„Бели“ лаги

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Дали постојат бели лаги и кои се тие?
Постои ли некоја хиерархија чиј врв припаѓа на белата лага?
Следствено на ова дали оправдувате бела лага или за вас е само постулат на кого градите империја од лаги?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во една епизода на Powerpuff girls се збореше за бели лаги и беше претставено бело суштество и како што лажеа, тоа се зголемуваше и почна да прави штети наместо нив, и за професорот да не види, ќе почнат да ја кажуваат вистината за се, и суштеството ќе исчезне. Значи, бели лаги се "мали" лаги кои сметате дека нема на никого да му наштетат, како на пример, мајка ти те прашува "Ти се допаѓа ручекот што го направив?", тебе те е ужасен, ама вика "Да, да, супер е", само за да не ја навредиш. И заминува, ти го фрлаш во канта, и кога се враќа ти вика "Мило ми е што го изеде цел", и ти наудрен се правиш, "Да, да, го изедов (wasntme)".
Според тоа, сметам дека не се ништо страшни, секако се додека не прераснат во навика и "штит" за сопственото однесување.
 

Vendetta

Староседелец
6 јули 2012
56
45
1,018
from infinity and beyond
Незнам дали други имаат приметено ама луѓето сакаат да кажуваат бели лаги но никако тие да бидат бело излажани
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Некако ме потсетува темава на филмот The invention of lying . Колку само светот би бил суров без тие бели лаги. Ужасно. Свесна сум некогаш кога ми кажуваат добронамерна бела лага и знам дека е тоа само за да не ме повредат. Се додека не се опасни, и тоа како ги оправдувам.
 

katetoo

Истакнат Член
28 јуни 2012
61
62
318
секако дека ги оправдувам, со задоволство ги користам и не ми смета ако некој ги користи, се додека се бели и не тераат накај сиво-црни :D
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Ги користам, не многу често, ама ги користам.
На пример за нови штикли. Обавезно цената за 500 ја намалувам (освен ако не сум ги земала за 500).
Сакам ташни, како дрога ми делуваат, знам со денови од се да си скратам за да купам ташна. Така, кога ќе ме види со нова ташна, дечко ми знае да ми рече „аман бе, пак ли ташна?“. А јас на тоа „не бе, на мама е(wasntme) “. Не ми верува, само се насмевнува.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Кога секој секому би кажувал што навистина мисли, во светот не би постоеле пријателства и врски меѓу нив.
Така да, оправдувам бела лага во смисла на ручекот на мајката, давањето комплимент на некоја свеченост- "Леле ама ти е убав фустанов/кошулата/сакото".
На такви собири, нормално е да се прават такви работи зашто кога секој би реагирал на таа лага во смисла- "Ај не лажи, знам дека не ти се допаѓа", тогаш истите собири не би ни постоеле.
Што значи само малку ги оправдувам, но не секогаш ги користам, не особено кон драга личност, зашто знам дека се цинични, а јас не сум таков.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
ги оправдувам и одвреме навреме ги користам.. понекогаш едноставно ми е подобро да излажам и да се заврши на тоа отколку да ја продолжувам конверзацијата. Најчесто кога станува збор за ситни , безначајни работи. Исто ваквите лаги начесто се користат во ситуација кога сакаш да откачиш некого.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ги оправдувам и ги користам само кога немам друг излез и кога се неопходни...за да ублажам одредена ситуација или за да спречам да дојде до поголем конфликт ( на пример мажот го “мачкам“ со бела лага дека една кутија цигари ја пушам 4 дена, а јас ја пушам за два, и за да не ми држи предавања дека се штетни, многу пушам дрн дрн морам да употребам таква лага :)...а бели лаги од типот на комплименти што не ги мислам користам многу, многу ретко ...многу ми е тешко да кажам нешто што не мислам..особено на моја блиска личност - со нив сум немилосрдно искрена...