Чешка

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Службено име: Ceska Republika (Чешка Република)
Државно уредување: Парламентарна република
Површина: 78.866 км2
Број на жители (2002): 10.202.000
Главен град: Прага
Службен јазик: чешки
Парична единица: чешка круна

Чешката Република или скратено, но неофицијално, Чешка или многу ретко Чехија е земја без излез на море, која се наоѓа во Централна Европа. Републиката граничи со Полска на север,Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. Прага(чешки: Praha), е голема туристичка атракција, главен град на Чешка и нејзин најнаселен град. Чешка се состои од три историски региони: Бохемија (чешки: Čechy), Моравија (чешки: Morava) и Шлезија (чешки: Slezsko), ова тројство е присутно и на државниот грб. Членка е на НАТО, а од 1 мај, 2004, и на Европската Унија.
Чесите немаат постигнато консензус како да се вика официјално нивната држава - предлогот за скратување на нејзиното име во Чешка, или Чехија од страна на министерството за надворешни работи во 1993 не е прифатено од пошироката јавност, и останува нејзиното официјално име - Чешка Република.
Flag_of_the_Czech_Republic.svg
Географија и клима
Чешка е земја која се наоѓа во Централна Европа. Таа нема излез на море. Земјата граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на Југ, и Словачка на исток. Климата во Чешка е умерено континентална, со топли лета и студени зими. На повисоките места во Чешка, на планините, климата е планинска. Поголемиот дел од дождовните врнежи паѓаат во летниот период. Така, најдождовен е месецот јули, а најсувиот е февруари. Највисока температура која некогаш била измерена во Чешка е +40,2 °C, а најниската е -42,2 °C.

Еве неколку слики од главниот град на Чешката Република - ПРАГА

praga_2.jpg

Prag-totale.jpeg

kvecz0157s.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy, Marick14 and Scars

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Градот сместен во срцето на Европа. Магичната престолнина на преубави катедрали, мостови и цркви кои се огледуваат во лицето на реката Влтава повеќе...


...од еден милениум. Прага е град со богата историја и култура и се смета за еден од најубавите европски градови, посетуван од најголем број туристи во текот на годината. Историскиот дел на градот е под заштита на УНЕСКО.

Кога сте во Прага постојат неколку нешта кои задолжително мора да ги посетите:

1. Карловиот Мост – мостот кој го врзува стариот и новиот град во Прага.

praga-srceto-na-evropa-1.jpg

2. Прашкиот дворец и катедралата Св. Витус.

praga-srceto-na-evropa-2.jpg

3. Астрономскиот часовник и плоштадот во Стариот Град.

praga-srceto-na-evropa-3.jpg

4. Синагогата во Еврејскиот кварт во Новиот Град.

praga-srceto-na-evropa-4.jpg

5. Зградата која танцува во Новиот Град.

praga-srceto-na-evropa-5.jpg

6. Ѕидот на Џон Ленон.

praga-srceto-na-evropa-6.jpg

7. Крстарење по реката Влтава...

praga-srceto-na-evropa-7.jpg

Освен Прага, вреди да го посетите и познатото гратче Карлови Вари познато по огромната посетеност од некогашната европска аристократија и елита во 19тиот век во кое се наоѓаат 12 топлотни извори со вода со лековита моќ.

Вашето внимание ќе го задржат и повеќето колонади, Англиската црква, познатата Руска црква, бројните кафулиња и ресторани каде можете да уживате во преубавата природа.

Велат дека тој што се изморил од Прага – се изморил од убавина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ivan-giggs and Martin_MKD

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Мојата поголема сестра живее со зет ми во Чешка поточно во Прага еве неколку слики кои таа ги сликала
35614_1812481992226_8252020_n.jpg167141_1812480272183_7693468_n.jpg321680_2549361460082_1652825964_n.jpg379960_2549347739739_201104485_n.jpg391317_2549382020596_431868636_n.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Český Krumlov, Чешка. Сместено е на реката Влтава, а опколено е со дворци во готички стил, со ренесансни и барокни елементи. Ова селце е извонреден пример за мало средновековно место чии градби се недопрени.

magijata-na-selcata-koi-ostavaat-bez-zdiv-4.jpg

 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас бев 2004 година во Прага. Од 6 продавници кои влегов, во 4 од нив работеа македонци. Значи доста наши има на печалба таму.