае долго време, т.е тоа е начин на живот.

2 - МНОГУ ОД ДИЕТИТЕ СЕ СМЕШНИ

Привремените диети, како што се диетата со зелка, или холивудските диети, користат методи со гладување за да се ослабе, и доколку не сте знаеле тоа се тотално погрешни и нездрави начини на слабеење. Диети кои забрануваат една или повеќе врсти на храна треба да се последни на листата на диети кои треба да ги практикувате, затоа што ќе имате недостаток од потребни хранливи материи и слабеењето ќе биде само привремено. Зошто да си го трошите времето ?

3 - НЕКОИ ДИЕТИ СЕ ТОТАЛНО НЕЗДРАВИ

Не се сите диети нездрави, но има голем дел од нив кои забрануваат цела група на храна да се внесува, со цел да се намали телесната тежина. Научниците често прават забуни дали овие диети се здрави или не, но не треба да сте многу паметни за да сфатите дека се потребни протеини, јаглехидрати и масти во еден режим на исхрана за да слабеете здраво. Диетите кои се ниски со масти или калории не се здрави, и ако диетата е премногу рестриктивна, нема да ја следите.

4 - ДИЕТИТЕ НЕ СЕКОГАШ СЕ ПРИЛАГОДЕНИ НА ВАШИОТ НАЧИН НА ЖИВОТ

Многумина од нас се презафатени и немаат време да купуваат специфични видови на храна и да бројат калории како што наложуваат диетите. Ако диетите бараат многу работи од вас кои неможе да ги исполнувате, што мислите колку време ќе ја пратите таа диета ? Може да изгубите килограми без некое посебно броење на калории, да одберете храна која содржи помалку калории, и да вклучите тренинг во теретана или кардио тренинг. Ако ви треба некоја подетална диета, одберете некоја која ќе ви одговара на вашиот начин на живот.

5 - ДИЕТИТЕ ПРАВАТ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ НЕУСПЕШНИ

Голем дел од диетите се толку сложени и рестриктивни, што речиси загарантирано е да неуспеете . Треба да сфатите дека нагли промени во вашите навики преку ноќ нема да сменат многу, за тоа потребен е временски период. Правете постепени и мали промени и дајте си време за да почне да се одвива слабеењето. Дајте си себе време да ги промените лошите навики. Ако пратите некоја диета, одберете еден дел на кој ќе се посветите додека не го промените (на пример, пробајте да имате здрав оброк наутро, додека другите оброци се вообичаени). Потоа продолжете на следен дел.

6 - ДИЕТИТЕ ГО ПРАЗНАТ ПОБРЗО ВАШИОТ ЏЕБ

Диетите за намалување тежина се голем бизнис. Запомнете, луѓето кои продаваат книги за слабеење имаат цел да ги земат вашите пари и да направат голема куќа во Беверли хилс. Мислите дека некој е загрижен за вашата среќа и здравје, освен вас ? Не. Бидете скептични околу книгите и диетите секојдневно што ги среќавате.

7 - ДИЕТИТЕ СЕ ПРИВРЕМЕНИ

Здрав начин на живот и фитнес не се опција за комбинација со некоја екстремна диета. Дури и ако пратите некоја стрикна диета, многу брзо ќе се откажете кога ќе почнат кризите за вашата омилена храна (а тоа ќе се случи ако диетата е премногу рестриктивна). Ова значи дека ќе изгубите телесна тежина, но веднаш ќе ја вратите од кога ќе ја прекинете диетата. Зашто да го трошите времето на овој начин ?

8 - ДИЕТИТЕ ЈА ТРОШАТ ВАШАТА ЕНЕРГИЈА

Причината зашто намалувате нагло телесна тежина за време на диета е поради големата рестрикција на калории. Иако мислите дека ова е добро, премал внес на калории доведува до изнемоштеност, недостаток на енергија, дури и успорување на процесот на намалување на телесна тежина. На вашето тело му е потребна енергија за намалување телесна тежина, и ако не добие доволно вашето тело ќе ја складира како масти. Јадете неколку помали оброци во текот на денот да бидете сити и полни со енергија.

9 - ДИЕТИТЕ И ДАВААТ ЛОША РЕПУТАЦИЈА НА ХРАНАТА

Диетите најчесто ги забрануваат видовите на храна кои ви се омилени. Кога нешто ќе ви се забрани и знаете дека не смеете да го јадете, станувате опседнати дека неможе да ја јадете баш таа храна и вашата потреба е се поголема. Запомнете, нема лоша или добра храна и може да јадете тоа што сакате но ако е умерено и повремено. (За некои) Јадењето храна е едно од најомилените задоволства и може да уживате во неа без грижа на совест кога јадете умерено и повремено.

10 - ДИЕТИ НЕ СЕ ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР ЗА СИТЕ

За некои индивидуи, диетите се одличен избор ако се прилагодува на нивната цел, буџет и начин на живот. Како и да е, вакви диети не се за секого. Ако имате проблем за да се задржите на диета, тоа не значи дека проблемот е со вас или сте "проколнати" да не успевате. Најдете други начини да ги трошите калориите. Фокусирајте се на една работа во одреден период, и потоа преоѓајте на друга, на тој начин полека но сигурно ќе се навикнете на нов и здрав начин на живот.

Текстот е превземан од овде, а изборот е ваш :)
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град

А што е тогаш твојот предлог за намалување на тежината ? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
А што е тогаш твојот предлог за намалување на тежината ? :D

Работата е што се внесува повеќе калории дневно, а помалку се трошат. За намалување на тежината лесна работа, туку поради нашите лоши навики цело време ни се создаваат масни наслаги. И секогаш јас велам биди здрав(јади здраво), не гладувај. Остави килограмите на вага, битно е да се чувствуваш убаво и задоволно.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
За да се чувствуваш задоволно треба да бидеш здрав.
За да бидеш здрав, не треба срцето да ти биде залоено.

Значи не збориме за некое килограмче плус и паѓање во несвест, туку за тежина која навистина преставува закана за здравјето.
За да се доведеш во ред, не можеш да се водиш по таа идеологија дека диетите се модернистички сра*а.

ДИЕТА Е ПРАВИЛЕН НАЧИН НА ИСХРАНА ПОБОГУ!!!
НЕ Е ГЛАДУВАЊЕ.

И секако дека го подржувам тоа, зашто пред се е здраво, а освен тоа секако дека убавиот изглед ти влева самодоверба.
И не знам навистина што е хајкава против тоа, да се потрудиш да се решиш од вишкот на килограми кои ти сметаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Реми