„Златна пропорција" (Golden ratio) - случајност или дел од „Големиот план"?

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
27
Секогаш ми е тешко кога треба да креирам тема и тоа таква од оние по обемните, ама ајде ќе отепам уште некоја минута и за ова.

Не знам колку од вас се запознаени со Златната пропорција, низата на Фибоначи и нејзината поврзаност со човекот па и воопшто со природата. Дури и јас првпат со неа се сретнав пред година дена, а обично ја среќават оние кои учат геометрија. Така ќе се потрудам да дадам едно објаснување и вовед за тоа од каде потекнува оваа пропорција, каде се среќава и кое е нејзиното значење.

Златната пропорција е нееднаква поделба каде помалиот дел спрема поголемиот се однесува исто како поголемиот дел спрема вкупната должина, линија или величина.

За златната пропорција се знаело и 400-500 години п.н.е ако не и порано. За неа знаеле питагорејците, а ја објаснувал и грчкиот математичар Евклид во своето дело "Елементи".

Тоа е всушност односот 1:1.618

Ваквиот однос го среќаваме и во низата на Фибоначи (италински математичар) и тоа особено после тринаесетиот број од низата (до 13 соодносот е приближен до златна пропорција)

Бројките одат вака : 0 1 1 2 3 5 8 13 21 34 55 89 144 233 377 610 987 1597 2584 ....
*секој број е збир од последните два

Како шо кажав од 233/144 па натаму соодносот е фиксен и изнесува 1.618 ( патем бројот е бесконечен )

Интересно е и тоа шо подоцна Да Винчи ги искористил овие пропорции и за мерење на човековото тело. Самиот собирал лешеви и ги мерел со цел да утврди дали златната пропорција е застапена и кај човекот и погодете што, одговорот бил позитивен. За таа цел тој направил скица, многу позната како Витрувов човек.



Ако според него кога центарот и тежиштето на телото би биле во папокот, тогаш кога човекот би ги раширил рацете и нозете под одреден агол би можело да се впише кружница која тој би ја допирал со врвот на прстите и совршен правоаголник доколку рацете се хоризонтално раширени, а нозете зберени. Меѓутоа некои физичари ги наметнаа дилемите дека тежиштето на телото би можело да биде и 10см под папокот. Како и да е сеуште не е соодветно докажано.

Еве неколку златни пропорции на човековото тело:

- растојание меѓу папокот и крајот на стапалата / севкупната висина на телото
- растојание меѓу папокот и коленото / растојание меѓу папокот и крајот на стапалата
- растојание меѓу врвот на средниот прст и лактот / растојание меѓу лактот и рамото
- на прстите на раката (без палецот) кои се поделени на три дела соодносот е меѓу првите два и третиот.

Код:
http://www.svetionikislama.org/uploads/golden_ratio01.jpg
овде ги има скоро сите, само зголемете ја сликата

Овие мерења се вршени повеќепати и се покажале како точни, но сепак за мене е дискутабилно дали ваквите пропорции се застапени во сите нормални човечки суштества. Можеби ова е соодносот на т.н совршено човечко тело или главната макета по која е граден нашиот генетски код, ама сепак би требал да има и такви кои ете не се совршени.
Кога спомнав ДНК , еве нешто и за нејзината поврзаност/сличност со златната пропорција.
Код:
http://www.goldennumber.net/dna/

Оваа поделба низ текот на времето била и инспирација или клуч за успехот на многу талентирани уметници, архитекти и музичари.

Грчкиот храм Партенон бил граден спрема овие димензии.
Микеланџовиот "Давид" е извајан според правилата на златната пропорција.
Да Винчи ја употребувал во своите ремек дела.
Забележана е и поделба на нотите на Моцарт во повеќе од неговите сонати. Експозицијата и рекапитулацијата се поделени на 38 и 62, однос од 100 единици кој е најблиску до 1.618

Златната пропорција во природата

Освен кај човечкото тело, таа може да се сретне и кај многу видови на природата. Најзабележителни се спиралите на сончогледот кои ги оформуваат зрната, потоа морската школка, шишарките, некои галаксии и т.н. Дури постои претпоставка и дека бројот на пчели работнички поделено со оној на дроновите дава приближна вредност на 1.618 ( според мене ова никогаш нема да се одреди точно, бидејќи бројот варира под влијание на климата и други фактори )




Како и да е останува прашањето дали е сето ова случајност која ние самите ја креиравме/измисливме преку бројките или навистина е еден патент кој се однесува на повеќе видови на планетава. Да одиме уште подлабоко, дали постои совршен ред на нештата во универзумот и код според кој тој функционира или постојат отстапувања и се се случува по одредена случајност.

Мојот одговор би бил нешто помеѓу т.е и двата дела од првата и втората претпоставака се надополнуваат. Одредени правила и патенти секако постојат, тие се содржани и во генетскиот код на секое живо суштество, но постојат и отстапувања и форми кои се разликуваат од тој код, а настанале од различни причинители. Така од редот постојат и отстапувања, покрај правилните постојат и неправилни и слично. Нешто како јинг-јанг ама не до толкава избалансираност.

На крај ќе оставам две клипчиња од еден филм кој ја обработува токму оваа тема. Математичар нумерологист се обидува да го најде "клучот" кој го објаснува целото наше постоење.

Во првиот дел е претставена неговата опседнатост со бројките, а во вториот одговорот кој му го дава некогашниот учител. Дека се е само во неговата глава и не постои совршен ред.



Фала за тоа шо бевте трпеливи да исчитате до крај (ок оние шо прочитаа)
И се надевам дека оваа тема ќе ви се виде интересна и ќе споделите некое сопствено гледиште.
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
За златната пропорција и за низата на Фибоначи прв пат прочитав во Кодот на Да Винчи и ногу ми го привлече виниманието, посебно низата. :)
Мислам дека иако постојат некои отстапувања, сепак постојат одредени правила и кодови според кои функционираат нештата.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,839
6,527
1,153
Градибачалник на Прибој
Бројот φ - Ангели и Демони- Ден Браун. Сеуште постои некоја мистерија во нумерологијата, верувам дека повторно математичарите/симболозите ќе извадат нова теорија што ќе зафати поголем обем и застапеност одколку горенаведениот број.
Еврејскиот алфабет е најкомпетентна практика за изучување на нумерологојата односно во нивната азбука секоја буква има вредност и број. Книгата Liber дава комплетни инструкции за поврзаноста на броевите со предметите, само кој да ја учи.
Твдрам дека кабалистите се подобри нумеролози од математичарите на хардвар, односно се најдобри во оваа област.