Шешири

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Шешир-Моден додаток кој не застарува и секогаш е во тренд.
И на изминатите ревии за мода за оваа сезона, овој детал беше најдоминантен на пистата. Креаторите го претставија како неизбежен моден додаток за на плажа, планина или во град. Освен тоа што ќе ве заштити од јакото сонце, шеширот ќе допринесе да изгледате посебно и впечатливо. Она што е најважно е дека не морате многу време да губите околу изборот на моделот на шеширот бидејќи, како што кажуваат модните стилисти, оваа сезона во тренд се сите облици и големини.Се издвојуваат големите шешири во сите бои, кои идеално прилегаат во комбинација со мега наочари и широки фустани. Модерни се и помалите шешири, украсени со лента во спротивна боја, кои совршено одговараат со " safari look " или со некоја елегантна облека. Посебно внимание привлекуваат белите шешири во сите големини, особено кога се во комбинација со морнарскиот стил, кој е хит и ова лето. Ако сакате да бидат сите погледи вперени кон вас, изберете си некој шарен модел во јаки тонови, но внимателно комбинирајте го со останатите бои на себе. Шешир за оние кои се прави " cool " девојки и кои знаат како да привлечат внимание е каубојскиот шешир. Верувајте, ако се појавите на некоја летна журка со таков шешир, многу луѓе ќе ви го бараат за да го пробаат. Најдобар ќе ви биде сламениот шешир, но и ако најдете убав платнен модел, немојте да го пропуштите.
Дали вие дарги мои го сакате овој моден детал и каде најчесто го носите ?Со што го комбинирате?

 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,161
1,133
Па види вака драга Јамич кај нас менталитетот е таков што ако ставиш шешир си ненормален ваков онаков барем во велес.
Еве пример од прееска една жена во години се гледаше дека е по модата носеше шешир и одма следеа цинични коментари лее колку и е убав и ја сакам ваков ја направија ненормална.
Иначе ја не носам шешири онака многу само на плажа некогаш може да ставам..:D
168825_446618892014967_38196634_n.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
5,996
9,626
1,683
Normandy
Шеширите ми се фетиш гардероба. И кај женско и коа одбирам за себе. Имам еден како на Индиана Џонс од волна - за цича зима. Исто сакам да си најдам Bowler hat нешо налик Watson шо носи - другарот на Шерлок. Тоа е за змиска шема. За лето иам 3-4 полукаубојски од платно. Сомбрерото не ми е практично - ходајучи сунцобран не ми се изиграва. Исто повеќе би го сврстал ова во капи ама мерак ми се оние капи/шешири кои најчесто ги носеле евреите во 20тите.
 
  • Like
Реакции: JaMi

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Lady*
Да ти кажам право ама ич не му се замарам дали некој ме оговарал или не,кога искачам на сонце си ставам шешир преку лето...ептен не го ставам доколку косата ми е во репче или во пунџа собрана...Пуст менталитет застарен :xЕптен лајк а жената што не се замра кој што рекол и дали ќе ја мислат за ненормална.Тие се ненормални што немаат друга работа освен да се подсмеваат на други :giggle :unsure