Што значи да се „биде паметен“?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Колку пати сте чуле дека одредена личност Х била паметна? Колку пати сте слушнале дека личноста Y била интелигетна?

Дали интелигетноста е збор со исто значење како паметноста?

Интелигенцијата доаѓа од латинскиот збор (intelligere) што значи моќ на сфаќање или поимање што се однесува за човековите мисловни способности.
Во философијата е интелектуализмот (според теоријата на спознавање) учење према кое што до спознанието доаѓаме со помош на интелектот, а не со сетилата. (Тоа е веќе друга тема)

Дали човекот може да биде интелигентен, а да не е истовремено паметен и обратно?

Интелигенцијата е вродена и не е нужна за нечија паметност. Исто така за имањето памет не е нужна интелигенцијата (одреден коефициент да, но не и нужно висок).
Високиот коефициент на интелигенција служи за нештото побрзо да биде сфатено/научено, но не ги оцртува нашите апсолутни способности кои се комплекси и поврзани, особено кога е во прашање емоционалната интелигенција.

Дали се слагате со ваквата теза?
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Баш интересна тема а глеам нема постови.
Моето мислење е дека нема голема врска меѓу интелигентноста и паметта. Има многу интелигентни личности за кои што не можам да речам дека се паметни судејќи им според начинот на однесување и разговорот шо го имам правено со нив. Исто така и има многу паметни луѓе на кои им е потребно подолго време за да сфатат одредена работа и да проценат што е точно, а што не. Паметта ја стекнале со труд и работа. Сепак, докажано е дека интелигентните, со многу малку работа, постигнуваат повеќе отколку што би постигнале паметните, со многу работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Со разговор и однесувањето не можеш да ја утврдиш интелегенцијата кај луѓето зошто начинот на размислување зависи од емоциите.Мислам дека интелегенцијата не се добива ни со една книга се е вродено од природата. а паметен(мудар)со проживеаното и искуствата во животот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V******

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Интелегеницјата како што кажавте во голем дел е вродена а во помал се должи на труди учење...ама паметот ќе се сложам со вас дека се должи на личното искуство, начинот на однесување и справување со проблемите и пречките, е тоа е за мене паметен човек..снаодлив, пргав, промислен...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_- and parvati

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Тој што е паметен ретко кога ја повторува истата грешка.
Интелигенција е само капацитет. Ако нема инпут и аутпут тогаш е како некористен флеш мемори стик.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
To be or not to be- ах бре Хамлете роду егзистенцијалистички!!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Доволно е да се каже во една реченица: "Being intelligent is not enough. If you don't work hard, you may face defeat at the hands of people who you always thought of as inferior".
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Се сложувам дека интелегенцијата е нешто што е вродено, но сама по себе не е доволна ако не се надоградуваш. Постојат луѓе што се паметни, но не се интелегентни..тоа се оние кои имаат способност да ги памтат напишаните работи и да вршат проста репродукција, да извршуваат зададена задача според однапред одредени инструкции....сепак постојат различни видови на интелегнција, постојат луѓе со вербална интелегенција кои исклучително добро се снаоѓаат со зборовите, и оставаат позитивен впечаток, и покрај нискиот IQ..и на крај сметам дека сите поседуваме емоционална интелегенција, но некој повеќе..некој помалку е свесен за неа..и начините на кои таа се манифестира и контролира
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and melpomena

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Се сложувам дека интелегенцијата е нешто што е вродено, но сама по себе не е доволна ако не се надоградуваш. Постојат луѓе што се паметни, но не се интелегентни..тоа се оние кои имаат способност да ги памтат напишаните работи и да вршат проста репродукција, да извршуваат зададена задача според однапред одредени инструкции....сепак постојат различни видови на интелегнција, постојат луѓе со вербална интелегенција кои исклучително добро се снаоѓаат со зборовите, и оставаат позитивен впечаток, и покрај нискиот IQ..и на крај сметам дека сите поседуваме емоционална интелегенција, но некој повеќе..некој помалку е свесен за неа..и начините на кои таа се манифестира и контролира

Мислиш тие се интелигетните, затоа што интелигенцијата е = брзо сфаќање и поимање на нештата и остварување на истите според наученото? :^)