Шкотска

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Шкотска ја зафаќа северната третина од Велика Британија, и се граничи со Англија на југ, Северното Море на исток, Атланскиот Океан на север и запад и со Северниот Канал и Ирското Море на југозапад.
Кралството Шкотска е независна држава од 1 мај 1707 година, кога со указ за обединување, влегло во рамките на Кралството Англија. Едингбур, главниот и втор град по големина (најголем е Глазгов), е еден од најголемите финансиски центри во Европа. Бројот нанаселени луѓе изнесува повеќе од 5 200 000 жители. Шкотска има свој закон, знаме, пари и внатрешна структура, и има право на глас само Велика Британија. Голем број од жителите во Шкотска го зборуваат англискиот јазик, но за малкумина тој е мајчин јазик. Многу шкотланѓани го зборуваат како мајчин јазик шкотскиот јазик, историски гледано Шкотска е поделена на 2 култури: јужен дел каде што претежно се зборува англиски и северен дел каде што претежно се зборува шкотски.
Група на доселеници започнале да ги градат првите постојани куќи на шкотското тло, пред 9500 години, а првите села пред 6000 години. Неолитска градба, погребни и ритуални сајтвои се особено чести и добро зачубани во Северните и Западните Острови, каде што недостатокот на дрва довело повеќето структури да се изградени од локален камен.
Шкотска има богата историја и познати по своите Викинзи, Каледонианс, Гаелс, Пиктс, и др.

831481488_dc721ab83f_o.jpg2378928_8f27e302fc_b.jpg46003847_d120d776a5_b.jpg251621503_3f90a8235b_o.jpg696763755_ca44b841b8_b.jpg2699167393_1860ea6703_b.jpg2699169477_8b9f070e76_b.jpg2699170047_f06e047455_b.jpg
1863049599_4f1fec14af_b.jpg
flag-of-scotland.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Баш ме интересира колку е авионска карта до Шкотска, доколку знае некој нека пише.
Инаку има доста места за посета во Шкотска. (ќе постирам покасно)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Поголем проблем е визата што треба да ја добиете. Иначе една од најомилените земји ми е Шкотска, се надевам дека ќе имам прилика да ја посетам. И да, ја поддржувам Шкотска во нејзината желба да се отцепи од Обединетото Кралство.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ејлен Донан е мал остров во Лох Дујх во западниот дел на Горите на Шкотска. Со копното е поврзан со пешачки мост, а сместен е околу од селото Дорни. Името значи „Донанов Остров“, во чест на светецот Донан од Еге, келтски маченик од Темното доба. На островот доминира живописен замок.

Првиот замок на островот е изграден во раниот XIII век како одбрана од Викинзите. Подоцна во XIII век замокот станал упориште на Мекензиевците од Кинтал (подоцна Ерлови од Сифорт). Во 1511 г. Мекриевците, како заштитници на Мекензиевците, станале наследни чувари на замокот.
Во 1539 Ијан Дув Матесон, поглавар на кланот Матесон, загинал бранејќи го Елејн Донан од слитскиот клан Мекдоналд во име на клановите Мекри и Мекензи.
Во април 1719 замокот го зазема шпанската војска во обид да потпали уште едно Јакубитско востание. Во судирот банителите си го враќаат замокот, но потоа го урива кралската морнарица. По еден месец шпанските сили претрпуваат пораз во битката кај Глен Шил.
Замокот е реставриран во периодот од 1919 до 1932 од потполковникот Џон Мекри-Гилстрап. Воедно изграден е и своден мост за полесен пристап. Во 1983 семејството Мекри основало добротворната задолжбина „Конхра“ која има за цел да го запази замокот. Интересно е што замокот е единствен во Велика Британија што има лево-завртени скалила (тогашниот крал бил левак). Пред замокот стои топ од времето на Првата светска војна како и спомен-чешма во чест на членовите на семејството загинати во војната.
Ејлен Донан е дом на кланот Мекри. Во 2001 г. островот броел само еден жител.

800px-EileanDonanInsideView.jpg800px-Eilean_Donan_castle_-_95mm.jpg