Чипување на луѓе

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еее! ЕЕЕ! Ова!
Никој не дискутира за вакво чипување, туку дека готово, на нив сакаат да им ја земат приватноста, дека не знам...можеби чипот ќе ги тера да гласаат за друга партија или да одат да го убијаат претседателот?
Не знам навистина што им се мота по глава. Може им фуфка дека некој некаде ќе ги чита 24/7 и ќе ги пријави дома ако го изневеруваат сопружникот? Дека зборат лошо за шефот, па ќе добијаат отказ? Дека некој ќе им чита мисли и ќе им стои на чело дека мислат/посакуваат лошо некому? Ќе се дознае колку цимет и ванилин шеќер става Соње во колачињата што се толку вкусни, па после нема да ѝ викаат другиве домаќинки „Браво ма, само кај тебе вакви испаѓаат, ццц, златна рака.“
Секој со својата мака и егото на најјако.
Не знам од каде потекнува цела таа параноја за чипување на целокупното светско становништво, како што спомена погоре сите со ГПС уреди во џеб а се усрале од наводни чипови?! Па демек нешто приватноста ова она, ок тоа ама луѓе на ФБ и Инстаграм уште што не ставиле ренген слики од внатрешни органи, некои ставаат све од кафе и појадок коа ќе се разбудат до пижами за легнување навечер :banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Electra