Шри Ланка

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Службено име: Sri Lanka Prajatantrika Samaajavadi Janarajaya
Државно уредување: Претседателска република
Површина: 65.610 км2
Број на жители (2003) : 19.065.000
Главен град: Коломбо
Службен јазик: сингалски, тамилски
Парична единица: шриланска рупија

Шри Ланка е островска држава со целосен назив Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка која се наоѓа во Јужна Азија веднаш до индискиот потконтинент. Островот има вкупна површина од 65.610 km2 и има 19,668,000 жители. Главен град на Шри Ланка е Коломбо.

map_of_sri-lanka.jpgSri-Lanka-Flag.jpg



Патувајте во Шри Ланка преку Т.А. Контики.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner and Marick14

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
sri_lanka_travel_tours_03.jpg
Sri-Lanka.jpg
Sri_Lanka-Trincomalee-Pigeon_Island.JPG
Srilanka1.jpg

Преубаво е, отсекогаш сум сакала да одам во Коломбо ^_^
300px-Colombo2.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Како што знам оваа држава тешко дава визи, не само за Македонија туку општо.

Иначе има доста што да се види. Треба нашите агенции да проработат на случајот и да ја стават Шри Ланка во летните дестинации.

Доколку не сте знаеле, циметот потекнува од Шри Ланка, а го пронашле Египќаните. Исто така, препорачливо е кога ќе се најдете во оваа преубава земја во себе секогаш да имате кесичка кикирики со што би ги нахраниле малите слонови во Pinavali и добро книга за долгото, но интересни патување со воз долж крајбрежјето.

Шри Ланка е едно од најпопуларните земји, за некои позната како Цејлон. За интересирањето на патниците за посета на оваа земја говори и податокот дека минатата година овој преубав остров го посетиле повеќе од 800.000 странски туристи, додека Владата на Шри Ланка планира тој број да продолжи да расте до дури 2,5 милиони посетители годишно до 2016. година.
Главниот град на Шри Ланка – Коломбо и околината, се многу интересни за туристите кои сакаат да ја истражуваат светската убавина. Шри Ланка е место каде можат да се видат осум места од богатото светско наследство: Gala Kandy, Sigiriya, Anuradhapura, Polonnaruwa, храмот-пештера во Дамбули... Шри Ланка се смета за колевка на будизмот и разни реликвии од оваа религија се чуваат и користат во посебни церемонии. Една од најпознатите е изнесувањето на светиот заб на Буда од храмот Далада Малигава во Кенди.
sri-lanka 3.jpg

Уште еден комплекс кој го одзема здивот – Сигирија или Лавја карпа – е изграден во 5. век. Најголем дел од карпата од теракота и сив камен во културното средиште на Шри Ланка се издигнува 200 метри над пошумената рамница.

sri-lanka 5.jpg

Што не треба да пропуштите:
Посетете едно од бројните парни бањи во Колумбо и осетете ја ајурведската масажа и легендарниот широндара третман, кој ќе ви ги изостри сетилата а истовремено ќе го освежи, смири и релаксира телото, умот и душата. Ако сакате да побегнете од градот, направете излет до сиропиталиштето за слонови во Пинавали, оддалечено околу 90км од Колумбо на патот за Кенди, кадешто се наоѓа домот за 60 слончиња без родители. За паровите кои ја сакаат авантурата, тука е ноќниот воз долж егзотичното јужно крајбрежје на Шри Ланка кое полека станува летувалиште за љубопитните светски патници со префинет вкус. Во Гала се наоѓа сместување каде можете да ја посетите тврдината која се простира на 36 хектари и да видите вредни колекции на културни остатоци. Околните градови на брегот на морето како што се хикадува и Унаватун се најдобро решение за оние кои сакаат релаксирачки одмор, сакаат да нуркаат, сурфаат и да се сончаат на плажа.
sri-lanka 6.jpg

Што да јадете:
Оризот и кари спремени во глинени чинии во селска куќа, печени морски плодови на плажа, уживање во менијата од пет јадења под ѕвездите или освежување сред планините покриени со магла, сето тоа претставува егзотична мешавина на вкусот и аромите на Шри Ланка збогатено со историско мешањ на различни култури. Колумбо нуди богат избор на мали ресторани кои ја служат омилената храна како пита со месо или рибји топчиња, ролни со јајца, ориз со банана....Патниците би требало да знаат дека повеќето национални јадења се многу зачинети, а потребно е да се обрне внимание на чистината на водата и препорачливо е купувањто на флаширана вода.
sri-lanka 7.jpg

Каде да се сместите:
Колумбо нуди богат избор на сместување, од луксузниот хотек Taj со пет ѕвезди до поефтини алтернитиви. Ако одите во Гала, најдобро е да се сместите во ексклузивниот и романтичниот хотел Dutch House, кој се наоѓа високо во ридчето и гледа накај пристаништето.
sri-lanka 9.jpg

Што да купите за дома:
Шри Ланка е прочуена по ракотворби, така да резбаните премети од дрво и јавор, рачно направените маски и ткаенини со печатени мотиви и корпите можат да бидат убав сувенир за роднините и пријателите. За најдрагата личност, секогаш можете да изберете накит со дијаманти, смарагди, рубини кој секако се прави на островот, и секако чај.
Национална валута е шриланкската рупа, која одговара на износот од 100 центи. Се користат банкноти од 10, 20, 50, 100, 500 и 1000 рупи, како и монети од 1, 2, 5, 10, 25, 50 центи и 1, 2 и 5 рупи.
sri-lanka 8.jpg

Кога да одите:
Просечната температура во текот на целата година е +27 Целзиусови степени, влажноста во текот на денот изнесува преку 70 отсто, со пораст до 90 отсто во јуни. Единствена промена на времето во Колумбо се случува за време на сезоната на монсуни од мај до август и од октомври до јануари, кога може да се очекуваат и обилни врнежи.

sri-lanka 10.jpgsri-lanka 11.jpgsri-lanka 12.jpg