1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

„Бела ноќ“ во Скопје, 6ти Октомври

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Mila Kunis, 2 октомври 2012.

  1. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,528
    [​IMG]
    Ова се дел од коментарите кои ја следеа „Белата ноќ“ во годините наназад.

    „Бела ноќ“ е настан кој изминативе години покажа дека Скопје е град кој вдишува и пулсура согласно таксирачко темпо на уметноста, град, отворен, без граници, град , смел, подготвен за приграбување на новото во уметноста.
    Градот ќе е местото за непосредна средба на уметникот и „козументот“. Така, артистот, сликарот, режисерот, музичарот, поетот...и „конзументот“ се едно. Сите заедно таа ноќ се „уметници“.

    Локации на кои ќе се одвива настанот:
    -Библиотека „Браќа Миладиновци“
    -Културно информативен центар
    -Дом на култура „Кочо Рацин“
    -Младински културен центар
    -Музеј на град Скопје
    -Универзална сала-Скопје
    -Зоолошка градина
    -Детски културен центар „Карпош“
    -Плоштад Македонија
    -Старата скопска чаршија
    -Градскиот парк
    -И бројни останати локации
    Меѓу другото манифестацијата е позната по тоа што дискотеките и локалите работат до раните утрински часови, па токму тогаш се прават најдобрите журки.
    Манифестацијата вклучува концерти, перформанси, танц-шоуа, жонглери, акробации...



    Сте присуствувале досега на некоја „бела“ ноќ во Скопје? Кој дел од програмата сте го посетиле? За форумџиите надвор од Скопје, дали во вашите градови се случува некој ваков настан? Што е вклучено во програмата? Дали го поддржувате настанов?
     
    На AnaMi, Gemini и Abe CreP им се допаѓа ова.
  2. Abe CreP

    Abe CreP Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    110
    Допаѓања:
    84
    Ооо на 6-ти има да биде... па па па ахах ;)
     
  3. Viktor k

    Viktor k Староседелец

    Зачленет на:
    4 мај 2012
    Мислења:
    818
    Допаѓања:
    535
    КОј знае може пак ќе има слободен влез во кино Милениум ко лани :)
     
    На brineta31 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. parvati

    parvati Сангвиник

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    6,697
    Допаѓања:
    13,878
    мислу дека у Куманоо работиф кафиќи покасно..
    задњи две године иду у парк у Скопје, лани мноо екстра си пројде, АЛИ мноГо !
    добра работа, сфака чаз кој измисли овакфо нешто
     
    На brineta31 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    За некого бела за некого црна :D

    Бела ноќ се памти по тоа што си цел во бело и на бело




    кожно столче во кафич :D
     
    На parvati му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anakin

    Anakin Истакнат Член

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    869
    Допаѓања:
    977
    Лани имаше супер свирка пред Киц, Силикон Карне- Дижон - многу многу кул музика...многу народ и многу дружба имаше генерално, инаку после заглавивме у едно кафанче кај Гоце у чаршија до 6 сабајле:biggrin
     
  7. littleblackdress

    littleblackdress Полноправен Член

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    96
    Допаѓања:
    74
    Абе ова интересно ќе било :D баш сега ја гледав програмата (http://www.belanok.mk/) и заинтригрира, а баш викендов одам за Скопје.. има некој одено порано? Како било? Се постигнува на неколку места ? :D

    и да, има бесплатен влез цела вечер :D
     
    На Viktor k и Теофанија им се допаѓа ова.
  8. Aaliyah

    Aaliyah Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    887
    Допаѓања:
    1,090
    Веќе неколку години по ред не идам на Бела ноќ, затоа што се ќоро и сакато шета таа вечер по градов |-(
     
    На smeker, brineta31 и Jericho им се допаѓа ова.
  9. brineta31

    brineta31 Нов член

    Зачленет на:
    18 септември 2012
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    2
    ок ми е.а дали модераторката шета на бела ноќ?
     
  10. Selma

    Selma Ingenious

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    4,375
    Допаѓања:
    7,071
    Плоштад Македонија / 21:00
    "МЕСТОТО КАДЕ СУМ" - урбана визуелна приказна за СКОПЈЕ
    Мултимедијален перформанс - пантомома и театар на сенки на група македонски уметници, за прв пат воопшто во историјата на Белата ноќ, по сценарио и реализација на македонски уметници, актери, кореографи, режисери, танчери, дизајнери, акробати, музичари.... after со DJ влАДО.

    1960ти: ‘60-ТИ; СВЕТОТ, СКОПЈЕ И СКОПЈАНИ
    06. – 14. 2012
    Музеј на град Скопје, 20:00 часот
    Автори: Јован Ивановски и Ана Ивановска

    1970ти: СУБ – КУЛ - ТУРИСТИ
    6 – 10-ти октомври, 2012
    Дом на АРМ, 20. 00 часот
    Ко-куратори: Милош Коџоман и Симон Узуновски

    1980ти: СКОПЈЕ 1980 - ТИ: MERHABA. NASILSIN? (превод (тур.): Здраво. Како си?).
    * вообичаен поздрав во секоја чајџилница кој со време станал дел од ’уметничкиот’ речник.
    06. – 13. октомври, 2012
    Стара скопска чаршија, 20:00 часот
    Ко-куратори: Игор Тошевски и Синиша Цветковски

    1990ти: МАКЕДОНСКА ЛИКОВНА УМЕТНОСТ 1990-2000: ЕУФОРИЈА
    06. – 15. октомври, 2012
    Младински културен центар, 20:00 часот

    Музичка програма: Tiiiit! Inc. Голем концерт „Скопје у 90-ти“, плато пред Младински културен центар, 22:00
    2000ти: ЗА НЕЗАВИСНИТЕ – СПОРЕД ВИСТИНСКИ ПРИКАЗНИ
    06. и 07. октомври, 2012
    Културно-Информативен Центар - Скопје, 20:00 часот
    Автори: Јане Чаловски и Христина Иваноска

    "Танцот на Светлината" Во Универзална Сала
    Почетокот на претставата е во 20 часот. Влезот е бесплатен

    ЈСП & ЗООЛОШКА ГРАДИНА
    Бесплатен превоз и влез во ЗОО градината после 11:00

    Повторно стрип на Бела Ноќ
    Галерија Ко-Ра (Дом на Градежници) / 20:00

    24 часовен филмски маратон
    Кино Милениум / 12:00

    Оваа година на репертоарот на филмскиот маратон филмови од редовната програма на Кино Милениум, вклучувајќи го и најновиот македонски филм "Трето полувреме".
    Влез бесплатен.

    11:00 – Германски филм – фестивал 3D (детска програма)
    13:00 – Мадагаскар 3: Најбараните во Европа”3D
    15:00 – Пина 3D
    17:00 – ПЛАТЕНИЦИ
    20:00 – ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ**
    22:00 - ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ**
    24:00 - БЕТМЕН: Издигнувањето на темниот витез
    03:00 - Притаено зло: Одмазда“ 3D
    05:00 - СПАЈДЕРМЕН 3D
    07:30 - ВОНЗЕМЈАНИ ОД СОСЕДСТВОТО
    09:30 - ЖЕЛЕЗНАТА ДАМА

    CINE CITY
    Кино на отворено / Градски Парк / 19:00

    Како и минатата година така и оваа повторно филмски маратон на отворено.
    Селекција на најдобрите филмови од Филмскиот фестивал СИНЕДЕЈС 2011.

    24 часовен филмски маратон
    Кино Фросина / 12:00
    Филмскиот маратон во Кино Фросина годинава содржи ревија на европски филмови, вклучувајќи и филмови од програмата на
    "Фестивалот на нов германски филм"
    www.fngf.mk

    Радио МОФ @ Бела Ноќ 2012
    Школка (Градски Парк) / 21:00

    RESER (Торно, Италија)
    Плоштад Македонија / 19:00
    Од збратимениот град Торино, ни доаѓа еден од најактуелните графити цртачи Reser.
    Не пропуштајте да ги видите мајсториите на овој млад уличен уметник.
    http://www.topoftorino.it/

    OCCHI (ОЧИ)
    Спомен куќа на Мајка Тереза / 20:00

    Од Торино ни доаѓа ушт еден брилијантен уметник.
    Станува збор за танц изведувачот Andrea Gallo Rosso кој ќе се претстави со својот танц перформанс
    Occhi (Очи), со кој настапува ширум Европа.
    http://vimeo.com/49369310

    ОСНОВНИ БОИ
    ХРОМАТСКО ПАТУВАЊЕ НИЗ УЛИЦАТА ШАРПЛАНИНСКА
    СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА / 22:00

    Само за Бела Ноќ 2012, улицата ќе биде затворена по целата должина и ќе биде претворена во галерија на отворено + клуб.
    СКОПЈЕ ТАНЦУВА
    СТОКОВНА КУЌА МОСТ / 21:00

    На платото пред Стоковна Куќа МОСТ ќе можете да проследите
    аргентинско танго (Фамилија Тангови), како и изложба на амбиентални ламби
    изработени од Елена Ѓорѓиевска
    www.facebook.com/FamilijaTangovi
    www.metatet.com

    КОЦКОЦИКЛ
    ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА / 12:00

    Презентација на експонат (Коцкоцикл) на "Центарот за промоција на науката" од Белград.
    Што е Коцкоцикл? Тоа е всушност велосипед со квадрати/коцки наместо тркала. Изложен и спремен
    за возење ги разубедува сите неверници дека оваков тип на велосипед може да се движи,
    доколку се изгради соодветен пат.
    www.cpn.rs

    ПОВЕЛИ КНИГА - ПОДАРИ КНИГА
    ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ / 19:30

    Mузичко – поетски хепенинг / ретро музика од осумдесетите и деведесетите години. Настап на Филип Стефановски Квартет.
    Учество на група поети родени меѓу 1980 и 1990, застапени во антологијата “Ветерот носи убаво време”.
    Акција “подари книга – повели книга” неформална берза на размена на книги.
    http://www.gbiblsk.edu.mk/

    ИДЕНТИТЕТ (УЛИЧЕН ПЕРФОРМАНС)
    ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА / 22:00

    
Уличен перформанс на младата уметница Ана Лазаревска

    GALACTIC SKOPJE
    ГРАДСКА ПЛАЖА - КАМЕН МОСТ / 22:00

    GALACTIC EXPLORERS - LIVE (G.E.N. RECORDS)
    presenting the newest studio material
    www.soundcloud.com/galacticexp lorers
    www.facebook.com/galacticexplo rers
    DJ SETS:
    DJANTRIX (G.E.N. RECORDS)
    KOX (G.E.N. RECORDS)
    SPECIAL:
    JUGGLING & FIRE PERFORMANCES
    UV DECORATION
    LASER SHOW

    Пат на воинот, Пат на мирот
    ГТЦ (кај Спицикато) / 20:00

    Целта е збогатување на културната манифестација БЕЛА НОЌ, преку промоција на оригиналната јапонска борбена вештина АИКИДО.

    МОДНА РЕВИЈА
    ГТЦ (СКАЛИТЕ СПРЕМА ПЛОШТАДОТ) / 24:00

    Традиционално на Бела Ноќ, на полноќ, на скалите на главниот влез во ГТЦ се одржува модна ревија во организација
    на модното студио Црнокрак.

    ИЗЛОЖБА НА РАКОТВОРБИ
    УНИВЕРЗАЛНА САЛА / 19:00

    СОЛЕМ е граѓанско здружение основана во 2008 година. како непартиско, неполитичко и непрофитно чија главна цел е реализирање на академски и професионални активности за заштита на правата на лицата со посебни потреби.

    20 + 1 (ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ)
    КИЦ / 20:00

    Во рамките на Бела Ноќ 2012 во Културно Информативниот Центар ќе се одржи и изложба на фотографии на Рилинд Хоџа.
    Изложба на цртежи и графики на Јован Петрушевски
    ОТВОРЕНО ГРАФИЧКО СТУДИО / 20:00

    ГОЛЕМОТО ПЛАТНО
    ГАЛЕРИЈА КО-РА (ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ) / 20:00
     

Сподели: