„Современ", секојдневен македонски речник

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Пред некој ден разгледував по страницата на fakulteti.mk и го пронајдов ова. Баш добро ме орасположи. :D

Кога животот го гледаме како секојдневие, работите ни изгледаат поинаку и имаат друго значење.

Питагорова теорема на недвижности - Квадрат во центарот е еднаков на збир од квадрати на периферија од градот.

Куче – месојадец, но во повеќето случаи лебојадец.

Субјективно чувство - Кога ти чувствуваш дека имаш голем, а таа не чувствува.

Леб – Неизбежен дел од Македонската трпеза
Во продавница
- Има леб?
- Нема.
Утредента
- Има леб?
- Има, вчерашен.
- ?!?!?!?!

Моето YUGO - Ѓубре кое цела ноќ мисли како да ме зафркне утрото.

Спејсмејкер - Прдеж во градски автобус.
Во себе: ”Сега ќе пуштам еден Спејсмејкер за овој што ми легна на грбот!”

Предигра - Отворање порно слики милиметар по милиметар во времето кога брзината на интернетот беше 3kb во секунда.

Промена на генерација - Кога на бандери врз старите некролози лепат нови.

Македонска плата - количина пари со која не може да се преживее, но и не ви дозволува да умрете од глад.

Маѓепсан круг - Кога пиете затоа што немате девојка, а не можете да најдете бидејќи секогаш сте пијани.

Будење на националната свест - Кога после неколку години труење со виски, одлучувате да пиете ракија.

Балкански CSI - Ќе истече литар крв, ќе паднат документите (лична карта, возачка дозвола), 50 отисоци од прстите, маслото од колата остава траг до дома и не можат да го најдат криминалецот.

Бајтно - тоа што е осум пати по важно од битно.

Џакузи - направа која најдобро може да се продаде на оние кои пораснале со полски клозет.

Што си истурил? - прашање кое жената му го поставува на својот сопруг кога ќе го види дека доброволно ја зел правосмукалката.

И ние уметниците имаме душа - реченица која ѕидарите ја изговараат пред да отворат пиво.

Папучар - единствен лик од друштвото кој има девојка.

Исклучоци - најчесните личности во светот. Чест за исклучоците!

Претседател на куќниот совет - зградоначалник

Економска криза - кога ќе ти останат многу месеци на крајот од парите.

Извини - универзално име за келнери. Извини ќе може да наплатиш?

Недоразбирање - кога ќе ја викнеш комшивката на кафе, а таа само ќе го испие кафето и ќе си оди.

Дигитален апарат - направа која од секој идиот за 500 евра може да направи уметник.
Упатство:
1.Canon D40
2.Подесување: Auto
3.Нанишани баба во двор, мало дете на улица или одраз од очилата за сонце
4.Чкрап
5.Прикачи
6.Коментари:
- Брат, супер е! Симнувам капа!
- Не знаев дека си толку талентиран, или па не?!
- Леле, па ти си уметник!!!

Дрво пијан - состојба во која не знаете што правите и кога ви паѓаат на памет многу необични идеи.
- Еееј верверица... фати ја да и го земеме кремот!

Ќе се слушнеме - Многу добра финта за да откачите некого.
А: Се договоривме ли?
B: Да, ќе се слушнеме.

Име и прекар - Име е она што го мислиш за себе, додека прекар е она што обично си, ти се допаѓало тоа тебе или не.
- Ќебап кое ти е име на форумот?
- Казанова. А зошто прашуваш?

Видео Рекордер - бидејќи чинеше 1200 марки кога го купив, сега тоа е најскапиот часовник во мојата куќа.

Етно куќа - типична Македонска куќа со исклучена струја, вода и телефон поради неплатени сметки.

Бугарин - тоа е припадник на наш пријателски народ кој сака да биде Македонец, а живее во комшиската држава. Бугарин во Македонија е навредлив термин кој означува бедна личност која нема осет за облекување. Освен тоа кога ќе се спомне Бугарин задолжително се нагласува како во време на Југославија тие за нас беа клошари.

Наши сме – Израз кој оправдува што јадеме како стоки на семејни прослави.
- Извини што земам со рака.
- Земи слободно, наши сме

Мис Универзум - Натпревар за убавина на кој никогаш не се пријавуваат девојки од Марс, Јупитер, Венера и други планети од Универзумот.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
еве нешто од мојата колекција:

странец - Нашата баба отиде на оној свет. Сега и ние имаме нeкој во странство.
Вистински пријател - Кога ти е лош денот, да му го уништиш и неговиот.
овца - животно од кое се добива: сирење, волна и глас на избори.
друже - интро збор кој води кон барање на услуга
Стенд ап комедија - Сите седат во автобус, само ти стоиш!
 

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
Ракија-најдобар отстранувач на дамки, најсигурен афтершејв, ефикасно средство против забоболка, за триење гради кога си болен, за ставање на грло,кога си настинат и за ставање на грло кога си расположен...
Абсинт- најсилниот алкохол, или полудуваш или умираш, трето нема, сто грама абсинт, како две литри жолта....
Јегер- многу опасна ракија од треви, сабајлето очајно сакаш да ја извадиш главата од рамениците и да ја флиш...ТОЛКУ БОЛИ..
Пиво- Јачменов сок. Вавилонците го локале уште пред 4 илјади години и познавале 16 врсти на пиво. Ние денес познаваме само две..ТОПЛО И ЛАДНО...:D