„Заборавен период од детството“

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
27
Скопје
Често пати се прашувам, зашто не помнам ништо се до 11 год моја возраст,шо се дешавало... Многу пати го имам ова прашање поставено, што ми се случува. Еве, цела ноќ ја поминав во размислување, сега имам 25. Ама ми фалат 11 год, каде се? Зошто не ми текнува кога одев во школо, каде сум јас, кога и да прашувам некого, ми велат ти ваква си била, ти онаква си била, и јас од таму знам што сум правела да речеме, во школо, наваму, натаму. Ама мене лично нишо не ми текнува. Направив вечерва едно добро резиме, на све што ми текнува, само на 3 слики онака, ко низ магла ми поминуваат низ глава, од сите тие 11 год. Ајде да скратиме три год, ко бебе нормално не може да се помни, ама што потоа? Да, ок, имам повреда на глава, ама ја и претходно повредата се прашував, кај се? Дали на вас ви се дешава нешо слично, да не помните нишо додека си помал? Ја помнам буквално од 12 год навака шо ми се има дешавано, а пред тоа не. Имав колешки, што скоро завршуваат на Психологија факсот, меѓутоа, под блок ми се. Ви зборував за тоа, „пријателите“. Како и да е, помнењето е ЕДНА од причините што не сум успеала да го довршам. Ретко и ова го зборувам... И кога некој од тие лица шо сум се дружела со нив и си игравме со кал надвор, коа ќе ми спомнат нешо, еј ти текнува ова... Велам,да... Ми доаѓа познато, ама всушност мене не ми текнува на моментот. Мене не ми текнува на дешавката.
Некако тој период СКРОЗ сум го исклучила... Ајде, почнав од таму... Се работи можеби за траума, некаква, потсвесна? Пошто тоа не го гледав како траума. Јас сум имала среќно детство. Ама зошто претходно не помнам? Трите слики да ви ги кажа кои ми поминуваат низ глава...
не знам колку год имав, ова е во периодот битно на тие 11. Си доаѓав дома од школо, видов хеликоптер и се сокрив, мн се исплашив. Плачев. Потоа во школо, ми текнува како писнав на глас, го кренав школото на нозе, зш не го видов таткоми тука, у ходник, зш мораше со мене да седи, едноставено се плашев да седам сама. И ми текнува на уше еден момент, ама тој нема да ви го кажам.
 
Последна промена: