Што да се носи за Нова Година?

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Славењето на новата година дефинитивно се има променето со текот на годините. Можеби порано еуфоријата била поголема и задолжително се одело на луди забави, а сега гледаме да избегаме некаде надвор со друштво или да се собереме во поинтимна атмосфера. Но, тоа што штиклите можеме лесно да ги замениме со влечки доколку не болат нозете или доколку претераме со коктелите веднаш можеме да си легнеме, не значи дека не треба да се дотераме за новогодишната ноќ и да уживаме во секој миг од славењето на годината што ни доаѓа.
Па, прашањето е што да се носи за Нова Година? Дали да сошиете нешто или да купите тренди фустан? Годинава можете да поминете и доколку се одлучите за нешто елегантно, нешто опуштено или, пак, нешто светкаво.



Домашните забави секогаш се најпогодни за оние што не сакаат многу гужви и бучава, а и ви овозможуваат да се покажете како совршени домаќини. За домашна атмосфера најдобро е да облечете нешто во што се чувствувате комотни, а што ќе ја долови празничната атмосфера.



Па драги мои, што мислите вие? Подобро е дома или надвор? Имате ли решено каде ќе ја дочекате 2013 година? Што ќе носите? :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,054
1,576
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Мојата слика за Нова Година е домашна атмосфера или изнајмен локал, викендичка и сл., одбрано друштво од 10тина луѓе, шведска маса, накитено со балончиња, затемнета и топла атмосфера, музика по можност од овие крисмас хитс, сите хепи, поднапиени, полни со љубов. Така и славам. Несватливо ми е за Нова во свечена облека некоја, кафани, ресторани, певаљки, оро, пијанчење, качуваме по маси столици, нити пак во клубче како и секој обичен Петок, Сабота. Можеби сум остарел, шо му знаеш... За годинава си набавив фармерки и еден дебел џемпер.
 

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Најновите штикли и најновиот фустан.:D:D Што е можно повеќе светки на мене за да нормално личам на елка.:cool:

Уште не знам ама нешто комотно пошто ќе се собереме друштво во домашна атмосфера.
 
  • Like
Реакции: Lovely*-* and Natenceto

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,683
3,863
1,183
Ништо посебно, секојдневна облека, не се спремам за полуматура/матура па да се облекувам свечено. Глупости. Незнам на кој му текнало алишта треба да се купуваат за Нова Година. Абе седи бееее .. ако сакам и на пижами ќе одам и никој ништо нема да ми рече. Тоа со облека купување се живи глупости. Облечи се така како што ќе ти текне и оди слави си и журкај си се со другари/другарки.
 
  • Like
Реакции: Natenceto

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,490
1,123
Скопје
Морам да признаам дека мислењето во врска со тоа што да се облече за нова година со текот на времето воедно и со процесот на созревање се менува.
Додека порано ( средношколски денови) паничев со денови што ќе носам (исто како за матура (facepalm)), шетав по бутици и пробував ли пробував, сега едноставно не обрнувам многу внимание на тоа. Знам што сакам и што ми стои, ако најдам нешто си купувам ако не си облекувам што имам.
Ги разбирам девојките кои се потресени за новава година, но и тие еднаш ќе разберат дека немало потреба од тоа.
Секогаш гледајте како изгледате вие убаво и елегантно а не како фустанот е во мода и како истиот им стои на куклите на излог. И пред се, како се чувствувате во него.
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Уствари, најверојатно у тренерки и јакна ќе славам оваа година. Ми излезе нов план, ќе идеме во планина на викендичка и ќе се надуваме ко стоки онака празнично.

ј***ш кафана четири години по ред. :D
 
  • Like
Реакции: cece17 and elizabetta