Цитрон диета

Baronessa

Истакнат Член
13 февруари 2012
541
751
93
Los Angeles!
Принципи на диетата со цитрон:

  • 8 чаши (од по 250 мл.) вода дневно (неопходно).
  • Јадете додека не чувствувате полн стомак при секој оброк.
  • Морате да го внесете барем минимумот пропишан за секој оброк. Не пропуштајте да внесете било што од пропишаното со диетата- овие комбинации на храна се креирани за согорување на мастите, така што изоставувањето на било кој дел од комбинацијата ќе доведе диетата да нема ефект.
  • Цитронот (свеж или во вид на сок) е клучен дел на диетата- делува како катализатор кој го започнува процесот на согорување на мастите во телото. Немојте да ја зголемите или намалите количината на цитрон или сок пропишана со диетата.
  • Ограничете го внесот на кафе на еден филџан со оброк- кафето може да влијае врз балансот на инсулинот и да го отежни процесот на согорување на мастите.
  • Не смеете да јадете помеѓу оброците.
  • Можете да внесувате путер заедно со зеленчук како и пржена храна во путер.
  • Целосно избегнете да внесувате десерти, тестенини и леб, бел зеленчук и благ компир.
  • Внесувајте колку ќе посакате месо, салата и зеленчук.
  • Јадете додека не се заситите. Колку повеќе јадете повеќе ќе изгубите од тежината.
  • Придржувајте се кон диетата 12 дена, направете пауза 2 дена и потоа повторете одново.

Дозволено да се јаде:

  • Црвен кромид
  • Ротквици
  • Брокула
  • Краставица
  • Морков
  • Спанаќ
  • Зелка
  • Домати
  • Марула
  • Сите видови сирење
  • Хот Дог
  • Зелен зеленчук
  • Лешници

Забрането да се јаде:

  • Бел кромид
  • Компир
  • Целер
  • Грашок
  • Житарици
  • Пченка
  • Чипс од компир
  • Путер од кикирики
  • Паста
  • Чипс од пченка
  • Џем и мармелади

За да ја зачините храната можете да ги додадете следните зачини: сол, бибер, лимон, оцет, сенф, кечап, соја сос, Worchestershire сос.

Еве како изгледа едно мени за период од една недела според оваа диета:

ДЕН 1

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач (без шеќер) и ½ цитрон
2 јајца (зготвени на било кој начин) или 2 резенки сланина.

РУЧЕК
Немрсно говедско, пилешко или риба + салата од домати + кафе или чај

ВЕЧЕРА
Риба на скара + салата од домати и марула + цитрон или диња

ДЕН 2

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
2 јајца или 2 резенки сланина

РУЧЕК
Овошна салата колку што сакате + кафе

ВЕЧЕРА
Хамбургер (но без леб!) и колку сакате зеленчук приготвен на било кој начин

ДЕН 3

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
2 јајца или 2 резанки сланина

РУЧЕК
Туна салата + цитрон или диња

ВЕЧЕРА
2 немрсни свински кременадли + мешанма зелена салата + кафе

ДЕН 4

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
2 јајца или 2 резанки сланина

РУЧЕК
2 јајца + сирење + 100мл лимонада + 1 тост + кафе

ВЕЧЕРА
Пилешко ( на скара или варено без кожинки) + спанаќ + кафе

ДЕН 5

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
2 јајца или 2 резанки сланина

РУЧЕК
Посен кашкавал колку сакате + спанаќ + 1 тост

ВЕЧЕРА
Риба на жар + готвен зеленчук или зелена салата + 1 тост

ДЕН 6

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
2 јајца или 2 резанки сланина

РУЧЕК
Овошна салата (колку што ќе посакате) + 1 кафе

ВЕЧЕРА
Пилешко на скара без кожинки + салата од домати или марула + цитрон или диња + кафе

ДЕН 7

ДОРУЧЕК
Кафе или чај со вештачки засладувач и ½ цитрон
2 јајца или 2 резанки сланина

РУЧЕК
Пилешко + салата од домати и марула + цитрон или диња + кафе

ВЕЧЕРА
Немасно говедско + мешана салата + кафе
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD