Што е Љубовта? Еве прочитајте...

Batman

Нов член
21 февруари 2012
7
7
3
35
Љубовта е поздрав кој ангелите го праќаат од небото, од ѕвездите. Патот до неа никогаш не е лесен. Никогаш.. Животот поточно човекот има потреба од неа.
Не треба да гледаш со очите или да размислуваш со главата за неа. Остави го срцето да го одреди патот по кој таа ќе твори.
Немој да се плашиш дека не ти е возвратена. Или полошо да се двоумиш!
Љубовта прави чуда и преживува се додека постои трошка надеж, без разлика колку е таа мала или далечна. Еден ден саканиот човек ќе биде освоен. Се друго што ќе правиш во меѓу време е само залажување и бегство од криза.
Запамети!!!
Од како ќе се вљубиш за првпат тоа ти го менува животот засекогаш, што и да правиш и колку и да се обидуваш да заборавиш чувствата никогаш нема да заминат. Тоа е човекот што ќе остане со Тебе засекогаш!
Засекогаш..
 

bacdac

Полноправен Член
27 февруари 2012
48
19
8
34
Љубовта, според мозокот, е само реченица која се состои од два дела: едниот е надворешниот изглед, а другиот материјалните добра.Според срцето, љубовта е многу повеќе од љубов, од реченица. Таа е нешто кое треба да се вреднува и почитува.Срцето секогаш толкува поинаку од мозокот и зборува емоционално за некое друго срце, кое сочувстува со него.Тоа не ја гледа надворешноста, не ја цени личноста по убавината, а уште помалку по парите и се што поседува.
Срцето е она кое ја зборува вистината и секогаш бара да биде љубено вистински и искрено, да се нахрани со туѓа љубов од која не можи да се насити и да го исцрпи изворот сокриен во длабочините на рајските облаци. Безбеден од неверници и лажливци, тој извор е голем благослов за душите кои се спремни да се покорат пред љубовното возвишение, да ја пронајдат втората половина од нивните срца и со неа да зачекорат кон вечноста.
Секоја личност поседува две срца биолошкото, кое го одржува во живот и секое свое неуморно отчукување го посветува на семејството и пријателите ;и она духовното, кое се активира само кога ќе насети милост и добрина од друга личност, не било која, туку онаа која го познава вистинското значење на љубовта, без предрасуди, понижување, без оглед на минатото, околината, внатрешните околности и мани. Сродното срце му помага на духовното, му ги отвора своите врати и му го нуди своето скривалиште како втор дом, место на кое би можело да остане и преживува седеќи под дрвото на животот и ладејќи се под сенката на надежта да ужва во секој плод полеван исклучиво со кристално чисти капки љубов.
Седејки во своето ново засолниште, под заклетва да го одржува тоа дрво во живот, духовното срце придонесува за својот со тоа што го изградува во едно прекрасно царство, зацврстено помеѓу ѕидините на внатрешната добрина и искреност.
Вистинска утопија за чистите наивни души. Но тука настапува суровоста, затоа што духовното срце не секогаш е сакано. Тоа е повредувано, многу често, лажено е, изневерувано, па за да се одбрани ги чува затворени своите капии, се со цел да го сочува вистинското значење на љубовта, она кое е дадено од бога, а пренесено од ангелите, сместено во најдлабоките слоеви на срцето ! Таму би се чувало и негувало како нешто архаично, нешто највредно, вечен доказ за своето постоење.И еден ден, кога ѕидините кои го штитат ќе се распаднат, тоа ќе остане како сведок, еден силен никулец ќе израсне и ќе посведочи дека изникнал од зрното вистинска љубов.
На патот по кој поминува не секогаш наидува на мирни околности, не секогаш ја добива љубовта која ја заслужува. Надоаѓаат невремиња од лаги и неверства, а тоа плашејки се да не биде уништено од тој виор на неправди се сокрива под карпата наречена надеж, единствената карпа до која се стигнува по патот наречен пријателство.
Се стуткува под неа, чека да помине невремето, но е нестрпливо. Собира храброст, милост и поддршка, неговата искреност го воздигнува во божество. Користејќи ги благодедите на тоа што дотогаш ги одгледувало со труд и големо трпение, прераснува во снажен воин кој се бори за неговата љубов за вечни времиња. Ја пронаоѓа својата втора половина, онаа најдобрата, најискрената, која највешто се вплотила во него. Едно до друго се посилни, делат иста мисла и едно исто чувство. Држејќи се рака за рака заедно го подигаат мечот на праведноста и се борат против многуте срца одвеани со виорот на неверството, го уништуваат секој кој би се обидел да застане на патот на нивната исконска љубов, по кој храбро чекорат.