Што од кога ќе ви украдат нешто важно?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Што би направиле доколку ви украдат нешто важно?

Пари, лична карта, кола, телефон, некој важен документ итн....

Јас сум спремен дури и да утепам некој доколку ми украде пари, лаптопот или телефонот (како што ми се случи лани на одмор). :D
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Да се убијам од плачење:(:( Не верувам дека сум толку храбра да трчам по такви неличности. Еднаш ми се деси пред 7-8 год , не нападнаја мене и двајца другари, поголеми деца и со нож као давајте парите , телефоните .... ужас беше, среќа пројдоја едни мажи и не одбранија. Тие се свртеја накај нив и ние тогаш некако побегнавме. И сега како низ магла се сеќавам зошто бев препреплашена. А требаше сама да одам накај дома тој ден, не знам како се случи, другарите решија да ме испратат. Не сакам ни да помислам што би било да бев сама:|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
За новчаникот спремна сум да залепам шамар :D затоа што се си чувам во него
А за мобилниот не одговарам ]:)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Аааеее откако ќе ми украдат нешто нека кршат глава.
Ќе пријавам во полиција, пошто обично на телефонот ми е локаторот укл. така да одма ќе го најдат, по новчаникот ќе потрчам - ако го фатам океј, ако не..здравје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Се сеќавам како мал во основно немавме топка за фудбал. И се одлучив да прашам дома дали ке ми купат. Ми купија и среќен ја носам на училиште, игравме што игравме и на враќање од школо по пат оти си ја носев во кесе ме здогледа еден циган и потрча по мене, ми ја грабна топката и почна да бега... И пошто бев ситничок како мал, чантата поголема од мене не направив ништо, на момент се збунив, се расплачав и право дома... Од тогаш ништо друго слично ми се нема случено. А за топката до ден денешен ми е мака :)
 

NEPOBEDLIV

Истакнат Член
5 март 2012
288
412
63
Потоа следува фазата на барање на крадецот и правење „попара“ шо би се рекло

1274521458_popara-001-2.jpg


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Дека ќе трчам по него, нема.
И да го стигнам шо? Ќе го удрам? Ќе се борам на улица со него?
Ноу, тенкс.
Телефонот би го нашла со локатор или како и да се вика апп. Find my iphone
Пошо лична карта уште немам, за пасошот не би се секирала. Сега ако ојде, ојде. Нов ќе направиме.
Во новчаник никогаш не носам повеќе од 1000-2000. Би ми било криво за картичката, ама и од неа нова ќе направиме.
Стореното, сторено е. Чешки да крадеа само вакви потрошни и материјални работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril

Elizabeth Bathory

Истакнат Член
13 февруари 2012
353
406
363
Skopje
Ќе ме стегне срце :place ќе плачам како луда па кога ќе се освестам и уште да знам кој е не верувам дека добро ќе помине!
Нека има казна за крадците -сечење раце па нека им остане за спомен и вечно сеќавање!;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril