Чудните луѓе шо се викаат таксисти..

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Таксист.
Некои луѓе викаат дека треба да работиш како таксист кога веќе ептен нема каде, ко ке си дну-дна шо се вика.. Не можиш да најдиш работа а мора пари да носиш дома и шо ке прајш , такси ке возиш...
Не пријатели тоа не е таксист.. тоа е преживар ама за тоа друг пат..
Таксистот треба да е човек полн со информации и со све исвашта.. Не можи секој човек да биди таксист. Треба да за да можиш да возиш такси треба да имаш нешто вродено во тебе , некаков талент, нешто во срцето.. Мислам такси можи секој да вози ама да бидиш онаков вистински таксист треба нешто посебно..
Е сега има неколку вида на таксисти..

1 таксист - метеролог
Влегваш во такси и одма почнуваат муабети.. Абе дечко ладно е надвор? Ти си идиш во 2-3 сато ноќе , дрво пијан не ти се диши, само чекаш да си легниш тој т изборва и шо ке прајш пошо незгодно ти е му викаш ладно е онака пократок одговор не можи да биди пошо си мислиш ај ке прекини да збора..
Уф каква грешка си човече.. И ке почни па ладно е , време му е , Февруари месец... Абе и многу снег , од то е ладно.. и уште еден тон глупости..
И тебе почнува да те фаќа незгодно само викаш да така е , да во право си и итн.. А тој леле мајко никакао да прекини.... Цела временска прогноза за следната недела ке ти ја кажи.. И ти скурчува муабето и му викаш ај застани тука ..
Еден километар од кај тебе дома.. Далеку ти е ама мораш, пошо станува ептен досаден и бараш начин да го откачиш..

2 таксист - политичар
.. Иста ситуација влегваш во такси , пијан дрво.. И почнува да кажува шо прочитал во весниците...
Едно месец дена порано.. И почнува дакажува овај вака напраил, онај онака напраил, овај онолку украл , овај се тужел со онај, овај со оваа..И сето тоа пропратено со зборовите " во времето на Југославија не бееш вака" и " мамае им е*бам, пи*кали му лепа материна , да даде господ фатен да шета и куп други клетви". Колни и пцуе брате мили ко машиновозач...
Од толку клетви почнува страв да те фаќа.. си викаш да не е овај некој психопат и пак застанваш со таксито километар од твојата куќа пошо почнува страв да те фаќа...

3 таксист - опшествен работник..
Пак иста ситуација пијан, 2 часот по полноќ
И му кажуваш кај да те носи и почнува да зборва за секоја ебена дупка на патот и секој тротоар па до таму оди муабето ( каков муабет тој води монолог сам, пошо тебе не ти е до зборвање) ти кажува за пред некој ден за некој дрогиран шо го носел и такви ствари и почнува те гледам тебе млад си, те гледам дека имаш пиено нешто, ако то ама не чини деца не пиете или пак ете пиете ама немојте да се дрогирате, вчера еден шо го носев таму и таму ваков да видиш каков беше..
И пак ти пука филмо пошо почнува ептен да досадва и ти кажува како да не прајш и пак застануваш да си одиш еден километар пеш до дома... јбг

4 таксисти - фалбаџии
Еовие таксити се многу интересни..
Пример поминва некој женска покрај пат и почнува - е брат ја гледаш оваа е ова шо к***а е брат ја имам свртено 100 пати сега да му се јавам ке дојди одма.. или пак вчера една шо ја носев немаше пари да ми плати 100 денари брат не беа којзнај колку и му викам јас сега ке те носам ваму-таму ке удриме една партија и удривме брат за 100 денари. Абе лудници шо дати кажвам..
Во овие таксисти спаѓаат и оние соработниците на мафијата шо пренесваат дрога во таксито без да знаат.. ама нив ги знајте од клипчето на марјан..

то е то со такситите ептен чуден и доста интересен народ... зато ви викам не можи секој да биди таксист... Кој ви е најомилен тип на таксист и ако има некој таксист на форумот да си кажи во која група спаѓа? поздрав до следнат епизода за шоферите на градски автобуси...
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Абе дечко многу ладно времево цнцн катастрофа е.
Друг муабет да напрает поретко. :D
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
LOL кој знае колку години се немам качено во TAXI така да сум спасен.. :D
 

Emily023

Активен Член
15 февруари 2012
245
113
43
28
Hawaii,USA
ахахах секогаш за времето е муабетот,освен ако не се погоди некој да праша шо си,каков си,колкав си, кај учиш
иначее туу ама е ладно,се е замрзнато да ти ибам времето :D
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
е има и такви и кај учиш, која година , женска /дечко имаш.. кој професор ти предава... и почнува со муабетите до категорија 2. учете деца оти вака работа нема да најдите виде овај онај шо напрајле.. и почнува дати тепа некој политики... и пак одиш пешки ....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and Emily023