Шешир-Моден додаток кој не застарува и секогаш е во тренд.
И на изминатите ревии за мода за оваа сезона, овој детал беше најдоминантен на пистата. Креаторите го претставија како неизбежен моден додаток за на плажа, планина или во град. Освен тоа што ќе ве заштити од јакото сонце, шеширот ќе допринесе да изгледате посебно и впечатливо. Она што е најважно е дека не морате многу време да губите околу изборот на моделот на шеширот бидејќи, како што кажуваат модните стилисти, оваа сезона во тренд се сите облици и големини.Се издвојуваат големите шешири во сите бои, кои идеално прилегаат во комбинација со мега наочари и широки фустани. Модерни се и помалите шешири, украсени со лента во спротивна боја, кои совршено одговараат со " safari look " или со некоја елегантна облека. Посебно внимание привлекуваат белите шешири во сите големини, особено кога се во комбинација со морнарскиот стил, кој е хит и ова лето. Ако сакате да бидат сите погледи вперени кон вас, изберете си некој шарен модел во јаки тонови, но внимателно комбинирајте го со останатите бои на себе. Шешир за оние кои се прави " cool " девојки и кои знаат како да привлечат внимание е каубојскиот шешир. Верувајте, ако се појавите на некоја летна журка со таков шешир, многу луѓе ќе ви го бараат за да го пробаат. Најдобар ќе ви биде сламениот шешир, но и ако најдете убав платнен модел, немојте да го пропуштите.
Дали вие дарги мои го сакате овој моден детал и каде најчесто го носите ?Со што го комбинирате?